Абе сега интересно и е, и обрнува внимание, се однесува како господин наместо како многу момчиња кои се на 20 годишна нејзина возраст кои се недозреани итн. Ама кога она ќе има 30 години и ќе е во најубавите млади години, жена во 30 години е најпрекрасна, покрај себе ќе шета дедо за рака фатен. А да не зборам после кога она ќе има 40, а тој пензионер. Така да ако и е убаво нека тера, ама нека размисли... навистина нели има дечковци кои вистински ќе те сакаат а имаат 20сетина години? Мене ми е најнормално до кај 5 години разлика, па ај и 10 така така. Ама повеќе .... хммммм со текот на времето ќе се наоѓаат огромните разлики. Посебно се нервирам многу кога ќе прочитам дај те ми совет јас имам 16 години а тој 28/30 што да правам??? Јасно е откачи го ПЕДОФИЛОТ. Мажите што бараат 10-20 години помлади жени се искусни мажи, поминале дупло од девојката, со таа возраст или има брак или има 100тици врски кои прекинале, сакате да бидете дел од низата? Или само да му бидете убавицата која ја шета низ град и ја дарува со поклони и своите мани со неа ќе си ги прикрива? Вие ќе сакате деца, а тој ќе е дедо! Ако сакате он да е ѕверот а вие убавицата тогаш со среќа во врската. Ама се знае на прсти се бројат врските со дупла годишна разлика кои успеале!
Нема 40..... 30 и неколку ( не е битно колку точно - разликата е големка ) Но, ние таа разлика не ја ни осеќаме, како што кажав претходно двајцата сме доволно зрели за да знаеме што сакаме и во колкава мера. Еве ако ве интересираше, секс сеуште не сме имале (заедно сме 4-5 месеци ) и двајцата знаеме дека се треба да се случува во свое време, сеуште се запознаваме....никаде не брзаме....само дозволуваме да ни биде убаво еден покрајдруг, додека она што го имаме - трае ....нормално..... Далеку од тоа дека сме како убавицата и ѕверот и двајцата сме доволно симпатични за да имаме и други додворувачи. ДА!! тој е господин кој знае што сакам, знае како да се однесува, знае кога што треба да направи ( за разлика од 20 годишните момчиња кои што единствено што знаат е да се прават фраери и да се расфрлаат со парите на нивните родители. И меѓу нив има исклучоци, нормално, за моја среќа сум имала и таков кој бил еден од оние 20 годишните исклучоци, но сепак мојот господин е подобар...! ) Како што рековте можеби е само период каде што ми е интересно неговото внимание....можеби е .... незнам....ќе покаже времето....Само знам дека во моментов ни е прекрасно !!
Ако имаш 20 години, можеби за брак не размислуваш. Не знам какви планови имате. Но замисли, по некоја година ќе имате детенце, и тоа детенце ќе има постар татко, па кога ќе тргне на училиште, неговиот татко ќе биде најстар. Па дечињата ќе мислат дека му е дедо и ќе му велат: "Дојде дедо ти". Има ред ситуации кога ќе се наоѓаш во непријатна ситуација, но ако се научиш да ги игнорираш, може да успеете. Уште нешто, како се снаоѓаш во друштво на неговите врсници? Имам другар кој што е во врска со 13 години помладо девојче. На почеток многу тешко се опушти во наше друштво, но сега е ОК. Сепак гледам дека некогаш и сме досадни, зашто врти - сучи, паѓаат муабети за деца, за работа... Што се однесува до мене лично, јас преферирам до 5 години разлика.
Да одговарав пред неколку години на оваа теме ке речев дека нема шанси да бидам со некој постар од мене над 6 год.. но запознав еден тип (10год. постар од мене) што ми го промени животот. Со него научив што е љубов. Тој веќе ги беше поминал моите години и за тоа имаше толеранција за моите глупости ама јас никако не можев да пораснам и да се вклопам во неговиот живот му велев дека ние не можеме да бидеме заедно и ставив крај . Јас . Не дека немаше љубов јас го сакав а верувам дека и тој мене ама се случија некој работи и се разделивме. После неколку месеци тој се ожени. Јас уште го сакам, го сакам споменот со него, уште одам на нашите места ги слушам нашите песни и кога помислувам на него ми течат солзи. Ама било је па прошло, затоа не дозволувајте годините или било што да ви создава сомнежи ако вистински сакате борете се, ама само ако вреди.
