Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се возбудуваш сексуално на 13 годишни?
     
    На Ajronmen, Bezimenka90, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    4.253
    Не. А ти?
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.123
    Допаѓања:
    180.837
    Ама чие е окото на посматрачот бе? Ако дечкото има 19 како е чудно девојката да има 17? Еве ти ги, во иста група се, mid to late adolescents. Ај ќе измислуваме топла вода.
    Дали ми е ок малолетници да имаат секс и да влегуваат во брак? Побогу, не, баба ми пред 80 години се мажела полнолетна. Ама ете, може дедо ми бил педофил, ко се бендисале можеби тој бил полнолетен, а таа малолетна. Или мајка ми средношколка, го запознава татко ми полнолетен, се мажи на 23.
    Свашта.
     
    На Guns N` Roses и daylight им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Педофилија е све што е под 18 години. Крај на програмата.
    20 и 25 може, ама 13 и 18 НЕ МОЖЕ.
     
    На Angie1432, mssuniquee, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тебе може ти е 'свашта', мене не ми е.
    17 и 19 е едно, 13 и 18 е скроз друго.

    Макар да, да бевме нормална држава и првото ќе беше казниво со закон.

    Немој да се секираш за оние кои сакаат секс со малолетни.
    Старосната граница за давање согласност за секс во МК е 'помали од 14'
     
    На crimson и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Можеби да има различни термини за различни старосни граници но ретко кој ги познава и може едноставно да се каже "педофилија".
    Дали биле мид или лејт адолесценти или не знам ти што - да бидеме реални, погрешно е.
    Колку и да сакате да го испревртите, некој од 18 и некој од 13 години да бидат во романтична врска не е во ред од многу различни причини.
    Јас можам од искуство да зборувам и можам да кажам дека било каква "сериозна" врска на толку кревки години има долгорочни ако не и трајни последици.

    А и да, ова е сосема апсурдно.
     
    На Bezimenka90 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Женски
    Јас во случајот не би го употребила зборот педофил. Претежок збор за личност која и самата штотуку станала полнолетна и е привлечен од девојче во нејзините тинејџерски години. Сепак се 13-14 години кога голем дел од женските се доста напредни со развој, а не 10. Доста често може и да се дадат повеќе години според изгледот.
    Како и да е, факт е дека се 13 години, и факт е дека не е нормално.

    И јас лично на мои 13-14 години сум добивала пораки од 19-20 годишни. Ни тогаш не ми беше јасно зошто 20 годишен дечко би сакал врска со 14 годишно девојче.

    Сите знаеме дека тоа се годините на првите симпатии, можеби прв бакнеж па и прва љубов. Ама сето тоа е океј доколку е со врсници, не со личност со која би имале тотално различни интереси.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.123
    Допаѓања:
    180.837
    Не ми импутирај бесмислици за да поентираш . Факт е дека средношколците се влезени во пубертет, факт дека постарите адолесценти (а таму ги рачунам до 23-4) денес се незрели и неспособни за самостоен живот, и факт е дека такви врски постојат денес како што постоеле и во минатото. И не станува збор за никаква педофилија, станува збор за зеленост и неодговорно однесување кога влегуваат во секс, бременост и брак од неодговорност, неедуцираност, со погрешни мотиви и очекувања. А тука се криви сите, од родители, менталитет, медиуму, општество. Ама ај, од дрвата не ја гледаме шумата.
     
    На Guns N` Roses и daylight им се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.386
    Секс со малололетно лице се смета за педофилие и се оди во затвор и тој закон е секаде дури и кај нас.
    13-15 и 18 год се ДЕЦА.
    Не е нормално 13годишно дете кое не е влезено во пубертет да оди со 18годишен или 20 годишен а уште помалце да има односи. Сеуште создава хормони на раст. Она девојчето што беше силовано,шо мислите, то ќе има здрав психички живот понатаму?
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, Kimberly11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Таа може да има симпатија, ама тој е полнолетен и одговорен за своите постапки.

