mashnicka колку и да се влеЧе зенет маз надвор со др без разлика колку долго пак си се врака кај зенате посто она му е домакинка немој да мислис дека тој има сјајно мисленје за тебе и ти да си била маско на 40 години ке барас несто младо несозреано види оклолу тебе девојки на твоја возраст со млади деЧковци биди и ти дел од нив.посто ако Човек заглави заглавува јако да знаес а на крај заклуЧува дека била најглупава
Велат љубовта не знае за години. Е сега можеби во теорија така е, а за во пракса не знам. Сепак има судир на генерации и доколку разликата е голема тоа се чувствува. И не зборувам од надворешна страна туку внатре во врската. Се ми се чини дека едниот ќе биде повлијателен и дека нема никогаш да бидат на иста бранова должина. Незнам... ова е мое мислење.
да тоа е тоЧно дек лјубовта незна е за годиини,јас и мм се ме разлика 7,5 години и мисла колку е постар мажот толку повеке е свасен и поразбирлив.
Па вака, сега кога сме помали, на пример 13,14,15 години разликата би требало да е најмногу 2-3 години, затоа што уште веднаш се чувствува. Еве другарка ми направи голема грешка, она е седмо одделение и се смува со еден од втора година. Е сеа тоа беше голема разлика, таа врска да ја речам никако не можеше да опстане, он е поголем и е машко си има други сваќања и размислува за други работи, а она за сосем други. Е веќе кога девојката на пример ќе наполни 20 години, разликата помалку - повеќе не е дотолку битна се додека има љубов и разбирање во врската и сега да не биде разликата па 12 години
Не оправдувам девојче од 15 години да има "дечко" 29 или 30, затоа што на 15 години никој не знае што сака се уште. Сум за тоа дека годините за љубов не се битни и дека за се ќе се најде разбирање, ама ако се работи за ЉУБОВ. Мислам дека врска со разлика до кај 10 години максимум може да опстои, а за повеќе не знам колку е изводливо. Секако дека има секакви примери но тие си знаат како му е. А некогаш и врсник да ти е целта ќе му биде да те искористи ако е таков човекот и тоа ти е, ама тоа не е тема на муабет сега. позз
Така е ,во животот е битна само љубовта А што ќе прават кога он ќе сака да седи дома по цел ден дома, да слуша вести и да чита весници,главна маршута во текот на денот ќе му биде до Зегин по лекови и назад,а она млада во најубавите години,полетна,желна за шетање,забави,за водење љубов...?Хмммм... Виагра? Па не верувам дека тоа ќе биде баш решение за се. Или па на девојката уште омилена тема на муабет и е трачање со другарките,(побога има само 20 год да речеме,нормално е)а него спорот со Грција и кризата во стопанството? Луѓе да бидеме реални,разлика која е во нормални граници-пеки,она што повеќе ве прави татко и ќерка отколку дечко и девојка кога тогаш ќе дојде до израз,едноставно не бива
Има врска разликата во години и тоа како. Да си ми жива и здрава Георгина ми читаш мисли. Разлика од 15-20 и кусур години, дај ви се молам Интересно е сега, некоја 20 годишна, непроживеана и непрошетана девојка, и некое 40 годишно бисМисменче кое ја опсипува патувања, викендчиња надвор и подароци, па оваа се заблеала и помешала секс со љубов или страст со љубов или подароци со љубов. Ама на нејзини 40 кога најмногу ќе сака да ужива, овој ќе биде дедичко од 60 и кусур. Нема да има шетање, нема лудување, он ќе си се занимава со риболов и шах пред маало со пензионерите, а она комотно нека заборави на секс и излегувања. Имам таков типичен пример во фамилија, и тоа разликата е "само" 10 години Имаат потполно различни сфаќања, за сите можни работи и области. Мајка ми ми раскажува, цитирам - Ние млади сите, сакаме во диско, а он вика како некој престарен чичко на 30 години, се жалеше дека му смета гласна музика и ја собираше да си одат дома. Кој сака таков живот, бујрум. Ама не се кријте позади параванот, во Љубовта годините не се битни. БИТНИ СЕ.
