Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ахаххахахаха станале прво другари 15 и 23 години па во врска, добро ја печел за да прави со неа што сака.

    Девојче, не е во ред твојата врска. Не се бори толку силно. Приметуваш како единствено поддржувачко мислење што си нашла на интернет на АНГЛИСКИ е исто од девојче шо било изманипулирано на 15 години? Дај не биди дрска дека знаеш повеќе од нас кои имаме перспектива на повозрасни.
     
    На Noemi, Bezimenka90, Cupcakee31 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Хм,јас па ќе пишев обратно за во наше време(тука сме години јас и ти).Јас мислам во наше време напротив повеќе се внимаваше на тоа.На времето јас некој 16 тина години,ме загледал дечко и прашал за мене,а беше можеби 5-6 години повозрасен.Откако му кажале колку сум стара,се повлекол со зборовите -не сакам да ја расипам.Со еден збор сакал повеќе од бакнеж,а бил свесен дека сум мала и не сакал да ме злоупотреби,како и повреди емотивно.Дури и сопругот со кој сме три години разлика,ми кажуваше дека ме забележал некаде на крај основно и само си помислил ,симпатично девојче ,ама мала е..Впрочем за ова зборуваат и песни од Ех Ју,како ,,Ствари лагане,, или ,,Грлица,,но тие повеќе ја опфаќаат поголемата разлика во години и различните интереси,желби соодветни на таа возраст.
     
    Последна измена: 2 август 2022
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Не бреееее
    Биди во истиот тој пост што сум цитирала.
    Кога не знаете да читате ај чао. Не сакам повеќе со вас да се нервирам.
    Сори за ваквото однесување, ама само така на вас ви треба.
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ај ти одговори ми јасно: дали мислиш дека си попаметна и повеќе знаеш од 10+ членки тука што ти кажавме дека не се нормални такви врски пошто не е нормално некој на 20+ да сака нешто романтично со полуматурантка? Бунтовен пубертет уште те дрма?
     
    На ElenaOfRivendell, Bezimenka90, Cupcakee31 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Женски
    @tel-ef
    Сама праша што мислиме за разлика од 6 години а кога виде дека никој не те поддржува, не ти одговара.
    Се контраш со сите, па што знаете вие, љубов е љубов. Баш онаа бунтовност и незрелост се гледа кај тебе. Знаеме ние, сме биле на твои години, и ние сме биле во облаци дека многу сме зрели за наши години и знаеме се, па не слушаме никој.
    За неколку години ќе видиш јасно дека сме биле во право. Овде никој не ти мисли лошо.
    И секако дека ќе спомнуваме полнолетен/малолетен кога тоа е клучно.
    Мораш да разбереш дека јас со 26 години да најдам некој од 32, нема проблем. И двајцата сме возрасни личности, така да кажам се наоѓаме на иста линија.
    Девојче што почнува средно и маж што веќе можеби и завршува факултет, далеку им се линиите.
     
    На sparklie, Bezimenka90, TheTruth* и 9 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Така ти се погодило.
    Моето искуство е обратно.
    Познавам доста девојки кои се омажија веднаш после средно, со дечковци кои беа поголеми од нив 5-10 години
    Една уште во осмо се вери.
    Таа 15, тој 31 имаше.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    @tel-ef

    Трпението е многу убава карактеристика...сега имаш шанса да си ја развиеш.
    Ако ти е суден, ќе биде тоа и за две ,три години.
    Запишувај си ги чувствата кои те обземаат, ќе ти биде полесно.
    Штом го постави прашањето во врска со разликата во години,значи дека се плашиш, малку барем...

    Лично мислам дека дечкото е веројатно добар , но не е сега време за вас, многу поважни задолженија те чекаат...

    Можеби ти се чинат незрели твоите врсници и ако е така, не ни мораш да имаш дечко, голема работа, животот е пред тебе...
    Биди паметна, немој да згрешиш набрзина, туку сочекај си го вистинскиот момент, кој секако ќе си дојде, можеби токму со истиов дечко...
     
