Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Уште нешто да додадам, ова е типичен пример колку лесно може да се манипулираат млади девојки и зошто им е лесно на постари мажи кои се нејќени од врснички, да убедат тинејџерки колку се они добри и нежни и полни со љубов.

    Не само што е изманипулирана за себе, уште чувствува потреба да ги брани.

    Мене ми е жал, баш онака ми е жал што не можам ништо повеќе да направам преку форум. Пошто не е она крива, сакам да ги запалам предаторските гомна.
     
    На Noemi, Glowy, S.W.A.G и 10 други им се допаѓа ова.
  2. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Не сакав да добијам амин, и не ми ни треба тоа од овде.
    Прашав само дали е нормална таа разлика општо, но Срцката се фати за моите години и така сега реферати се пишуваат. А можеше само кратко и јасно да каже: да/не. И толку.
    Да ви кажам најискрено, 95% тоа го пишав овде за да прочитаат сите што се наоѓаат во мојата ситуација, 5% за да побарам совет. :nod:
    Не, ти вриштиш од сето тоа што го наброја. Немаше да ме изнервирате до толку ако само кажавте дали е голема таа разлика или не. Не да го мешате тоа малолетен полнолетен бла бла.
    И пази, овде има многу девојчиња што мали се фатиле со нивните поголеми дечковци со коишто се уште во врска, можеби и брак и ќе се навредат.
    Не реков дека за брак и внуци размислувам. Дадов пример од жена која била на мое место и ништо лошо не се случило.
    Ооп, грешка уште во првата претпоставка. Има возрасни кои ги имам прашано дали ако сум со некој толку поголем е лошо (кога уште не го имав видено него), ми рекоа дека не е лошо.
    Како смееш да го наречеш него педофил? Ме силуваше тој?
    Ако веќе толку ти е убаво да вреѓаш, кажи како не му е глупо со клинки да оди. Тоа повеќе има смисла отколку него да го вреѓаш.
    А ако има некој комплициран и искомплексиран, тоа си ТИ. :D

    Океј, во право сте еве, ако ви значи.
    Ај сега оставете ме на раат.
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Да, ене ги пишуваат во темата за непланирана бременост, како намерно се затруднети за да се земат. :)

    Јас не сакам да те навредам тебе. Очигледно дека со такво размислување и на таа возраст нема шанси да разбереш што ти збориме и тоа е нормално. Нека ми дојде дечко ти па са види он вреѓање. Педофилче тешко. Он е крив.
     
    На Noemi, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    1.386
    А демек на 22години веќе е зрел :^)
    На 22 години лета паметот,хормомите корнат до плафон.
    Еве брачетми е 22години чупето 18 сега наполни. 3 години се во врска,тој работи таја си учи па си терат без проблеми.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    @tel-ef а родителите ги праша ли за ова? Побара од нив мислење за разлика од 6 години? Што викаат тие?
     
    На cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Под 14 е лошо, фуј, со деца да идат. На 15 веќе сите животни мудрости ги имаат собрано, тоа е една зрелост на завидно ниво, што ние на форум не ја сфаќаме. :D
     
    На Ajronmen, smooch, TheTruth* и 8 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @tel-ef не знам зошто и се лутиш на @Srckata28 и @Bezimenka90 кога таа и членките овде добро ти мислат.
    Јас нема да те осудам но и нема да те подржам, ти секако ја имаш изберено одлуката, ќе ти посакам само среќа и успех на тоа поле.

    Јас ќе си кажам свое мислење на темата што не мора да го прифатиш, затоа што сепак се надевам дека знаеш што правиш.

    Не ми се допаѓа врска меѓу малолетен и полнолетна личност од таа голема разлика, остави го законот на страна, тоа не е во ред.
    Сега можеби таа разлика не се чувствува, но во иднина и тоа како би се чувствувала таа разлика.
    Често велам дека годините мене не ми играт улога но не во овој случај.
    Не знаеме каков е карактерот на партнерот, не знаеме како размислува и какво љубовно минато има.

