@tel-ef Јас лично не сум и немам ништо против 6 години разлика во врска, но, зависи во која фаза од животот. На пример 22 и 28 е супер. Во твојот случај сум против. 15 години со 22, no no. Зошто? Ти имаш 15, а тој 22. Ти допрва ќе почнеш средно, а тој веќе е на фалултет, или работи. Во различни фази во животот сте кои немаат 1 допирна точка. Сега на мои скоро 24 години размислувам многу подруго од пред 8 години. На 15 имав само симптии дечко не, но тоа беше друго време. Зборот ми е дека дечкото на 22 години може да излегува кога сака и до колку сака. На врската гледа поинаку, ќе очекува дејтови, секс, шетање, одмори, излегувања и такви - посериозни работи. Колку си ти спремна за сето тоа? Не сакам да навредам никого, но зошто ако веќе си фаќате дечко уште на 15 не гледате да биде некој на ваша возраст или 1/2 години постар? Не ми е баш сфатливо, можеби јас сум заостаната. Но во секои случај не - бидејќи имате различни размислувања, различни цели и различно гледате на врска. Уживај во средното, овие 4 години ќе запознаеш многу нови луѓе. Сигурна сум дека ќе ти се свиѓа некој на твоја возраст.
Не знам. Можеби тоа што сум хумана, не ги делам луѓето според вера, нација, пари, боја на кожа, атрактивност... Можеби тоа не го видел во друга. Доволно беше дискусијата. Тука прекратувам.
Јас на 17 год имав партнер постар 5 години. Не одеше. Траеше долго ама џабе потрошено време ми беше. Најубавите тинејџерски години сум ги потрошила на него. Едноставно се сеќава разликата во години.
Се понуди самата на повеќе прашања и одеднаш не ти се допаѓа што прашувам повеќе? Ете, само ќе се запрашам каде отишле тие хумани девојки, што не делат по вери и нации на 22 години, па не можел да ги најде? Ваљда до 22 ќе си хумана, после тоа толку.
Јас на 21 година имав дечко 7 години постар од мене,па еве 10 години подоцна ми е сопруг и имаме едно дете.Завршив факултет се вработив после 7 години стапивме во брак,а од 25 живеев со него.
Проблемот е во тоа што ти може се чуствуваш за зрела, ама не си. Можеби имаш зрели размислувања, но не и зрели постапки. Ќе видиш дека како што поминуваат тинејџерските години, дека за секоја измината година ќе гледаш на работите што си ги направила како глупост и нешто што не би го повторила пак. Јас на 19 имав situationship со огромна разлика во годините, сега на 22 и три години разлика многу ми се гледаат, посебно ако е помала личноста од мене.
+ како минуваат годините може да се кае за некои работи што НЕ ги направила. На приемер замисли да не одам на екскурзија бидејќи сум со дечко 6 години постар од мене и него тоа му е глупаво, смешно или не ми дозволува. Малку ми е чудно сето ова.
@tel-ef Мислам дека не ја сфаќаш сериозноста на твојата ситуација. Само затоа што убаво се изразуваш на форум и некој добил погрешен впечаток, не значи дека си пРеЗрЕлА за твоите години. Искрено, не си. Те имам читано, затоа се сетив колку си мала. Јас можам во секоја реченица да ти го приметам детското, бајаги. Дај стави си прст на глава и размисли што бара некој на факултетска возраст со ДЕТЕ кое не е ни во средно. Одвратна е самата помисла. Во другата тема пишуваш дека мајка ти те тера да запишеш едно средно, тука зборуваш за врска со некој 20+ години... cmon. Замисли некој 21 годишен да каже, еј девојка ми само што зеде свидетелство од 9то одделение. Апсурдно. Јас навистина и сум малце загрижена, тој не изгледа дека е во ред со главата. Очигледно ти пријат комплименти дека си зрела и самото тоа што некој постар е интересиран за тебе те прави да се осеќаш возбудено, возрасно. Ама нема убаво да ти влијае на психата. Очигледно нема да не послушаш нас. Се надевам има возрасни во твојот живот што ќе те заштитат.
Епа супер, штом е законски нека се оженат и омажат стари вдовци и вдовици со деца од 15 години. Може? Туку јас одамна некако мислам дека членкава е трол.
Јас сметам дека не е нормално, индивидуа од 20+ години, да сака да има нешто со девојче кое не е ни средно почнато. Не ми е сфатливо што може да го привлече физички и психички кај дете, језиво ми е дури. Нема шо тука зрелост, едноставно не е во ред.
