Тоа што има веќе завршен факултет, некоја стабилност во животот, а јас уште немам ништо направено и постигнато.
Кажуваше дека многу било битно образованието денеска, да сум завршела факултет за мое добро во животот, студентските денови да ги искусам. Јас инаку gap year земав, работам моментално келнерка, а тој има и убава работа, сериозен и одговорен е некако. Го знам од маало од порано, секогаш ми делувал добар дечко, само бил постар од мене и не сме имале никаков контакт до сега, ми пиша на инстаграм, веројатно кога виде дека со бившиот избришав сликите. Затоа ми е дали ќе одговараме со тоа што он е на некое повисоко ниво од мене кариерно и образовно. Планирам да студирам од следна година..
Многу му ја мислиш. Ако ти се бендисва, излегувај, види како ќе оди. Не можеш да предвидиш уште од сега, за наредните 30 години, на незапознаено асолно.
Епа за истото зборам. Пример не знам, ти сакаш сега да се забавуваш, шеташ, журкаш често а тој работи, или едноставно поминато му е тоа, не му се излегува туку му се седи дома или во помало друштво. Пример е само што ми текнува, не мора да значи дека ќе е така. Или ете тоа што самата го спомна. Брак и деца океј, ама кога? После факс ваљда ќе сакаш да се оствариш малку на кариерно поле и тн. А тој ќе биде веќе близу 40. Значи разлика ко разлика не е огромна. Ама има вакви фактори шо треба да се земат предвид. Особено ако сте за "сериозно".
Не сакам да излегувам со секого, се мислам дали воопшто треба шанса да дадам или не, дали би имало шанси ова да профункционира.
Ме разбираш многу добро на што мислам, благодарам што ја согледа ситуацијата толку детално. Допишав погоре, не знам дали виде. Не излегувам баш нешто многу, не сум тој тип, немам ни некое друштво, работам и јас, тоа ми е моментално животот. За брак и деца сум за 5-6 години од сега, после 25 би сакала.
Дали некој имал слично искуство со толкава разлика на овие години. Членот погоре убаво ми напиша и помогна, такво нешто барав.
И милион да имаат искуства, сите ќе бидат различни, а и вашето ќе биде различно од тие милион. Нема 'универзално правило' за љубов... за живот...
@en5 Јас сум во врска со поголема разлика. Најчесто ќе слушаш дека ќе сте различни во поглед излегување. Горе-долу сме слични и не било никогаш проблем. Ниту па некогаш ми пререкол ако сакам да шетам поќе од него. Карактер е во прашање. Второ во поглед сериозност. А нема правило, можи ти на 19 да си сериозна, тој на 27 да не е. Ти рекол дека е важно образованието, на еден начин те мотивира да постигниш нешто, шо е голем плус според мене. Пак е карактер во прашање. За деца и брак според мене се' со времето, но ако немате исти гледишта да не си го губите времето. Е ова ти е добра забелешка. Единствено тогаш ја забележувам разликата во години. Пример тој кога размислуваше да купи стан, јас мислев шо чоколадо да си купам. Тие работи баш не ни беа заедничка тема. Или со колегите/другарите ќе разговараа за посериозни теми и се осеќав како да не му одговарам, како да сум дете. Му кажав, рече се' во свое време и дека не му смета и дека не очекува да бидам ко било кој друг (има девојки на мои тогашни години размислуваат и за куќа и за дете, јас не бев таква, а има луѓе на негови 30 шо не се сериозни). Трет пат, во карактер да сте погодени. Ако не те брза за ништо, ако имате почит и разбирање, ако имате сличен карактер, слични гледишта, според мене не е проблем разликата.
Мене ми се допаѓаше една што има 19 години сега, а јас сум 28 и мислам дека е преголема разлика моментално затоа што таа тукушто станала полнолетна.. да беше да речиме таа негде 25 јас 34-5, да се понадевам на нешто, ако ништо друго да ми дај корпа.
Многу ти благодарам на опширниот одговор, баш ми значи. Прифатив да одиме на кафе, па што биде нека биде.
Јас имав дечко баш на истата возраст, јас 19 тој 28.и претходно пишував, не беше до годините. Понесозреан маж во живот немам сретнато. И денес на 40 + е исти, сам и со исти бубачки како и тогаш. Не е секогаш до годините. Ако ви одговара вам, зошто да не. Само да не се изненадиш ако и бара да се жени, едноставно таа разлика некогаш потегнува и друг проблем.
Ти ги прочитав и другите коментари, нема ништо лошо да одите на кафе. Ќе се запознавате постепено. Вака нема ни да знаеш. Плус и за врска ако пробаш што има лошо во тоа. Нема никогаш да знаеш. Млада си, животот е пред тебе, запознава луѓе и гледај што ќе ти одговара тебе. Ако не биде со овој, следниот ќе биде. Ама за да видиш, мора и шанса на некој да дадеш.
Jas mnogu pati imam izreagirano odbivacki kon tolkava razlika koga bi stapil vo kontakt so tolkava razlika na godini, a ko ce razmislam deka mojata bivsha bevme razlika samo 1 godina, a beshe tolku nesozreana si vikam mozebi Stark gresis so ovie predrasudi. XD
Прекинав врска со маж кој е 16 години постар од мене.Инаку јас имам 23.Премногу го сакам и премногу ме сака и ми е тешко да се помирам со разделбата особено што немаше друга причина освен годините.Бевме усогласени и со сите други аспекти од животот.Тој проба на секој начин да ме задржи но едноставно од сите муабети за проблемите кои би можеле да ги имаме се исплашив.Што мислите,дали постапив исправно ?
Може сега ви било цаком паком, ама со тек на време ќе почне да се осеќа генерациската разлика. Исправно е пошто ќе ви е пречка понатану, па натака вие си знаете.
Ништо што да правиш ако те сака ќе те прифати и на тие години aко не онда...иде далје и не се замарај со неа Едноставно и девојките не знаа што сакаа
Ај да се примешам малце, еве моиве родители се таа разлика и се имаат земено кога мајка ми имала 19 години. Сега не зборам за брак, друго време е. Ама ние вака како фамилија супер функционираме и многу складен брак имаат. Никогаш некоја разлика не се осетила, ниту сум слушнала било какви замерки на таа тема помеѓу нив. Мислам нормално е секој брак да има проблеми, ама овој не е еден од нив. Ако си одговарате, дај му шанса. Тажно би било да не се обидеш, може навистина тој е вистинскиот и прекрасно ќе функционирате заедно. Знам млади девојки што и во брак изградиле супер кариера, а сопрузите им биле најголема поддршка. Не ја гледај врската како пречка да се оствариш, без разлика кој што ти вели, ако со самиот партнер сте си поддршка еден на друг.