Некој може да биде страшно незрел на 40 години, некој може да биде зрел на 15 години. Ама сепак он ќе биде незрел ко за 40 годишник, она ќе биде зрела ко за 15 годишна. Не е само зрелоста во прашање. Независно од неа, различни се искуството, размислувањата, целиот свет е различен.
Да да, исто е менталното ниво на 22 и 16 години...на која планета? Плус, што му се допаѓа на тој на 21-22 кај нејзе на 15-16? Па ни телото уште не ѝ е развиено како на возрасна жена. Да, има големи шанси дека е груминг и нема што да ја омекнуваш ситуацијата....
Така, проблем е тој што е манипулиран, а не манипулаторот. Скраја да е вината да отиде кон ваквиве мажи а не кон тинејџерките. Тоа за среќа никогаш не излегува од мода.
Имаш погрешна дефиниција за педофилија. Педофилија е сексуално привлекување, трајно насочено кон полово незрели поединци (деца). Што значи, може и да не преземе ништо, а сепак да е педофил. Педофил е тежок збор. Не би етикетирала никого туку така лесно. Само да имаш претстава што значи зборот. За мене е нереално сценарио толку години постар дечко да сака врска без притоа да не чувствува привлекување... Можеш до утре да пишуваш дека за икс месеци ќе полниш 16. Реалноста е дека имаш 15. На тоа годиште годините веќе не се бројат во 14 ипол или 15 ипол.
Огромно црвено знаме е кога возрасен маж не може да најде партнерка врсничка и свесно се впушта во врска со тинејџерка од 14-15 години. Факт е дека тинејџерка може многу полесно да изманипулира отколку врсничка.
Како не ви е досадно стално да читате нешто што не е напишано. Толку имам да кажам. Ова е резултат на груминг , овај...манипулација или како? И уште ред спомнати приказни за хепиендови, со деца внуци ме мрзи да ги барам. Мене ќерка ми да ми каже на 15 дека некој и бил суден ќе се прашам што сум погрешила. На 15 ли, на 16 ли, НИКОЈ не ти е суден, ни ако има 16 ни 18 ни 22. И не треба да ти биде, не во овој век.
Не е напишано...каде? Еве ти тука во цитатов убаво си напишала. Не е битна дискусијата за груминг, битни се тинејџерски фантазии.Ајде сега ќе вергламе за бенигни и смешни детски фантазии, ама ќе молчиме за проблем што постои и се провлекува постојано. Нека си живеат предаторите слободно без никој да ги чепка, како во убавите немодерни времиња.
@tel-ef не си се запрашала зошто дечко кој може да излегува кај сака, до колку сака, да има односи со некоја која исто така може да се гледа со него кога сака и доколку сака, сака да биде со тебе? Негледаш нешто чудно во неговото однесување? Јас да сум ќе се запрашам што проблем има малиов што неможе да си најде полнолетна девојка. Пример стави се на негово место имаш 22 години си прикрај на факултет, лумпуваш со другарите докога сакаш, наскоро работа, нови колеги, твои пари на сметка, дали ти би идела со некоја која сеуште ја контролираат родителите? Или пак обратно дали ти @tel-ef би идела со некој 12 годишен оти тоа му доаѓа донекаде исто. Ти имаш поголема слобода зошто си скоро 16 а него сеуште го прибираат за јадење од улица.
Може има проблем, може нема. Од олку колку што е напишано јас не можам да го видам проблемот. Најдете ситуација која индицира груминг, па да дискутираме. Или разлика во години=груминг?
Не може да ме убеди никој дека 22 годишник сака 15 годишна девојка и се што сака во врската е држење за рака и разменување по некој бакнеж. Жити се на кој му е нормално тоа дете кое сега завршило основно, телото уште и се оформува, циклус веројатно добила скорото, и допрва ќе оди средно да оди со маж од 22 години кој веќе работи или завршил факултет, кои има други очекувања и барања во врската и кој веќе е сексуално активен? @tel-ef ти кажуваш дека не сакаш да имаш секс според Законот до 18 години. Велиш дека си созреана и сериозна личност. Зарем мислиш дека тој 22 годишен дечко ќе чека 2ипол години за да има секс? И дека од тебе ќе бара само да се држите за рака? Овде најмногу се гледа разликата во годините. Ти си дете, и то е факт. 22 години со 28 не е толку разлика бидејќи и двајцата се веќе туку речи самостални, можеби и вработени, си ги задоволуваат барањата во врската. Не можам никако да замислам врска 15/22, не ми е јасно што би правеле заедно? Како ќе функционира таа врска?
И јас не можам да скопчам. Као замисли дечкото си има проблем. Врските се нели за поддршка, разговор... И треба да сподели со неговата 15 годишна девојка. Нит е морално да нафрламе „возрасни“ проблеми на толку помали од нас, нит можат да пружат адекватна поддршка и разговор... а не треба ни да се должни. Јас имам сестра што сега заврши основно, барем јас не можам да замислам некои работи да споделувам со неа и да и натурам емотивен багаж. Во врска би требало да сте едно и се да знаете. А вака буквално едниот партнер не е возрасен за да чуе све. Барем според мене.
