@krrrra Не дека мислам за другите што ке речат понатаму.Него ми се уврте во глава дека 4 год е голема разлика.Размислував за понатаму јас би имала 38 тој 34 или јас 42 тој 38 и се осекам како да сум го заробила може треба да си најде помлада
Ако единствена пречка ти беше само годините дека си постара и стварно дека мислиш дека треба да си најди помлада девојка, дали од страв или не знам шо ти е ова, а од друга страна имаш добра и зрела врска, тогаш ти си проблемот и си го ослободила. Честитки.
Ја меркам еден помал да ви кажам.Знам дека две другарки ќе ми викаат ,,леле ма од сите со помал ли најде” а веќе и добив поддршка од една.Мислам ја ако удрам мерак, и то ме заболе шо ќе речат другите.Само знам дека ќе ме нервира секојдневното заебавање и јадење трици на таа сметка Ама ќе размислам.Додуша имал врска година дена, за разлика од мене шо ни месец не сум издржала..ама сепак Многу ми е битно да не размислува како за годините шо ги има Плус интересно е со помал, влеваат живот некако.Мене до ништо не ми е веќе
@Stark Ненене далеку од тоа.4 ипол год сме заедно ниту еднаш нема спомнато за годините или да направи да се осетам лошо во врска со тоа.Значи имав преубава врска.Јас сум си самата проблем што од нигде никаде почнав да си ставам прашалници во глава и да ми се мотаат сите овие мисли што ги пишав погоре.Можеби и некој период ми е незнам ама реков еден период да не се гледаме.
Тогаш мислам дека си презадоволена од се, немаш никакви проблеми и од немање шо да прајш ти се создаваат вакви прашања и проблеми. Си се прашала ли како се чувствува тој поради сево ова? Мене лично ако е како шо викаш се океј од негова страна и вака му прајш, ред флаг е ова за мене, че си/ти поставам прашање, утре други ден шо че ти текни друго?
@Stark Истото и он ми го рече презадоволена и многу слободно време Ама што да правам несум крива психата е лоша работа
Штом си почнала да мислиш така,да се сомневаш можеби е подобро да се разделите и насамо да размислиш што понатака. Ама искрено, вие немате никаков проблем и гревота би било да ја уништиш врскава. Сепак,твоја одлука.
Извини ама јас мислам дека не се само годините проблем, туку има нешто подлабоко што тебе те мачи, можеби и ти е веќе здосадено во врската па ова ти е изговор. Или си премногу несигурна во себе, или можеби не сакаш нешто "сериозно" како брак, зошто ако не се лажам во првото мислење спомна дека сте пред брак, и таа негова желба и одлука е проблемот, а не тоа што си постара од него.
Глава сечам дека за три дена ке плачеш по него Самооо гледај да не ти ја удре клоцата тогаш па да сфатиш шо си изгубила Ако се само годините проблем ке бидеш пишман за скоро ако не се пишманиш тогаш сум сигурна дека има друга позадина сето ова
@Snowflake97 Да на чекор бевме до брак.Може и тоа ме наведе да размислувам.Многу ни беше убаво и стварно од никаде почнаа да ми се мотаат овие мисли.Како ке биде понатаму да не е многу разликата да не го заробувам.Многу го сакам и знам дека ме сака.Ама сватете ме може ми е период незнам стварно..Не ми е лесно да се борам со овие мисли..Се осеќам како само ние да сме ваков пар ма свашта ми поминува во глава
Не размислувај дека го заробуваш. Тој си одлучува самостојно дали сака или не да е во врска. Возрасен е да носи такви одлуки, не го присилуваш на сила. Не знам што би се приметувало, само 4 год сте, ти кога ќе си 42 тој 38, ти ако имаш знаци на стареење ќе има и тој, ептен сте блиску. Многу парови има кај што се постари жените еее и тоа многу повеќе од 4 год.
А ако ти со некој постар од тебе дали тоа значи дека ти би била заробена? Не знам што да кажам за ова. Не верувам дека мажите што се постари од своите партнерки некогаш помислиле дека таа е заробена. А тоа некако е супер прифатено, па дури и подобро е мажот да биде постар. Тој е возрасен човек и е одговорен за неговите одлуки во животот. Ти не го тераш со сила да биде со тебе. Така? Значи нема зошто да мислиш дека си го заробила. Може да направите пауза и да не комуницирате одреден период. Двајцата размислете што сакате, па разговарајте.
@Aztec Разговаравме и не ме сваќа сериозно за ова.Мисли дека барам изговор за да прекинеме.И тој и јас сакаме да бидеме заедно само овој ми е некој период ваљда што ми се уврте тоа во глава.Нема ништо друго освен тоа што мислам дека се опседнав со годините
И јас истото би го помислила да сум на негово место Еве мајка ми е 3 години постара од татко ми. Никогаш не сум го слушнала овој муабет од неа. Ниту се чувствува некоја разлика во зрелост ниту во изглед. Додуша мајка ми е дете во душа и на 60 години е ептен детинеста Тргни ги тие мисли и уживајте заедно.
Нормално дека на него му звучи како изговор ако навистина ви била добра врската. Можеби би ви помогнал разговор со стручно лице? Може заедно да појдете на советување.