    На Luminary, cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Што гледа 20 годишен дечко у 14 (15,16) годишно дете?? Очигледно има педофилски нагони.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Anne Boleyn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    и јас знам исто вакво девојче можеби е истата оваа на 14 години остана бремена
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не е истата.
    Не беше бремена таа што ја знам
     
  11. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    11.944
    Пол:
    Женски
    Возрасна личност што сака девојчиња, тинејџерки, сигурно има многу црвени знамиња што не би можел толку лесно да ги скрие во врска со партнер врсник, па затоа со манипулации врзува неискусни девојчиња за себе.
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, Ajronmen и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Многу точно.
    20 годишен/на има повеќе животно искуство од 15 годишен/на
    Тоа по дифолт му дава upper hand
     
    На cresa-jagoda и fbaby им се допаѓа ова.
  13. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Имав еден таков колега на факултет што беше многу creepy, нон стоп потенцираше како ние колешките веќе не сме млади а ние 21 година само, значи у неговата педофилска перцепција млади и убави девојчиња се само 14,15 годишни и само за средношколки збореше а уште пострашно што он беше убеден дека се е во ред со неговото размислување и така слободно пред сите коментираше мали девојчиња што почнале средно. :x
     
    На cresa-jagoda, Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нема доволно свесност за проблематикава.
    Треба да се смени законот и реториката при вакви испади.
     
    На cresa-jagoda, Angie1432 и Bronx Gang им се допаѓа ова.
  15. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Да ставиме крај на претходната тема..

    Што мислите дали годините се пресудни кога некој прекинува контакт без никакво објаснување и без нешто да се случило?
    Не знам како да го формулирам прашањето, се беше океј во односот но дали е можно заради разликата во години (10) да проба да се извлече, заради тоа што му е глупо како да те претстави пред други или сепак е нешто друго во прашање? И при правење муабет (напаѓање од мојс страна) да спомне дека не му смета разликата во години но секако по друго би било да имав некоја година повеќе
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Прво, ти како си со годините, имаш ли почнато средно, завршено средно...? :D

    Се шегувам. :D

    Tаа последната реченица навестува дека сепак му сметале годините. Не звучи ко некој 100% сигурен дека е спремен да се „соочува“ со разликата во години (да ја прифати таква каква што е). Така да, голема шансата заради тоа да прекинал контакт, или шо и да направил.

    Ама види, без разлика на причината шупак си е шупак што се одалечил без никакво објаснување. Може човек саглам да те седне и да збори со тебе. Не знам дали е пошто се срамел да те претстави пред други, ама сепак звучи дека му било неудобно од тоа што си помала, поради којзнае какви причини.
     
    На LittleZuzu му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Јас уште во градинка сум :rofl::rofl:

    И јас имам мислење дека му е незгодно од пред други во смисла ако се собираме со пријатели, иначе вака најблиски знаеа за мене а таков тип е што воопшто не сака никој да знае дека излегува со некоја, тоа и ме највеќе чудеше
     
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @LittleZuzu на две другарки сопрузите им се постари 11 години.
    Едната се омажи на 19 години, другата на 26.
    И на двете бракот им оди одлично.
    Ова го зедов само за пример.
     
    На Bellaa1234 и LittleZuzu им се допаѓа ова.
  19. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Исти примери имам и јас околу мене, ама многу ми беше чудно што на почетокот зборевме дека не ни смета разликата во години а на крајот сепак изгледа излезе дека му смета
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Се може да е пресудно, може физички изглед да е пресуден, може ако пуши цигари да е пресудно, ако не е верник да е пресудно, годините може да се пресудни.
    Секој различна преференција има за кои работи може да е флексибилен, а кои работи му се пресудни.
    Зависи колку години имате.
    Пример 19 со 29, тој може сака брак и деца, ти си матурантка.
    Да се 26 со 36 подруго е, двајцата можат скрос исти работи да сакаат.
    Ама не е ни толку важно, примери од околината не се важни зошто секогаш ќе има некој успешен пример.
    Важно е дали вашата конкретна ситуација функционира, ако не функционира, ако него му смета разликата во години, нема што да се прави зошто тоа не е нешто што можеш да го смениш.
     
    На Bellaa1234, cresa-jagoda, daylight и 2 други им се допаѓа ова.