ххахахаха, е баш не се согласувам со трендафилка, прв пат во мојот живот не знам за другите врски, ама кај нас се само бројки 1. во кревет е (ова ми е на 1во место важно-сексот) 2. јас на пример закована сум за кревет, мрзла сум тешка, диско не ми спомнувај, со багер ме крева да идеме во дискотеки, барови, ресторани, било каде... (парти анимал е до даска) 3. дефинитивно, ме пали тоа што е постар од мене во секој поглед, почнувајќи од знаење, инелегенција, искуство, размислување, ...јас се знам себеси, и знам дека не можам да просперирам со слично годиште(барем од мои лични искуства, и едноставно фетиш ми е повозрасен) 4.знае да ме третира доста нежно, слатко и романтично, и тоа доста често го практикува, а и искрено ми прија овој третман во повеќето наврати,нема девојка што не сака романтичен дечко- барем и девојките жедни само за секс, (како нас) 5. ми обрнува премногу внимание! 6.можеби грешам, можеби не, но времето е тука да ми покаже сега за сега ми е супер, и можам од иксуство да кажам дека само бројки се годините! никогаш не сум имала некој како него... и не, ова не го зборам од љубов и заслепеност, не сум од типот љубител на шпанската теленовелска вечна љубов- зашто љубовта не е доволна, ако 2 особи не си одговараат во сите погледи, немаат исти видици,исти интереси, и не се движат во иста насока... а јас фала богу, кај него ова го најдов!
imav decko koj bese 8 godini postar od mene koga iskacavme toj sakase mirni mesta jas da se zurkam po diskoteki togas jas bev 18 toj 26 sekogas nesto smetase
А верува ли некој во љубов меѓу 15 годишна девојка и 27годишен маж ??? Ги оправдувате ли ваквите врски,ама да се резултат на вистинска љубов?? Јас живеев една ваква љубов или јас барем мислев дека е љубов и НЕ СЕ КААМ!!!...Но,мислам дека кај нас овде во Македонија оба е нешто неприфатливо....да знаеа по градот СИТЕ БИ МЕ СУДИЛЕ....
Е па ако го исклучиме фактот што ти си малолетна и тоа што мене ми изгледа неприродно маж да се шета со девојченце... Зависи од тебе и од него. Ако тебе не ти смета да ги поминеш своите тинејџерски години со возрасен маж кој проживеал се, доколку него не му смета тоа што наместо да си влезе во сериозна врска и да си се однесува зрело според годините тој треба да се расправа со твоите детски, неискусни размислувања и погледи кон светот, зошто да не..... Ако тебе ти одговара и него му одговара тогаш зошто да не, ваша работа како сакате правете си.
Здраво на сите! Имам 17 години а дечко ми 23 и мислам дека е нормално бидејќи супер ни е се сложуваме, разбираме, се сакаме што е најважно, веќе формиравме (ако може така да се каже) исто друштво и нон стоп сме заедно но има еден проблем... Од дома ми забрануваат да се гледам со него, незнам зошто, мислат дека не е добар за мене и дека само ме користи (кога дознаа имав 16год а тој 22) и имаше големи кавги, но на 3 месеци се смирија работите и сега ми изгледа како пак да се разбира нешто и незнам што да правам неможам да се карам пак а од друга страна несакам да ја прекинам врската, веќе долго време трае и не би ми дошло добро да ставам крај... совет? :/
Абе види, логично е да бидат загрижени твоите родители. Тие твојот дечко го гледаат како некој идиот кој не може да си фати женска на своја возраст и го бркнал нивното мало девојче (верувала или не, тие се‘ уште те гледаат како нивното мало девојче), сака да го искористи и на крај да го повреди без око да му трепне. А твоите родители не сакаат ти да бидеш повредена. Па и како што викаш, разбрале кога си имала 16 години, па уште дете си била (one way or another). А и јас не знам што си се затрчала уште на 16 години со сериозни врски и тоа со така ете постар дечко... али што е тука е. Ти си го знаеш дечкото најдобро, отприлика му ги знаеш намерите, па процени дали вреди да се контраш со родителите заради него. Ако вреди, верувај ќе биде оштро. Но никогаш не се сомневај во твоите родители бидејќи тие се оние кои секогаш ќе ти мислат најдобро и кои ќе бидат тука за тебе, за да се потпреш и да не паднеш и во најтешките моменти
Јас кога бев средно нон стоп го имав тој проблем со моите родители,бидејќи секогаш бев со некој постар од мене минимум 3 години па нагоре.Ако на тебе ти е убаво со дечкото, терајте си. Знам дека е напорно со твоите, јас морав да лажам кај идам и што правам , за да можам да излезам од дома. Ако мислиш дека доволно се сакате , за да вреди да го минуваш тој пат, ич да не се мислиш.Биди со него се додека ти сама не се увериш дали е за тебе или не е.