    А иначе, педофилијата не се 'појавува' после 30тата или после 40тата.
    Цел живот си педофил.
    Од денот кога ќе почнеш да осознаваш сексуална привлечност.
    На 18 веќе многу добро знаеш што те привлекува сексуално.

    *Тргнете од себе.
    Кога знаевте на што се возбудувате?
     
    На cresa-jagoda, avefemına, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бев жртва на педофилија но не бев свесна за тоа.
    Можеби ми има оствено последици за кои јас свесно не знам.
    Ја 13 години а он имаше 35 не беше присилно ништо ама што знае девојче на 13 години?
    А типот е педофил сто посто затоа што ние неколку пати искачавме и он апла се палеше на млади девојчиња и млади машки за кои јас отпосле свртев филм и сфатив, мене на 13 ништо од овие работи не ми беше толку познато не дека немав слушнато за педофилија туку не можев во суштина тогаш да знам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.421
    Пол:
    Женски
    Уште да допишеше дека мајка им треба млекце пред спиење да им даде.

    Стварно не сфаќам како наоѓате бесмислени оправдувања, таа разлика од 5 години е цел еден многу значаен развоен период. 30 и 35 може да се исто, 13 и 18 тотално не. Толку, нема што понатаму да се збори.
     
    На Ajronmen, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    21.076
    17 и 19 може да се иста година во школо.
    Имав школски што е роден јуни 99та имав и школска родена март 98ма.
    Значи во ист клас можеле да бидат и еден период да е она 19, он 17 или обратно
    13 и 18 е веќе друго.
    Ама не идете до ситници.
     
    На daylight и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Moze, da.
    Ama vo zemji kade ima statutory rape, kaznivo e.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    21.076
    Јас бев малолетна, либе полнолетен кога се фативме.
    Патем иста година у средно.
    Мора да биде дефинирано во поглед на разлика во години

    Statutory rape e за случаи како овој дискутиран меѓу 13 и 18 или полнолетен со малолетен ама ако збориме за голема разлика. 19 со 17 не е исто со 30 и 17.
     
    Последна измена: 6 септември 2022
    На Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Кај нас не е никако дефинирано.
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.343
    Пол:
    Женски
    Каква црна врска на 13 год ,па уште в заемна одлука секој по свој пат :D Синки 30 год сте имале.Да ти се скрши срце од емоции |(

    Ќерка ми е 13 год.И е дете.ДЕТЕ.Сеуште гледа цртани,игра игри на лаптоп,бои,црта,има соба полна со мечиња,купува џиџи миџи тракатанци.Тоа и треба дете да прави.
     
    На Glowy, Ajronmen, crimson и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Секогаш ми била чудна појавата со дечковци, девојки на 13, 14 години. :worried: Дали со врсник, дали со постар, деца каде се брзате, детството го уништивте. На 16, 17 веќе и може да разберам, тогаш се поголеми веќе, разбираат добро се, но на 13 нема шанса.
    На тие години првпат менструација ми дојде, не сум ни мислела на машки. Страв ни било од секс, се сеќавам со другарки и за прв бакнеж се плашевме како ќе е, па до 20 уште се колебав дали со маж да легнам, страв ми беше од сите ризици што ги носи сексот.
    Дали многу напредни се генерациите или ова е по некој исклучок за врски на тие години... :worried:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И 'во мое време' имаше такви кои имаа дечковци/девојки на 13-14.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.421
    Пол:
    Женски
    Па не е нешто чудно на 13 да сакаш да имаш дечко зашто тогаш веќе е почнат пубертетот. Ама тука се подразбира некоја таква наивна платонска "врска" со некој врсник, не нешто повеќе.

    Ние на 13 се сеќавам само за симпатии зборевме, баш тогаш почнувавме и да излегуваме(значи не зборам по дискотеки) онака по паркови и молови.И убаво се сеќавам колку пати ни приоѓале постари машки, значи 18-19 години и нас ни беше ептен језиво. Што гледале тие во нас - деца, за да дојдат да ни се пуштаат? Никој не може да ме убеди дека не е језиво.
     
    На crimson, joy1, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.