Вие можете до утре да ми зборувате и да ми лепите етикети и на мене и за него. Нема проблем во главата тој, проблеми имаат тие што што се мешаат во туѓи животи како што сте вие. Нема што да се грижите дали сериозно си ја сфаќам ситуацијата, или не. Сериозно ја сфаќам секоја работа во животот, макар и ситница било. Боже мој колку туѓо гајле берете... Па не се грижете бе, не сум само јас така. Има еден куп девојчиња колку мене што оделе со постари. Не знам како е можно до толку да ви се важни годините, а карактерот да не е важен. И мене ми е глупо помали од 14 години да се во врска. И да, знам пример каде девојче се омажи на 17 години со некој што се 4-5 години разлика, и што? Сега имаат 5 внуци, здрави и живи да им се. И пресреќна сум што знам за вакви примери коишто се наоѓале во моја ситуација и нивното love story заврши со брак. Како се фаќате за ситници, абе човек крајот не може да ви го најде бе. Како да реков дека само до 22 години луѓето биле хумани и добри само... Испревртувате ама ај. Зошто упорно сакате да им го исперете мозокот на луѓето дека не е нормално пубертетлии со некои од 18-24 да се во врска? Дали е нормално или не, сами ќе си одлучат заљубените. Ваше е да кажете само дали е нормална разликата доколку бидете прашани. Прашав само дали шестгодишна разлика е нормална безразлика дали е таа разлика меѓу 15годишна и 21годишен, 18годишна и 24 годишен, 25годишна и 31годишен итн., бидејќи гледав поназад повеќе мислења има дека нормална разлика била само до 5 г. Ако јас се лигавам, изигрувам лудило, ако се занесувам нормално дека ќе ме откачи. Бидејќи тоа е незрело однесување. Сигурно со такви нема некој времето да си го губи. И 30 години да имаш, годините не те парават возрасен. Физички си возрасен, но психички доколку не си, срамота е. Ете има деца коишто не знаат што е тоа детство. Физички се деца, но психички се доста возрасни. Има полнолетни што не знаат ништо друго освен компјутер или телефон в рака и цел ден да го поминат во кревет. Физички се возрасни, но психички се ембриони. *И чекај, ти не си benzema што ме замараше во лп? Се сеќаваш дека сакаше женска да ти бидам и кога ти реков светлосни години сме разлика (а ти кажав дека сум малолетна), ми рече годините се само бројка? @RainBow ај види дали е истиот. Не се чувствувам јас никако. И нема што да кажувам јас за себе дали сум зрела или не. Другите нека проценат. Сите сме различни. Тебе 3 години многу разлика ти се гледаат, мене многу разлика ми се гледаат над 10 години. Трет ќе каже дека не би сакал некој што не се исто годиште. Значи, секој со своето. Доколку не ми дозволува работи кои ме прават среќна-патот му е слободен. Види, свесна сум дека е поголем и нормално е да сака нешто повеќе од мене. Но, не значи дека би направила работи што не сакам. Доколку на сила ми го направи тоа, знам дека ќе биде доцна, но нормално дека ќе го пријавам. Доколку ме сака навистина, ќе ме чека. Ако не, не мора. Некој ќе тресне сега: а шТо ќЕ Ти Е вРскА акО нЕмАте тОа Епа драги мои, љубов не е само скокањето во кревет. Ако ме сака само за тоа, чао. Барав совет како да постапам во врска со тој семеен проблем, што има тука лошо и каква врска има тоа со ова? Нема што да го кажува тоа, исто како што нема што да кажува: еј, девојка ми извади лична карта. И можеби не сум отишла средно пошто сум понављала, можеби 4 пати IX учев? (пример беше, не понављав) Сега и која школска возраст си било важно... 1.Мене ми прија секој комплимент, исто како што секој сака да биде пофален, да добие комплимент. Сепак, си стојам на тоа дека туѓите зборови не се доказ за тоа кој-што е, туку делата. 2.Тоа што некој ме сака, не ме прави да се чувствувам возвишено, туку сакано. Тоа што го пиша е исто како да се чувствувам многу посебно кога женет ќе ми се пушта, да си помислам дека сум којзнае колку посебна што покрај жена и мене ми ласка. Благодарам за комплиментот Срцка. Тоа е точно. Но родители како родители, тие на оваа возраст ни со мое годиште не би ми дозволиле да сум во врска и тука не можам ништо да направам. Моја роднина од 14 години се фатиле со нејзиниот сопруг (кој е една година поголем од неа) и долго време криела од своите родители, и тие кога откриле, не им дале да се заедно, но љубовта победи. За сите машки кои имаат 20+ години, а се во врска со тинејџерки, да знаете дека не е лошо тоа, сѐ додека не барате нешто повеќе од вашата девојка. И бидете внимателни кои девојки ги бирате, бидејќи ризик е со малолетничка да си, може да те наклевети дека си ѝ барал повеќе. Но не се сите исти. Доколку не се чувствувате сигурно, доколку гледате дека не е зрела вашата девојка и немате доверба во неа 100 проценти, размислете многу добро дали со такви да бидете во врска. И да повторам: законот дозволува девојките од 14 нагоре да се во врска со колку и поголеми да сакаат, но во врската да не се случи полов однос бидејќи за тоа се оди во затвор. Сето ова го напишав за да прочитаат момчињата што читаат овде, а имаат таква проблематика. Не да се објаснувам со вас.
