Ме интересира дали според вас е голема разликата меѓу машко 27 години и женско 20 Дали тие 7 години разлика ке влијаат негативно или позативно доколку се во врска?? Поздрав
Па искрено според мене не е мн. голема,20 години веќе си зрела и разликата не се приметува,да имаш ти 15 тој 22 би била голема затоа што тогаш сте во различен период но сега не.И јас сум со мојот дечко не 7 ама скоро 6 години разлика и супер ми е.Мислам според мене дека се додека разликата не е дупла,да речам разлика како да сте татко и ќерка е ок,се со мерка нели?
кога имав 17 год го запознав мојот сегашен дечко тогаш тој имаше 23 и велев многу е постар, но кога јас имав 20 тој 26 таман ми беше и сега ми е дечко
Tака е Јас кога го запознав мојот тој имаше 19,а јас 13 меѓутоа не го гледав како дечко кој ми се свиѓа беше голем за мене хехе,ама сега тој има 27 јас 21 и супер е никаква разлика не се приметува,заедно сме веке година и нешто супер е,годините воопшто не се проблем напротив,убава разлика.Мислам до кај 7-8 години е ок
Кој вели дека не е важна разликата во години страшно се лаже. Не оди 15 со 22, ама 22 со 29 оди. Аха, и не оди 20 со 40 да се разбереме. За се треба да се има граница, според мене до 10 години да се има разлика, додуша и тоа е многу али ајде.
не се битни годините во љубовта важно е да имате разбирање и мн љубов ... дечко ми од мене 7 год постар и ми дава мн добри совети а дечкото на другарка ми е постар 10 год од нејзе и супер им оди позз
Не сакам да те осудувам ама еве ти еден искрен одговор.Прво тој може татко да ти биде!Второ има семејство!Девојко откачи го!Извини што сум малку сурова ама бараш решение.Животот е пред тебе имаш само 20 години,тој сигурно има деца кои што се само неколку години помали од тебе,а и да не е така,што може тој да ти пружи?Женет е како што сум чула до сега секогаш девојките како тебе што имаат врска се тие вторите,они жените ако сакале ќе ги оставеле па ќе почнеле со друга ама вака...не си давај лажна надеж.Продолжи си без него уште мн. пати ќе се заљубиш па имаш 20 години,колку и да ти изгледа невозможно сега верувај,не со времето поминато туку со нова љубов ќе успееш да заборавиш.И извини уште ова морам да ти го кажам немој да мислиш дека те вреѓам,ама ова е исто како да се заљубиш во на другарка ти таткото како воопшто си го погледнала со такви очи,па не е разликава до 10 години....дупло е.Млада си не си прави вака!позз се надевам убаво ќе размислиш,мн се нервирам кога млади девојчиња вака си го уништуваат животот.позз
Машничка ништо страшно.Јас бев во таква врска 10год разлика од различен град,траеше девет месеци на почетокот е возбудливо и интересно, а после сама свакаш дека тоа не е исправно отпосле почнуваат многу работи да ти сметат.Внимавај да не го засакаш и тргни се од него додека е време за подоцна да не ти биде потешко.Верувај ми ке наиде вистинскиот.Поздрав.
а што е во случај кога дечкото е помал од девојката???? еве пример, ми се свиѓа дечко кој има 24 , а јас 27 дали такво нешто би можело да профункционира???
