Сериозна си за ова? И самата велиш дека нема маани, имате љубов и разбирање. Немој, ќе се каеш, годините кај вас не се некоја огромна разлика. Како ти се и помислува на такво нешто, кога имате голема љубов. Јас имав и постар дечко од мене скоро 9,10 години ама размислувањето му беше тапа, како да излегол од градинка. Немој не си прави проблеми каде што ги нема. Чувај си го човекот
Само реков ке размислам.Стварно ми е преубаво многу го сакам немам никаков проблем одлично ни иде.Немам причина да лажам не познавам никој овде.Само ете лошо е психата кога ке ти забега.Не дека ако фатам постар или врсник ке ми биде поубаво или утре нема тој да ме вара свесна сум дека нема тоа врска.Само така ме спукаа некој мисли како би било понатаму што ќе биде.Значи премногу почнав да размислувам од нигде никаде..
Разликата ви е толку премала, двајцата сте возрасни, чисто од никаде да си спремна да раскинеш за нешто што воопшто не е проблем ми е толку несфатливо. Не те разбрав зошто викаш дека ако фатиш постар или врсник не значи дека нема да те вара, тоа ти е проблемот со сегашниот, ти е страв дека помлада ќе си најде? Ако некој сака да те изневери, тоа нема да зависи ни од тебе ни од твоите години.
Да тоа ми се уврте овој период во глава.Знам дека годините не се мерило за тоа ама мисливе ме убија.Се си мислам дека е голема разлика дека понатаму ке почне и физички да се приметува
Разликата е ептен "нормална", а стравот знаеш дека ти е ирационален, има мажи што изневеруваат иако партнерката им е нивна возраст или помлада, прекрасна, згодна, па пак изневеруваат, има мажи што никогаш не ја изневеруваат партнерката безразлика на гореспоменатите работи, најпросто кажано изневерувањето најчесто не е поврзано со тебе туку со тој што изневерува, тој ако сака да изневери ти можеш да си помлада, згодна, најубава пак ќе те изневери зошто едноставно некои луѓе се такви. Ако ти е сосема убаво со дечкото не си реди трн во здрава нога
Јас сум 40 тој е 33, ништо се нема сменето од на пример кога бевме јас 33 а тој 25. Ако вистински се сакате ќе се сакате и кога ќе сте по 60,70 години. И што ако почне да се заприметува дека ти ќе бидеш по возрасна од него, зарем е важен само надворешниот изглед?? Многу на далеку мислиш, остај времето да си го донесе своето, или смени мисли на позитивно.
@Mantub фала за брзиот одговор ми прати позитивна енергија Ќе ги средам мисливе и ќе продолжам како до сега нема да се оптоварувам.Лошо е вака кога психава ке си поигра.Стварно би било смешно после 4 ипол год заедно да раскинам само за тоа.До тој степен ми забегаа мисливе што мислам дека само ние сме ваков пар
Хмм, Da gustibus non est disputandum, што би рекле секој има свој вкус, т.е. за вкусовите не се расправа. Нема правило во поглед на годините. Секој со свое мислење и со свој став. Широко прифатен стереотип (барем кај нас) да мажот биде постар од жената, но ... Еве го Макрон за пример, сопругата е постара од него, но истата важи за модна дива. И одлично се слагаат. Нема апсолутно правило. Се зависи од самите партнери. Сепак во повеќето случаи годините се само бројка...
Нема што ние да мислиме. Лично за мене е премногу 11 години постар, баш имам колку тебе години. Ама ако тебе ти е убаво со него, си среќна, те сака и почитува, кои сме ние да ти кажеме дали е многу или не. Важно и двајцата сте полнолетни и зрели.
Имам блиски со толкава разлика. Во почетокот не се разликуваа многу, ама после 10 годишна врска, таа 34 тој 45 и те како се осети разлика. Таа сакаше да шета, тој не. Таа сакаше да се дотера,тој не, таа сакаше викенд со друштво,тој не.Не наоѓаат никако компромис околу тоа . Сепак различно е од човек до човек. Никој не може да ти рече НЕ, ниту пак ДА. Ти си таа што треба да одлучи
Како што кажаа и другите членки, според мене е голема разлика. Различни интереси имате, и тоа е нормално. Едни работи се интересни во 20тите, сосема други во 30тите. Моја пријателка во брак е со 10 години постар од неа, и додека беа во врска он и забрануваше да искача со друштво и беше љубоморен. Ја не би била со некој толку постар од мене.
Се зависи од човек до човек. Мојот сопруг и јас сме од прилика толку разлика јас имам 26 он следниот месец ќе прави 37. Одлично функционираме ,значи се зависи од карактерот. Па не може сите да бидат соо врсници, најбитно е да си одговарате да си се почитувате и да се сакате.
Да не те разочарам, ама сосема различни светови ке бидете. Дури и на почетокот да ти изгледа дека ке се вклопиш во неговите ставови и размилувања, после неколку години ке видиш дека уствари, се забележува таа разлика во годините. +1. истото што го имам пишано погоре.
Gi procitav site mislenja I znam deka jas treba da odlucam ama ete neznam. Nekako mi e strav, jas opsto se plasam da se privrzuvam ama nz ke vidam sto ke se sluci. Fala vi
Највеќе зависи од карактерот на човекот, години играат улога некогаш, ама како викаат ако си млад во духот годините се само бројка. Јас и мм сме 10 год разлика, се запознавме кога бев 22, а он 32 и сите ми викаа немој премногу сте разлика, али срце не пита сега за сега не се познава разлика, таков е младолик, за излегување дури и ×100 има повеќе желба од мене, за во иднина не знам како ќе биде ама сега за сега е океј.
4 години разлика не ги сметам воопшто како разлика, а верувам и многу други луѓе. Да прекинеш врска поради тоа што можеби у некој случај еднаш у живот би се приметила некоја си 2,8 процентна разлика у физички изглед по 20 години додека му менуваш пелени, па потоа заедно шетате низ град, истовремено заборавајќи каде сте тргнале, е сулудо. Разликата ја осеќаш само психички кога ќе ти текне дека сте 4(читај скоро ич) години разлика - ова го заклучив од тоа што размислуваш како ќе изгледало тоа некогаш можда могуче у некоја ситуациица, значи уствари живееш за другите не за тебе. Со тоа што сте оделе 4 години заедно претпоставувам дека ти било барем арно со него, можеби и убаво. Е сеа некогаш како ќе изгледа таа разлика, ја мислам дека ги боли стапот 99% од популацијата, да, некогаш можеби и би се заприметила таа можна(могуча, једном у сто године, а можда и не) 2,8 процентна разлика некад у неким 1% од случаите, а може и не, али исто така некогаш може и да ти падне таванот додека спиеш, а некогаш може и да го снема светов у секундата, а може и не. Јебига, боље да изгледате складно по 20 години, наместо да ти е убаво сега и овде. Ај, барем ќе си легнеш мирно да спиеш знаејќи дека сте исто годиште. Cheers! P.S Драматичниот ефект на некои делови од текстот, е само драматичен ефект и намерата е спротивно од лоша.