@tel-ef ти праша што мислите за разлика од 6 години меѓу партнерите и доби одговори. Тоа што тебе не те бендисаа повеќето не е наш проблем. Сакаше да добиеш амин од тука или како? 6 години и не е некоја разлика ако и двајцата се полнолетни.... Дури ни 10 не се многу ако се 30 и 40 годишни... ама 16 и 22 ми е језивко... Тебе ако ти е убаво терај си, ние ќе си коментираме тоа што мислиме дека е исправно.Секој си одлучува за себе на крај..
Може секој да си прави што сака кога е возрасна индивидуа. Ти си дете и некој треба да те заштити или во наш случај да ти даде добронамерен совет затоа што не сме ти родители. Не трачариме за тебе туку гледаме дека ситуацијата не е во ред. Не зборам дека ќе те искористи за секс, ментално не си одговарате. Он не е добра особа ако е спремен да прави било што романтично со девојче од 15 години. Значи, вриштиш од незрелост, не знам како да ти кажам. Таа бунтовност во тебе, па тоа што побара совет и на крај испадна дека знаеш повеќе од сите нас заедно, тоа што гледаш во законите... И нема шанси некој од 21 година да не го приметува тоа. Бегај што подалеку. Иначе да, мажи што идат со рани средношколки се предатори. Мораш да сфатиш колку е апсурдно што ти мислиш дека си во право од сите нас кои веќе ја имаме перспективата на дваесетгодишни. Знаеш кој размислува така? Деца. Те молам откачи го типот. П.С. Не само што сите ние не сме во право, туку твоите родители исто така немале да ти дозволат пошто се рОдИтЕлИ. Да погодам, никој не те разбира, само дечко ти педофилот го разбира твојот зрел и комплициран ум и комплексен карактер.
@tel-ef ти искрено мислиш дека 22 годишен нема да сака полов однос во врската? Верувај дека некој на 22 тешко да не го побара тоа од тебе, ако е само за излегување подобро бидете пријатели. И зошто уште сега мислиш на брак и внуци? На 15 години како може за тоа да си го замараш мозокот? Зошто не уживаш во младоста и средното... уште сега маж деца внуци. Ова да му го кажиш на некој што го свиѓаш за 2 секунди ќе те остави. Многу е напден муабетот, уште си млада за таков муабет. Освен сега ако ептен сакаш да се омажиш до 17 години тогаш ќе си најдиш некој што сака да се жени. Никако не е во ред човек од 22 години да биде со дете од 15 години. Ти си уште дете, и тоа е реалноста. Не знам зошто брзаш да порасниш и да се омажиш, уживај во детството и младоста. Никој 22 годишен нема да биде во платонска врска со тебе 3 години додека не наполниш 18 за да имате секс. Знам дека сигурно ти се свиѓа и затоа си изреволтирана од коментарите овде. Но, подобро да прекинеш контакт или да останете пријатели. Ова за твое добро, а не дека некој овде ти љубомори.
Девојче, ако не си трол, излези од филмот и нека ти стане јасно дека возрасни мажи што идат со девојчиња се педофили и грумери. Да, дете си и нема што возрасен маж да прави со тебе. Не си ни блиску толку зрела колку што мислиш дека си, пишуваш глупости дека пензионери можеле да бидат во врска со деца и не приметуваш злоупотреби. Секој што е постар неколку години од тебе не ти се пушта зашто се заљубил во тебе а ти си посебна, туку си нашол дете за манипулирање. И не се теши со фрази ко "секој случај е различен" зашто не, нема простор за глупави релативизирања на темава. "Годините не се битни" важи за возрасни луѓе, не за деца што до вчера учеле множење.