Точно, се согласувам... И секој ден се прашувам што е тоа што ги привлекува 25+ годишните машки да се „плеткаат“ со средношколки... А многу ги има... Од друга страна, точно е дека љубовта не познава разлика во години но мислам дека тоа важи за позрели години, каде разликата не се забележува...
Тие за еднаш, два пати ај ќе ги сфатам до некаде... Ама има случаи кои се сериозни врски, ако воопшто можам да ги наречам така...
Јас познавам случај со еден мој школски. Тој имаше 23 години, а девојка му (од моја улица беше) беше 15 години и беа во врска, а дали била сериозна или не, не знам. Можеби за неа била сериозна, но не за него. Не знам што е фората средношколки да се мотаат со 10 години повозрасни. Некоја нова мода изгледа или сакаат да добијат на искуство за некои работи на тие несозреани години. Who knows...
па логично... не е ист муабетот со 16 годишно машко што ти е генерација, и 25 годишен што го доживуваш ко WOW и ти прави филмови кои во моментот си заслепена да препознаеш дека се филмови... на некој 25+ лесно му е да манипулира 15 годишна...
Тоа е работата, што 90% од таквите врски, малолетничките се изманипулирани на секаков начин, не само сексуално.
дека стариве ќе им се радуваат и восхитуваат на тоа дека се уште се млади и убави и ќе ги третираат како кралици веројатно...
Годините се битни ама зависи и од луѓето кои се во врска. Е сега разлика во години зависи. Ако е 16 со 26 или 26 со 36. Сум имала врска 10 години разлика, си има плус и минус ама најбитно е какви се луѓето во врската, кои им се целите во животот. Ако имат исти цели и сличен начин на живот и очекувања годините не би требало да се проблем. И најважно од се е доверба и разбирање. И да бидат двајцата на исти години ако нема разбирање, почит и доверба се е џабе.
Единствено како проблем гледам малолетни со полнолетни. Ако се и двајцата полнолетни, воопшто не е моја работа колкава им била разликата во години
До негде слично ми се има случено. Имав 14 и една другарка на братучед ми запна излези со брат тој ми се срами од женски не можел девојка да најде а срамежливиот не беше дете туку бик од 23 години и фејсбук ми даде негов и бројче и све