Еве не знам, првата симпатија ми беше студент по медицина. Сега, ко размислив, и вториот исто Дали сум јас докторофил ... А чекај сега, дали во денот кога ќе осознаеш сексуална привлечност, ако си малолетен, тоа те прави педофил исто така И друго- темава е во врски. Кој збори за секс со малолетници? Јас дури бев малолетна, имав дечко за држење за рака. Дали тоа било или не било врска? Шо вика википедија?
Мене ми е чудно деца се на 13 години, какви врски, какви дечковци... Може сте изгледале постаро, некои се многу развиени од денешниве деца на 13 како за 18 годишни девојки, не им пишува на чело колку години имаат, па не знаеле и се пуштале. И тие на 18 не дека нешто многу зрели, само со 13 годишни деца е чудно да се. 16, 17 со 18, 19 ми е океј ама 13 и 18 не.
Во основно симпатии евентуално да се бациш со некој, во средно врска без секс, секс после завршување средно. Мене и моите другарки така не учеа и фала Богу преубаво си пројдовме у животов. Во основно се знаеше ти се свиѓа некој што уште е во основно, во средно исто не знам каде ви се засвиѓувале тие 19+
Извини што ќе се избацам од нигде никаде, ама ми падна во очи тоа дека последна си искусила да имаш секс. Нели остана непланирано бремена на 17 години? Ако ти си задоцнила со сексот, другарките твои кога ја изгубиле невиноста, на 13 години?
Така е и најправилно и најдобро, нешто слично и ние во тоа време бевме со другарките, освен што во средно прв бакнеж ни беше на повеќето... Нема потреба да се брза со ништо.
Мислам дека ѝ беше кажано во контекст на она од Wild - цел живот можеш да си педофил. Па така испаѓа ако малолетен сексуално сака малолетни, макар и иста возраст, тоа го прави и него педофил.
Зошто мислиш дека страв од бакнеж и од секс е нешто нормално? Да, за ризиците треба да се биде свесен, ама дај бе да не се лажеме, сексуалниот нагон е развиен во овие години, скоро сите мастурбираат, не се правете светици. Мој став е дека дечко на 13 години е прерано, за секс да не ни зборам, ама мора да бидеме реални дека природно е на таа возраст да се јави и нагон и љубопитност, само треба да се разговара и да се знае што се прави.
Какви светици, првпат на 14 добив менструација, гради и тело тек на 16 ми беше оформено и почнав да личам на девојка, пред тоа бев дете. На 13 се деца, тоа е факт. Преран пубертет не е за некоја пофалба, се е наметнато од нездравиот живот во околината. Многу е нормално да ти е страв од нешто непознато што пред тоа си го немал отколку на 13 да имаш секс и да не размислуваш на никакви последици.
Е токму тоа - да се разговара, и да се знае што се прави. Ама ако не разговараме, не постои, а после ќе прашуваме по форуми- дали сум трудна, ме допре преку фармерки. Или малечката невеста во 168 варијанти, во снаи и свекрви и останати животни трагедии.
Господе боже. 16 кога имав и првпат дечко фатив тогаш, за кратко 17 направив во првата врска. Тогаш првпат почнав да размислувам на таа тема, но за секс си почекав да созреам како што треба. Се почнува прерано со врски, прерано со секс и се оправдува нешто што не треба да е во ред. Децата треба да си се деца, се во свое време.
Секс и мастурбација не е исто. Муабетот ми е дека е нормално да постои нагонот на тие години, не е ок да се има секс пред сѐ поради емоционалната незрелост. Не знам што е страшно да се одговори на прашањето за мастурбација.
Тоа е моја интима, што има со некоја непозната да ја споделувам на форум. Не е ова секс дневник. Збориме за Д Е Ц А од 13 години. Не знам во кој свет живеете што ова ви е нормално. @joy1 сподели пример за дете на 13 години. Тоа е тоа.
