Мислам дека се е до карактерот на човекот. Со првиот маж бевме 11 год разлика ама тој се понашаше како 18 . Со вториот сега сме 17 год разлика и супер си парираме, ниеднаш се немаме скарано. Зрел маж. Е ако и овој ме изнервира третиот ќе биди над 20 г разлика
И јас се сложувам со @WildMk не значи дека ако е помлад дека не е созреан. Башка тој што е шупелка од лулка до дупка ќе биде таков, па имал 20 или 100 години тоа си останува...
Ако е љубовта силна,годините не играат некоја улога,иако мислам дека со тек на време ќе се осети тој раздор,сепак не се малку на пример 20 год разлика.Ако девојката е 20 а тој 40 може ќе биде ок некое време ама кога она ќе има 35 а он 55 нема да биде исто.За мене до 15 години е прифатливо,не би била со човек постар од мене повеќе од 15 год.
Извини што сега ти одговарам. Дури сега видов. Целото ова што го напиша ми звучи на геронтофилија... Мислам дека тоа се лекува кај психолог.
Најбитно е дали ви оди муабетот. 11 години и не е некоја разлика... поготово ако си ти како машко повозрасниот. Не е строго правило, но повеќето мажи подоцна созреваат па нормално е дека повеќе ќе им одговара помлада... е сега има исклучоци, особено ако се гледаш себе си како иден владетел на Франција, треба да си најдеш постара.
@DrMTR Искрено огромна разлика е 11 год, овој тип на привлечност е фетиш и уопште не ми е разумно да бидам во сериозна врска со тип кој што е постар 11 год едноставно има разлика во размислувањето итн. итн.
Не се само годините пречка изгледа. Не и текнува да се јави или да пише, а глуми зафатена. Инстант турн офф барем за мене.
За мене 10-15 години разлика не значат ништо, јa би била и со 20+ години постар ако е згоден и привлечен, ама не е животот Холивуд или слично, знаеме просечен човек кога ќе навлезе во извесни години како изгледа и размислува, така што, сепак испаѓа дека не би била во најголемиот дел случаи.
Здраво, што мислите за разлика од 5 години, ако девојчето е 17 години, а момчето 22? Дали е океј според вас?