    Пред неколку години, другарка направи слична грешка, не беше полнолетна, таа имаше едвај 15 години, тој речиси 22.
    Не знам што ѓавол ја натера да започне врска со постар, ама заврши многу лошо.
    Секој втор ден кавги, раскинувања, забрани од негова страна, скандали и правеше, манипулации, она мислеше се што лета се јаде, се караше со другите за него, едноставно беше заслепена, почна да има и модринки по телото.
    Еднаш ја седнавме јас и заедничка другарка, ја освестивме некако по 3 години, типов ја следеше секаде ама некако успеа да се отараси од него.
    Имаа и секс у текот на тие години, немој да мислиш ќе те чека? Како го доби сексот, ваљда со манипулации.
    Или ќе те условува или ќе си бара настрана, дали си ти спремна за тоа?

    Ти веќе имаш одлучено, тоа е твое право.
    Можеби дечково е на место а ние грешиме овде, дај боже да грешиме, но секако сме поискусни за да ти посочиме што е а што не е во ред, немој да се лутиш и немој да избрзаш, запознај го подобро, ако е навистина океј зошто да не?
    Само да знаеш, еден погрешен потег скапо чини, ова ко на сестра и зборувам, натака е твое.
     
    На Glowy, Kasiopaja221, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Па и вие велите, до 18 години нема никој зрел, после 18 сите животни мудрости доаѓаат преку ноќ. ; P
     
  9. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    11.944
    Пол:
    Женски
    Абе деца, идете фатете врсници и уживајте во тинејџерството. 22 годишен човек има некои потреби во врската што вие како деца не можете да ги исполните.
     
    На Noemi, Ajronmen, TheTruth* и 8 други им се допаѓа ова.
  10. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ова пробав да и го кажам. На 22 години нема шанси некој да чека 3 години само за рака во парк да се шетаат за Законот да дозволи да ја еби. Колку и да звуче грубо уште после една недела ќе проба да има секс.
     
    На Ajronmen, cresa-jagoda, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Благодарам Бисајкл за добронамерните совети коишто не содржат осуди. Да знаеш дека многу ми значат. :hug:
    Еве @bicycle може да ви биде карактер за пример. :)
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Не знам тоа јас. Ти си доволно зрела и мудра за да сфатиш дали 15 со 21 е исто што и 25 со 31.
    Првиот на колегите од факултет ќе раскажува дека девојка му лани имаше полуматура. Вториот на колегите од работа ќе каже дека лани девојка му исто така си нашла работа.

    А зошто да не се пофали пред друштво дека лани полуматурантка беше? Да не му е срам случајно?
     
    На Noemi, Ajronmen, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не е така. Јас сум и против врски меѓу 18-19 годишна и 28 годишен, на пример. Има исклучоци, ама исто ми е чудно зошто некој околу 30 години сака да се вртка со некој што тек излегол од училишни клупи. СЕПАК, твоето е полошо.

    Мора да се земе предвид и колку точно години има секој поединец затоа што многу знае да има ефект врз динамиката во врската. 6 години разлика е боза, воопшто не е многу. Ама не кога имаш 15/16 години. И не само годините, туку уште немаш ни почнато средно. Језива ми е помислата што тек си излегла од основно и некој на 21/22 години те посакува. Као, што има да збори со тебе? Каква перспектива можеш да му понудиш? У што ебано е заљубен?

    И сериозно кажи ми, дали навистина сметаш дека повеќе знаеш од сите тука што сме и плус од твоите родители?
     