Не само јас, сестра имам помала од мене со која сум многу блиска и на 13 беше дете. Да дознаев дека ја завел и ја шета лево десно 18 годишен тип кој и прави муабети за секс, ќе го задавев (така кажано де). Еве помлада генерација е од мене, прва врска исто и беше во втора средно на 16 години, прв бакнеж на 15. Многу сме блиски и како на постара сестра секако споделуваше се со мене и бараше совети. Деца се на 13, на 15 е друго, на 17 исто така е друго. И тие 2-3 години многу менуваат. Збориме за деца во ОСНОВНО што сега со деветолетка се и седмо одделение, наше поранешно шесто. Дали е нормално деца во 6то одделение да се во врски, не би рекла. Тоа се само деца, што знаат за животот, ништо. Вчера што се вика прв пат добиле менструација, ништо не им е оформено ни регулирано како што треба, каков секс, какви дечковци. Во средно во ред, нека си имаат меѓу нив средношколски "наивни" врски, друго е веќе во средно, има разлика и органите им се колку толку пооформени во споредба со 13 годишно ДЕТЕ.
Не постои нагон на 13, неее . Само на 12 гледаат порно и тоа е ок, ништо лошо во тоа нема. (#сарказам, инаку вистинит настан) Сакав да ја цитирам @Peanut Butter иначе После па ќе се чудиме, зошто, како . Да, децата треба да бидат деца. Ама некој не ги остава да бидат деца
Сакаш да ми кажеш дека никогаш со другарките не правевте муабет на тема секс на 13 години ама онака со смеење и заебавање зашто се срамевте ама бевте љубопитни? Или дека не постоеше период во основно кога сите наеднаш влегоа во пубертет и се смеевте за се и сешто и се сфаќавте на сексуален начин? Не ти верувам дека до 16 години си играла игри пред зграда. Ти мешаш да имаш односи на тие години(фала Богу, едно големо не) и нормални нагони. Затоа викам дека е ептен глупо да се охрабруваат врски меѓу 13 годишни и 18, зашто од една страна се хормоните, што е скроз нормално, а од друга манипулацијата која е неизбежна поради разликата во години.
Деца бевме, до пред средно уште жмурка на улица игравме, немаше одење во кафичи и молови тогаш толку рано. Ретко која беше толку развиена и рано да добие менструација, една две највеќе во цел клас. Другите бевме деца. На 13 бев во основно и си играв на улица да. Во средно повеќе почна за тоа да се збори и се променивме повеќе. Пред тоа бевме баш деца. Мајка сподели искуство за своето дете ама вас пак не ви се верува дека на тие години дете си е дете...
И мене едно не ми е јасно и никогаш нема да ми биде. Зошто веќе созреани (да речам) и полнолетни машки се лепат секогаш на малолетнички? Мене ми изгледа дека тие демек полесно се лажат отколку повозрасните. На другарка ми (16г) ако верувате и се лепат машки од по 23 години па нагоре. Помлади нема шанси. Замислете само. Мене не ми е воопшто нормално. Иако има МНОГУ вакви случаеви, ќе ви кажам за еден. Пред околу 2 месеци се запозна со тип којшто е 28г мислам, (он лично ни пријде кога бевме на излегување и од никаде ни се тупна на масата), абе после тоа ни се залепи како не знам што, не можевме да излеземе на раат, доаѓаше на наша маса додека бевме во кафич, па ни викаше да не части и слично. Сега пред два дена си отиде (живее во странство) и замислете пред да си отиде и беше пишал на другарка ми ако сака да отидат на некој камп да пијат нешто и слично, после тоа ќе отиделе на кафе на центарот. Абе кога ми го кажа ова си реков само овој има ли мозок бе? Значи педофил. Само едно не знам и се прашувам цело време какви им се тие мозоци на машки во години да се лепат на малолетнички, а ги има мноогу такви значи лично сум била сведок на еден куп вакви ситуации верувајте. Среќа што другарка ми има мозок (ако они немаат) и е свесна она колку години е, а они колку се, па затоа не се плетка со нив.