Зависи, за кратка авантура не би ми сметало ако е драстична разлика, но за брак и те како треба да се размисли подобро.
Партнер не се бира така...Ако јас барам партнер за живот според мои замислени години,работа,вера,нација не знам што зарем ќе има љубов?Љубовта нели доаѓа спонтано и неочекувано.
Ако ова е за тебе мислам дека е практично да кажеш колку години имаш затоа што сум те читала и не, не е океј 6 години разлика, во никој случај.
Во никој случај? Сериозно мислиш дека 6 години се толкава разлика за во никој случај? Или нешто сум пропуштила (годините на членката)?
Во септември ќе почнува средно. П.С. Никој случај мислев, во никој случај во нејзиниот случај, без разлика на приказната, колку е добар и сл.
Изгледа е малолетна членката Ако е малолетна и јас велам да не почнува врска со некој 5-6 години постар од неа.
Тоа е веќе друго. Ме врати назад во времето, девојчиња од мојава генерација кога бевме на тие години, ептен филм им беше на некои да одат со постари... Ниту една врска од нив не опстана.
Мислев дали е нормална разлика и да сме полнолетни и двајцата. Законот дозволува сите над 14 години да се во врска и со пензионери ако сакаат. Но доколку се случи да имаат односи, полнолетното лице ќе оди во затвор. Ако се бакнуваат полнолетно и малолетно лице, не е противзаконски. Противзаконски е полнолетен со малолетничка да има односи. Исто така, знам парови кои што се многу години разлика, каде што се фатиле кога едниот бил полнолетен, а женското малолетно. Така што, ако не е голема разлика, супер.
Во поразвиените држави е баш кривично дело доколку малолетно и полнолетно лице се во врска. Овде во Македонија баш и не се обрнува внимание на тоа според мене.
Стварно средно? Никогаш не би кажала по мислењата Инаку на таа возраст не е добро, би гледал само да те искористи и да манипулира со тебе Ми тека сега дека и јас имав еден, "врска на далечина" исто мислам дека бевме 6 години разлика, дечкото беше сосема нормален ама јас пораснав и ми здосади, останавме во контакт и сега има бебче, скокав од радост како мое да е, во добри односи сум и со жена му, едвај чекам да го видам малото
Исто е и таму. Не читав јас за законите на македонска веб страна, туку на англиски. И не ме ни интересира како е во поразвиените земји. Ово је Балкан. Ете гледате дека не е за верување дека средно ќе одам. Еве уште еден доказ дека годините не се доказ за тоа кој-колку е зрел. Некои од 20 години што ги познавам се лигуши невидени и непријатно ми е да разговарам со нив ради тоа што се чувствувам како со петгодишно дете да разговарам. Разговарам и со мали деца, но нормално ми е тие така да се однесуваат, но дваесетгодишни такво однесување да имаат ми е крајно cringe. Порано доколку некој од 20-25 години одел со некои од 14-18 ќе го зафркаваа како оди со клинки, а денес "педофилија" било тоа... Дека било "педофилија" од форумов прочитав, инаку во живо такво нешто не сум чула. Педофил е тој што ги силува децата. Не е педофил тој што е во врска со тинејџерки. Е сега, и мене не ми е нормално некој од 25 нагоре да биде во врска со пубертетлијки и таквите врски веќе има смисла да се наречат заведување на малолетнички.
Разликата во години е непожелна кога едниот партнер е малолетен а другиот многу повозрасен. И разликата во години е позабележлива кога едниот партнер заради помалата возраст уште не искусил никакви релевантни животни искуства, не е вработен и финансиски е зависен, а другиов партнер е многу повозрасен и минал низ сите тие животни искуства. Исто е позабележлива и кога и двајцата партнери се повозрасни ама едниот предничи во годинска разлика и во кариерна реализираност, независен е, а другиов партнер и покрај што е веќе во зрели години да има професионални искуства и свои финансии сепак нема па очигледно е што ги држи заедно, покрај љубовта нели Кога пишувам позабележлива, се однесува на позабележлива во негативен контекст, ама дека кај нас најмногу боде очи онаа врска малолетник со постар партнер само таа се осудува, за другиве некако се замижува со изговор полнолетни се и двете страни и тоа си е нивна работа. Ако си ти 14 како што пишаа членкиве погоре, а тој +6 год. од тебе како што наведов таа разлика е непожелна на тие твои години.
Немам 14. 16 години ќе полнам за 4 месеци. И кога ќе полнам 16 можам и лична карта да извадам што значи можам да сум и законски полнолетна. Ова мислење не го видов: Еве ова ми беше мило што го прочитав. И јас никогаш со постар од мене над 3 години немам се замислено никогаш, но ете не можеме да знаеме кој ни бил суден. Никогаш не сум се замислила ни со него, но ете како дојде до тоа што дојде... Како што кажа, дојде спонтано и неочекувано. Судбина.
Скроз те поддржувам, свесна си и самата што правиш, воопшто нека не те интересираат туѓи мислења и гледај тебе што ти е убаво и те прави среќна се надевам нема да погрешиш
Нема ми дадено комплимент за зрелоста. И не се секирај, мене никој не може да ме излаже бидејќи изгорена сум еднаш, а откога еднаш ќе се изгориш, и на матеница дуваш потоа. За такви работи како школски работи, не би му дала. Иако знам дека не би ме одбил. Друго што те интересира? Само паметно да е.
Ме интересира, да. Што тоа теми и заеднички интереси има со девојче што едвај средно почнало, што не може да го најде кај некоја врсничка?