Со сила убавина не бидува. Таа што ќе те сака ќе те сака и со брчки, и без. Накратко, мавни и корпа и барај си нова.
Haha da se razbereme brcki nemam,samo na zenskava se i se dopadjalo samo godinite ne,em iska,em stiska,ma gotovo kontiner ke i mavnam i ke si sedam sam ako treba.Se umoriv veke,samo ne mie jasno kaj se site tie ozbilni zenski,kako magnet se lepat tie sto ne se ozbilni,i se umoriv od beganje od takvi...
skoro 42 lele pa ti si star auuuu so ke ti e zenska,najubavite godini 42 daj ne zezaj koj dedo koj gluposti,ako nejki taa ke saka druga ne se zamaraj ,i nemozis da se podmladis ahahhaha,ama ako ti e pametot mlad vecno ke si bidis mlad kako mene
Пробај да се вратиш негде на 35,36 со маските. Сеа ептен и 22 го претера сеа. И не тоа што ти рекла дедо нема врска со изгледот и брчките. Едноставно можеби не излегувала со толку млади. И јас сум тука колку неа со годоните и кога ќе видам некој преубав дечко и коа ќе дознаам дека има 45, 46 си го споредувам одма со годиштето на мајка ми и си викам аууу кај отидов овој е со мајка ми генерација. А дечкото (дедото) не изгледа како да има толку и да не знаеш која година е роден никогаш не би помислил дека има толку. Значи не се бедирај одма. Не значи дека стварно си дедо.
Haha,ma daleku dum jas od dedo,samo kolku ubavo me razbravte na zenskava se i se dopadja samo godinite demek i smetale,neka si tera taa zivot so tie zelenite,moze ke i dojde pametot nekogas kako sto mnogu se pokajale ali sekoj so svoj pamet neli...pozz
Ma sekako si vo pravo,jas samo prasav za vase mislenje za razlika za godinite sto na mene sekako ako e vistinska licnost ne mi smetaat.I da sme skoro isti godini badijala e ako ne se poklopuvaat karaktetite i ako nema hemija neli
Најди си некоја близу твои години и готово. Повеќе од 5-6 години лично ми делува голема разлика, на некого не му смета. Не дека не може, но подобро ти е да си најдеш некоја близу тебе во твои години. Да сте биле 25 и 35 може повеќе ќе сте се вклопеле и заедно ќе сте созревале повеќе и немало да ви смета, но како се старее се забележува повеќе разлика. Ти во 50 ќе влезеш, таа допрва 40 ќе прави, ќе се чувствува баш разликата.
Ma tie blizu moi godini gi nema nikade,ili se sokrieni ili se naplaseni.Kako da im e strav da se javat,no stom se pominat 30 god. nekako potesko se odlucuvaat na bilo sto,barem jas taka mislam
Ќе бараш, ќе бараш и ќе најш. То си имам мислено милион пати... да треба сега (44) да одбирам партнер, никогаш-никој нема да ми е тамам. Ако не те бендисва оваја, не си троши време за џабе. На наши години, немаме на претек.
А што мислите за 19 години женско и 27 години машко, за брзо и 28 ќе прави? Пишувам деновиве со еден, ми личеше на 23-24, кога ми кажа 27 дека е, некако старо ми се виде, јас само што направив 19, а и се со моја генерација сум била до сега. Уште сме само на допишување, не сме ни излегле, годиниве ме премислуваат.
Старо за мене на 19 како партнер, инаку млад си. Мислев на тоа што дипломирал, работи долго, поминал многу повеќе во животот од мене што пред неколку месеци само средно сум завршила.
Ако водите ист стил на живот, 8 години не ми звучи страшно. Од друга страна, ти сега си станала полнолетна шо се вели, ќе сакаш да ја искусиш слободата надвор од дома, додека тој навлегува во 30тите и можеби има други цели и замисли за во блиска иднина односно го има преживеано тоа во кое што навлегуваш ти. Види дали сте на иста бранова должина со очекувањата и целите во овој поглед.
Не ми смета тоа, сакам и деца и брак за неколку години, само не знам дали би било компатибилно вака. Не сум била со постар до сега, не знам што да очекувам.
Во право си, затоа и се размислувам. Од друга страна па што дека имав дечко на мои години кога беше незрел и како дете, а јас позрела од него. Овој дечко ми делува посозреан, некако размислува сериозно, ми се допаднаа ставовите што ги има. Освен годиниве, добар е многу вака до сега.
Компатибилно од кој аспект? Океј е тоа што ти сакаш брак за неколку години. Ама работата е дали ќе ви сметаат работите што ги правите тие неколку години, и дали имате заеднички работи за правење, или скроз други интереси.