А бе знаеш како не дека не е нормално...не одлучи ти срцето ти одлучи во кого ќе се заљубиш само кај нас во Македонијава ова е нешто ненормално. На мајкати потруди се да и објасниш дека се сакате дека ви е убаво заедно запознај ги....е сега ако мајкати несака да те сослуша е тоа веќе е проблем.. Важно е ти да си сигурна во него,воо вас.....и јас бев дел од една ваква прикаска знам тешко е и дома и надвор,ама се трпи.....Не треба да ставиш крај не ни размислувај за тоа,за се има решение,верувај!!! А како што сватив само родителите се проблем,но ако е вистинска љубов тие први ќе те поддржат и сватат
Врска меѓу постар маж и помлада девојка е изводлива и цврсто стојам зад тоа! Е сеа, зависи колкава е таа разлика, ако е девојката малолетна а тој е постар над 10 години од неа.. некако не ми звуче природно.. Иако, како шо кажа ди лавли, се зависе од луѓето. Мислам, сите сме свесни дека постојат девојчиња од 16 години шо се созреани како да се 20, а исто постојат машки од 25 години, кај кои шо созревањето стагнира од нивната 15 година.. тоа е факт. И тоа што е постар, не значи дека сака да те искористи.. може стварно видел нешо у тебе и те сака.. Ако си сигурна у неговата љубов, не се важни годините, важно е да им докажеш на твоите дома дека тој е тој, и дека не е се така како што мислат тие..
Мислам дека се возможни вакви врски, но сега зависи и за возраста, на пример 25годишна со 35годишен ми е прифатлива работа, ама мислам дека 15-16годишна со некој 7-10 години постар од неа не е баш прифатливо. Ова не го зборувам за луѓето што би зборувале, туку сите знаеме дека е многу ретко маж да се заљуби во девојче кое уште е дете. Не велам дека не постојат исклучоци или такви врски кои успеале, само искрено мислам дека најчесто не станува збор за љубов. Ова е мое мислење.
A бе оставете што зборуваат луѓето, размислете вие дали би сакале на помалку од 25 ваши години тој да сака да има деца, пошто нели навршил близу 40 и старее? Да му родите дете затоа што тој сака? Му врви времето? Чувсвтвате љубов? А изживувањето? каде оди она што сите сакаме да го проживееме, да го видиме од животот. кога тој ќе посака да седи дома, а вие да излезете, да играте, тогаш ќе ви рече да мислеше кога се мажеше со мене, емен не ми се излегува. По мое не е изводливо. разликаат не се гледа толку ако е до кај прекусила 10 години, ама во оној период кога е нормално за сериозна врска, значи 23,4 до кај 30,31, кога се уште се нарекуваат млади. Инаку би лебдела разликата, никогаш не би била сигурна дека нема да ми посмета, или нему.
Уф.. баш во моментов многу ми е чувствителна темава.. Незнам дали се заљубив, ама дефинитивно преку ноќ ми дојде во мисливе и уште неможам да го извадам. А значително е постар од мене. Стварно незнам што да правам..