Jas mislam deka koga vistinska ljubov e vo prasanje razlikata vo godini ne e bitna...najbitno e kako se dovolno sozreani dvajcata partneri...stoako nekoj ima pr.28godini koga ne e dovolno sozrean za serizna vrska ili brak...imam slucai kade iako ne se razlika vo gdini dvajcata partneri ne se dovolno sozreani pa se odnesuvaat ko deca iako vo brak i so dete ne se odgoovrni i na sekoja kavga pravat smiri se skaraj se pa i so razvod pa potoa povtorno smireni...a slucajot kaj mene e sosem poinakov ..toa e dokaz deka razlikata vo godini ne e bitna--jas so mojot soprug sme razlika 13 godini no toa ne bese precka nasata ljuvbov da prodalzi...koga jas imav 18 ja pocnavme vrskata traese skoro 3godini a sega sme edna i pol godina vo brak..funkcionirame super,se razbirame-sto e najbitno se sakame i imame edno malo sonce sto ni gi topli srcata i ne raduva sekoj den...Najbitno od se e upornosta i resitelnosta za da zadrzis nesto sto ti znaci <3
jas sum vo brak so covek koj e 12g postar od mene i isto taka zapocnavme jas 17 toj 29 bese prekrasno romanticno mislev deka go pronajdov mojot zastitnik mojot princ po 1.5g se vencavme no da se navratam na prednostite i negativnostte znaci prednost imate pokraj sebe zastitnik nekoj koj pominalmnogu poveke vo zivotot od vas i ve vodi no kako godinite odminuvaat ke svatite deka seyo ona sto vie sakate da go doziveete toj veke odamna go pominal i ti veli ednostavo eh sega toa jas go znam toa jas go vidov tamu jas bev i svakas deka bezdnata postepeno stanuva se pogolema i pogolema kolku i da go sakas i te saka sepak razlikatapostepeno te otugjuva eden od drug sekoja cest na isklucocite no gi ima mnogu malku za zal onie koi nema da ja osetat taa razlika
Се согласувам со тебе. Мислам дека двајца партнери би требало да се со приближна возраст како би ги искусувале сите новитети, пречки и среќи во животот заеднички, а не едниот од нив да биде веќе искусен и тоа што помладиот го искусува да му стане монотоно. Ако јас и партнерката/жената која е помлада од мене 10 години очекуваме дете, а јас сум бил разведен со дете, сите тие работи за мене ќе бидат веќе поминати... и многу слични вакви ситуации... Плус, секој позрел маж сака “младо месо“. Кога е со неа тој и ги покажува сите тајни на животот кои таа не ги знае, а затоа жените сакаат постари од нив. Но што кога ќе бидете 50 години? Вие жените сеуште активни а тој пензионер. Е ТОГАШ!!!! Е тогаш вие посегнувате по “младото месо“ па не за џабе има мал милион случаи во светот каде теткици идат со дечки од 23-28 години.
Зошто да не функционира? Тоа не е огромна разлика. Себеси се ставам во таква ситуација да ме сака девојка од 28 години. Зошто да не. GO ON !
moram da napisam na temava zoto imam iskustvo vo familija so razlika vo godinite.uzas neviden!sestra mi e 27 godini a nejziniot maz ako moze taka da go recam e 46!!!!!!! vi se veruva ostavi familija za da bide so nejzea taa ima samo 27 godini.on ima sin 22?sto ponatamu nasiot tatko ima 50 godini i ista godina diplomirale so "zetov".da se navratam na slucajot kakva ljubov da postoi ke iscezne za 5 godini zetot ke bide starec od 52 godini a sestra mi vo najubavite god. i sto togas? ne ja poddrzuvam razlikata vo godinite zosto rabotite ne se nekako realni a razmisluvanje.i vo taa vrska postoi nesto sto se vika korist a ne ljubov
Јас со мојот сопруг сум разлика точно 16 години. Во брак сме 5, а син ни во декември ќе полни 4 години. Јас имам сега 29, тој 45. Тој не беше и никогаш пред мене не бил женет, ниту пак има деца. И да имаше АМА под услов да беше разведен повторно ќе се омажев за него. Маж ми и мајка ми се разлика 6 години, слично како татко ти и зетот....Значи никој никому не треба и не смее да му суди, секој си знае на што е. Е сега не знам за каква корист, а не љубов зборуваш?? Кај мене немало и нема ни да има такво нешто..работиме и двајцата...Периодов поминат со маж ми и син ми ми се најсреќните години во мојот живот