А да не мислела случајно дека типот имал 40 години, а не разликата, па нешо лошо да се изразила? Јас се молам да е така.
Ова ме потсети на оние видеа на тик ток што излегуваат, демек 20 годишна со некој sugar daddy па овој и купува се и свашта, а оваа пак се фали. Смешки.
Пред некој ден видов пар во Битола со 30 годишна разлика. Не пробуваа ниту да се кријат дека се заедно. Некако беше...чудно, невообичаено... Но, океј, секој возрасен си одлучува сам за својот живот и партнер.
Совет. Со потенцијалниот партнер сме 11 години разлика. За и против? Јас сум постариот. Некако над 10 години ми се гледа како голема разлика. Збунет сум.
Со оглед на тоа што ти имаш 33 години а таа 21, многу е, не знам што би барал со толку помала. И ти самиот гледаш дека не чини, затоа прашуваш во различни теми истото прашање.
За да функционира еден пар, партнерите треба да имаат исти/слични интереси и цели. И со 1-2-3+ год. разлика, ако двајцата кои се во врска не гледаат око-до-око на работите, ќе се почуствува некомпатибилност. Годините се бројка.