    На Priroden, Noemi, Glowy и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.844
    Ама затоа на 22 е веќе зрел возрасен човек, кој грумира:rofl:
    Мозокот се развива до 25. Се под таа возраст е, сори нот сори- све што лета, све се јаде;)

    На 16 сум била втора средно. Веројатно сум имала 22 годишен ,,дечко,,. Сме излегувале колку што ме пуштале моите, ниту ме напнувал ниту ме убедил нешто, јер ментално исто сме биле-зелена бригада. Е со таа разлика што:!: јас не мечтаев дека тој ми е судбината , и дека ќе бидеме форевер тугедр и слични срцокршачки феномени. Било момче кое ми се допаѓало, по некое време ни се разишле патиштата.Скроз досадна приказна
     
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Само затоа што се пронајде, не ги менува фактите. Далеку е од зрел на 22 години, ама е позрел од 16.

    Сакаш да кажеш дека од раѓање до 25 се иста зрелост? Секако дека не, созреваат во етапи. А на 16 и 22 години се различни етапите.
     
    На Noemi, Glowy, baby-star и 11 други им се допаѓа ова.
  16. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    11.944
    Пол:
    Женски
    Тоа е целата поента на муабетот.
    Да не се лажеме, веќе ни тинејџери не се држат само за рака, не па 22 годишни. Друго е кога се тоа се случува со партнер кој е врсник, сепак имате слични интереси и размислувања.
     
    На astrophile, cresa-jagoda, Mr. Scratch и 2 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Не, годините не се мерка за зрелост.
    Какви познајници имам што имаат 39 години и 29 еве рецимо.
    Првиот паметот му е во секс секс пари девојки што трчаат по пари и се прејаки да го цитирам пички, мисли дека идната му жена треба да го служи неговото семејство, не знае да си приготви храна пошо чека од мамичка, а вториов е со оформена фамилија неколку години веќе, не е јади и лежи и сл.

    Се е до мозокот, се е до воспитувањето, колку има желба да се надоградува низ годините.

    За секс можеби човекот ќе ја чека, ама не му давам повеќе од месец два, и то е многу а сексот е потреба а дали тој ќе чека и колку. ..
    Важно е @tel-ef да изигра паметно и да не потклекнува на манипулации а во тие години уште и телото и се формира, поточно да не брза.

    У секој случај, ова се претпоставки, не го знаеме дечково што е и каков е, но да, многу години се.
     
    Последна измена: 1 август 2022
    На mesecar, cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    11.944
    Пол:
    Женски
    Што сакате кажете, ама возрасна личност од 22+ години што се впушта во врска и во односи со дете според мене не е нормална и здрава личност.
    Точно дека на 20 па и 30 години се млади години, ама за врска со дете не се.
     
    На TheTruth*, cresa-jagoda, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.844
    Сакам да кажам дека не секој е грумер, силувач, педофил. Или исто грумерски потенцијал има некој 16 годишен шо дејта 14 годишна, колку и 21 годишен со 16 годишна. И не се сите мажи грумери, и не е тоа овде проблем. Поголем проблем е шо некоја на 16 мисли дека си ја нашла судбинската љубов, форевер тугедр, ама тоа не е модерно да го збориме.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кој е тој закон што вели дека на 14 години можат да одат со пензионери?
    Како што знам има закон што опфаќа заведување на малолетник што не наполнил 16 години.

    Немам ништо против одење со постари, сум имала врска со постар, но :!:
    Полнолетна бев, работев, иселена бев од дома и најбитно од се, воопшто немав потреба да прашам некого што мисли за нашата разлика во години.
    Штом прашуваш за мислење, можеби не се осеќаш најудобно да излегуваш со постар.
    Разликата не е воопшто необична, многу парови се со 6 години разлика, но не на 15 години.
    Тој може да завршува факултет, ти завршуваш полуматура.
    Тој ќе сака секс, ти на 15 години ќе се тераш да имаш сосила за секс за да не ви пропадне врската.
    Од 15 до 18 многу е поголема разликата во развој одколку од 25 до 28.
    Не велам воопшто дека дечкото е злобен и сака нешто да ти направи, впрочем многу почнуваат со врски и мувања во прва средно, и тоа било од стално така, ама во главно со врсници.
     
    На Glowy, Kasiopaja221, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.