Жена да е 10 години постара од мажот, шо има лошо? Денешно време повеќето така се... не гледам ништо лошо тука. Тие можеби повеќе ќе опстанат отколку маж да е постар 10 години.
Зависи за кои години збориме на партнерите и што сакаат еден од друг. Пр дечкото во неговите рани 20ти а жената во 30ти - овде може проблем да настане во тоа што жената веќе сака сериозна врска и полека оформување на семејство, додека дечкото е се уште неиживеан и сака да се ,,забавува ,, не е баш спремен за сопруг и татко. Дечкото во неговите 30ти, жената во нејзините 40ти - овде се поставува прашањето бременост кај жената ( ако е во доцните 40ти дали ке сака да биде мајка, дали ќе може да биде мајка ) Буквално се зависи што бараат од партнерите и едниот и другиот.
Џабе го правиме муабетот. Маж ми е еден од тие што работат две работи,а богами и во мојата околина познавам еден куп луѓе со две работи.Никој од нив не отиде на Малдиви,него живеат скромно.Највеќе уживаат оние во ит секторот и оние што имаат помош од сите страни,од родители.Луѓето што се обврзаа да плаќаат кредит во наредни 30 год им посакувам Господ да им даде само здравје,зошто еден од партнерите ако се разболи и е работонеспособен ќе дојдат на питачки стап.Не би рекла ни дека нашиот народ е мрзелив него веќе се уморни да бидат газени и понижувани.Затоа и кога ќе отидат во странство брзо напредуваат,затоа што се трудат,затоа што виделе мака. И вистина е дека брзо се навикнуваат на животот таму па забораваат како е тука.На наши пријатели ќерката отиде пред 15 год во Италија.Вистина е дека тогаш беше поубаво и таму,секаде е криза.Ама кога почнаа да се жалат татко и и рече сине ако не ти чини во Италија вратете се во Штип,еве цел спрат е ваш,имате каде да дојдете.Е не сакаат.Се чудат како нашите фрижидери биле празни во споредба со нивните.Епа ќе бидат кога платите се различни а цените на храна исти. И околу тоа сите ќутат и не се бунат.Ќутат зошто знаат дека ако еден месец не платат рата за кредит ќе трпат.Дур да се префрлиш на друга работа дур легне платата отишле два месеци,тоа ти се 600 е станбен кредит за исплаќање.
Сакам да споделам нешто со вас. Отсекогаш ме привлекувале постари ама кога велам постари не мислам на 5 години разлика, секогаш разликата е барем 15, 17, 20 години. Најголемата разлика со некој што сум била е 40 години. На почетокот мислев не е нешто сериозно само онака, ама мислам дека веќе преминува граници, свесна сум за тоа. Сега излегувам со некој на моја возраст намерно барав таков.. не е лошо ама сепак не е истото, имам чувство како да не е тоа правилно. Не знам какво пореметување имам дефинитивно, кажете ми дека не сум сама.
Вауу 40 годиниииии тоа е преголема разлика...значи и дедовци те привлекуваат И јас мислам дека не е во ред толкава разлика. Појди разговарај си со психолог.
Све е океј ако еден од нив очигледно не е дете или на каков било начин не може да даде согласност своеволно. Али гадни ми се големи разлики...малце страшна ми е помислата да имам дечко што може чичко да ми биде, исто не би била со некој и година помал! Ипак preferences тоа си е мое само.
Како стареам не сакам многу голема разлика, можеби затоа што кај мажите годините ептен се познаваат . Се шалам, ама сега лично за мене не сакам постар од 6,7 години. Кога бев во 20 тите можеше до 10, ама сега јок,,, стари" се за мене тие За другите не ме засега кој што си прави, кој како е среќен така.
Според мене голема е разликата. Кога бев 18, тие од 30 ми изгледаа доста сериозни и возрасни луѓе. Зависи од личностите, ама едни работи се интересни на 18, други на 30. Не знам колку би било функционално.
Многу голема разлика, тој на 30 веќе има доста поминато и видено од животот, а на 18 си уште премногу млад и имаш доста за да искусиш од животот. Не се исти погледите и размислувањето на 30 и на 18, немаш ни заеднички поглед, ни заеднички јазик. Мислам секој со своите приоритети, ама во глобала тој што е 30 веќе сака нешто сериозно, па ако си спремна за сериозна врска, а и брак во блиска иднина, терај.
Јас прифаќам разлика од 5 до 10 години максимум, доколку се работи за некој подобар и каков што сакам може да е до 10 години разлика инаку ако нема никој не ќе сакам.