Братучедка ми сега заврши основно. Не велам дека не е барем малку зрела, читана е, образована, културна, ама сеуште е дете. Како прво не знае да комуницира, има детски испади. Едно нешто да не е по нејзино, или некој да каже мислење поразлично од нејзиното веднаш се расправа, нема простор за компромис и разговор. Не можам да замислам да има дечко од 22 години, никој во фамилијата нема да го прифати тоа и 100% друагрките ќе ја избегнуваат бидејќи сите се деца.
Види, не сум многу повозрасна од тебе, 17 имам. Ако имаш приметено и јас имав пишано на темава дали е нормална разлика од 5 години, но сепак не би. Можеби мислиш дека си многу созреана за твоите години, но сепак не е баш се така. Работите што он ги поминал и веќе не му се интересни ти треба тек сега да ги поминуваш. Ти сега го оправдуваш ова што се случува затоа што така ти одговара, да сакаше ти некој твој врсник, а некоја твоја другарка да беше на твое место не верувам да би го имала истово мислење и да би ја оправдала. Ти можеби и изгледаш на повозрасна, во денешно време девојчиња на 14, 15 години најчедто изгледаат на 18, 19, но сепак годините ти се тие. Верувај дека не може да ти биде исто со некој 16, 17 годишен и со некој 20+ годишен. Ти најдобро си го знаеш, но никокаш не можеш да бидеш сигурна 100% дали тој навистина е таков каков што се претставува.Едно е ти да знаеш да се изразуваш културно, така и да комуницираш, но тоа не те прави созреана како што ти мислиш. И на твоите родители не верувам дека би им било сеедно. Уште еднаш ке ти кажам тоа што сега сеова ти е тебе нормално и си бараш изговори за да го направиш така и тоа што споредуваш со тоа што многу врски такви успеале е само затоа што тебе така ти одговара. Да беше толку созреана како што мислиш ке разбереше дека ова што се случува не е во ред. Размисли си убаво, никој не ти мисли лошо, во случајов само ти можеш да бидеш повредена и злоупотребена.
Добро, мислев дека имаш 14 год. бидејќи така прочитав дека имаа напишано неколку членки колку год. претпоставуваат дека имаш. Мое мислење е и дека на твои сегашни 15 год, а тој да има 21 или наполнил веќе 22 год. е непожелно врска со ваква разлика на вакви год. Објаснив зошто, ама објасниле и многу други членки зошто се против, поточно исто размислуваме повеќево на темава. Е сега те прочитав и сфатив дека си решена да си тераш со овој дечко и јас би те посоветувала само да бидеш многу внимателна, исто како што би ја посоветувала секоја девојка во врска со партнерот, но тебе особено да си повнимателна ти пишавме повеќето членки зошто. Не сакам да го осудувам од прва, ама дека е чудно неговово на 22 год. да брка 15 годишна девојка е, зошто и како сте стигнале до врска ваше си е. Ама еве мене ќерка на 15 год. да ми открие или дознаам дека е во врска со 22 годишрн нема да ми е сеедно. Нема строго да и забранувам, зошто тие забрани знаат да се многу контрапродуктивни, ама внимателно ќе следам како се чувствува и како им се одвива врската.
Во мое време 5-6-7 години разлика, се рачунаше за нормално и девојката да имаше 14-15. Сега, од ќерка ми и другарките нејзини сфаќам, дека сосема погрешно е. Поборник сум за зголемување на старосната граница за давање согласност за секс, од 14, на 16, и за воведување на закон од типот на Statutory rape како во САД
Не знам дали сум веќе стара ама за мене 15години девојче е дете и освен со некој врсник или Макс 17-18години со друго не би споила, едноставно крипи ми е....
И ја ко членката tel имав 14 години и ми се закачи еден 20 годишен. Си пишувавме но не планирав ништо повеќе од другари. И еднаш излегов ни одеше муабетот искрено. Но после почна да ме вика за заедно да одиме на одмор и фино лепо го откачив шо ќе ми е некој од 20 години
Превод: Те молам игнорирај ги луѓето што го нарекуваат овој човек педофил. Додека јас се согласувам, некои 16 годишни не се емоционално спремни за врска со некој од таа возраст, педофил не е вистинскиот збор. Педофил е некој на кој му се привлечни ДЕЦА. Нормално, под 12 години. Некои 16 годишни изгледаат многу како возрасни, а вашиот јаз меѓу години не е голем. Сепак, јас ве охрабрувам да ги разгледате вашите држави 'Возраст за согласност' закони (во некои држави е 16, 17 или 18 ) за да видите дали вашата врска е легална. Ако само имате состаноци (излегување на вечера, филмови, итн.) тоа е совршено легално без оглед на возраста за согласност, бидејќи тој закон се занимава со полов однос. Мојот дечко и јас имаме 8-годишен јаз, ние станавме другари кога јас имав 15 и бевме заедно скоро две години. Нашата врска оди одлично (сѐ уште без полови односи, но јас ја поминав возраста за согласност овде), но јас мислам дека е дефинитивно важно за тебе да мислиш за ако ти си емоционално и одговорно спремна за таква врска. Може да биде многу. Со среќа. *Од Quora е ова. И да, не мислам дека суден ќе ми биде, туку МОЖЕБИ ќе ми биде суден. Благодарам.