мислам дека нема врска разликата во годините, но никогас не би оправдала врска каде може и татко да и биде. Иначе со дечкото сме разлика 5 години и скоро 4 ипол месеци и супер ни е
Па спорем мене, разликата во години има доста големо влијание... Ке ви кажам мој пример, пред 3 години бев во врска со дечко што мнооогу ми се свиѓаше... Незнаев колку точно години има, но кога ми кажа дека е 10 год постар од мене размислив убаво и ставив крај! И се покажа правилна мојата одлука, мислам типот е супер, ама тогаш имав 17 год и воопшто не бев за излегувања само по ресторани и мирни места тогаш уште сакав да лудувам, додека тој имаше женети пријатели, едноставно не е таа разлика добра(барем кога сме помлади).За мене максимум разлика 5-6 год, но и тоа зависи колку е стара девојката.Како што и предходно кажаа разликата не доаѓа многу до израз кога си над 25г, но за девојка која е уште во средно школо а машкото многу постаро е тешко.
Додека си млад големата разлика во година и не смета од неколку причини. Прво, сите ние различно созреваме некој подоцна некој порано. Второ, ако мажот е помлад од жената 10-15 год. по некоја си психологија психолозите велат дека жената е таа која сака да е доминантна а јас на шега и би додала - жената знае што сака а мажот може (секс)... Но во староста, таа разлика се приметува и смета во стил кој кого да гледа и пази. Во староста кога хормоните почнуваат да полудуваат излегуваат Х причини и проблеми... Како и да е секој си има своја причина.
Разлика сме една година... Не би сакала да коментирам за разликата во години, се зависи како и каде ќе не однесе животниот пат. Една искусна жена, бизнисменка и многу успешна во животот, ми кажа дека, разликата од 10години меѓу маж и жена е идеална, поради тоа што поголемиот дел од машката популација покасно созрева и дека врската како таква би фнкционирала идеално. Секако сметам дека има разлика да е разлика од 15 до 25 и од 25 до 35. Но секој со својата среќа, како што е и вообичаено.
Јас пак мислам обратно.Мислам дека додека си млад раликата повеќе смета т.е. повеќе се забележува.Пример девојка 16 години и дечко 25 години.Не дека е лошо,ако се сакаат ОК,ама сепак,таа сеуште оди на училиште,сеуште не видела некои работи,сака да помине повеќе,а него сите тие рабои што таа сака да ги искуси му се познати.Едноставно имаат различни интереси.А друго е кога таа ке има 25 години а тој 34,веќе и таа е жена,возрасни двајцата,тогаш се по сигурни и точно знаат што сакаат,поголема е можноста да најдат заеднички јазик.А тоа кој кого ке гледа...епа ако двајцата се возразни веројатно знаат што прават Мада сепак ке напоменам дека годините не се секогаш мерило за памет А за врските каде што жената е повозрасна од мажот несакам да коментирам бидејќи не ми се допаѓаат
Според мене годините не се битни, сега зборувам за разумна разлика во години, до кај 10 што знам. Ако се вложува доволно од двете страни може да се најде решение за секој проблем предизвикан од годините. Не може љубов, ако навистина се работи за љубов, да прекине поради разлика во години. За се ќе се најде решение. Пак ќе речам разумна разлика, а не разлика 2-3 децении.
Заклучок - сепак зависи кој кога созрева. Дечко од 25 год зошто фатил девојка од 16 год. = за секс нормално....
Разлика сме 10 години со маж ми, се запознавме јас имав 18 а тој 28 години, па ете сега сме и во брак и ништо не ни фали. Ако дозволиш ти , ќе се познава разликата во годините. П.С Боље старо да ме учи , него младо да ме мучи! И денеска си славиме годишнина од нашата прва средба
Лелееее немој така те молам мајка ми и татко ми кога се фатиле,мама имала 16 години а тато 28.Три години биле во врска и кога мајка ми имала 19 а тој 31 се земале.Да кажам-не останала бремена,од љубов стапиле во брак па фала богу успејале.ОК тогаш биле други времиња.Но еве и јас кога имав 18 години имав дечко 7 години постар од мене,па не ме ни допре.Немора да значи секогаш дека е заради секс.Јас лично сакам постари момчиња,но еве пак ке кажам,мислам дека е друго кога и девојката е повозрасна.
Хахаха добар муабет иначе ајде нека е среќна годишнината од првата средба и нека ви се множат уште многу среќни години-само убави работи да ви се случуваат