1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Lilkaa

    Lilkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Се изначитав и изначитав и ух мора да ви кажам дека полесно ми е откако донесов одлука до крајот на животот да го поминам сама.во мир.за да не би си набивала комплекси години разлики во истите итн.снаи свекрви итн.но можам совет да ви дадам тој што ве сака вистински ништо нема да му пречи нит ако сте помлади ниту постари.едноставно љубовта е хемија и толку.а не прорачуната ствар.тетка ми е во брак со помлад маж точно разлика 10 години и можам да Кажам дека супер им оди.годините и не играат некоја улога освен ако станува за енормна разлика на пример баба може да ви биде или дедо може да и бидете.се е до карактерот душата и слогата.
     
    На Spicy Senorita, Arjanit2021, fatalna_plava и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    3.128
    Пол:
    Машки
    Како бе така, одлука...па уште па и до крајот на животот...никогаш не се знае. :)
     
    На Lilkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    39.703
    Пол:
    Машки
    2024 година дојде и уште истите работи се вртат на темава зошто мажите бирале помлади. Па де до менталитет бил, до црвени знаменца, елоквентност, памет и животни искуства...
    Као демек кога се иде на 30ка, се добива просветлување и цела човекова мудрост собирана низ векови и милениуми се става со инка во мозокот. А пред тоа сите се табула раса.

    Ако генерализираме, мажите бираат помлади девојки поради тоа што се поубави. There, i said it. :)
     
    На Букерко, celineparis, Marija_Magdalena и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Душо , се уште не знаеш што праваат момците и млади и стари но НЕ секој!
    Гледаш и самата не знае да се понаша као идиот мисли фраер е...
    И немој да мислиш дека само тебе ќе излегува, се лажеш тука
    Второ ти си заљубила во неговиот физички а не психички (понашање)
    Друго, 15 год
    Тој 50 а ти 35 па има мн разлика но ако не ти сметат тоа е друго
    Но, според она што го кажуваш не е до то само ако те повреди ти ќе си крива а не тој.. дрско се понаша и нема да имаш љубов од него само ќе живееш со надеж
    Млада си и не брзај..
     
    На Spicy Senorita и fatalna_plava им се допаѓа ова.
  5. Lilkaa

    Lilkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Значи ако е помлада е и поубава?:rofl::rofl:(facepalm)
     
    На Spicy Senorita, Cutiepie1 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.875
    Пол:
    Женски
    Ама генерализираш значи. Ок.
    Ко лепота да има везе со годините.

    И на што личи црепов шо се избаци дека тие од 30 години никој не би ги погледнал? Дно дна.
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    39.703
    Пол:
    Машки
    Читај: генерализираме.

    Не мора да значи, но генерално е така. Биолошки процес на стареење е.

    Па не е само он. Види колку жени ве направија вас под 25 години дека сте незрели, дека не можете да расудувате, или со други зборови дека сте глупи. И никој ништо не пиша за тоа. Не ви сметаат такви навреди?
     
    На Lilkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    ...Не се труди и нема да се труди затоа што не му се свиѓаш и ти кажав од него нема да имаш љубов туку од корист за односи. Не е зрел чоекот.
     
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.875
    Пол:
    Женски
    Нема што да се објаснуваме ние со ненормални личности.
    Да беше нормален вака немаше да се дрзне да пише. Дојден е да провоцира, не мора да го поддржувате на некој начин.

    И друга работа, и младите ќе остарат кога тогаш, што после? После ај да се бараат и помлади од нив ако не. Дека нели природен процес е.
    И забеганите створови пак ќе си бараат помлада и поубава додека можат. Шо карактер ти спотребал, нека праи мерак само, не битно другото.

    И за двата пола важи, ај да не биде за мажите само.

    Туку што праиме што има постари кои 100 пати боље изгледаат од помладите?
    Ги има таквите, не дека се ретки.

    Не му беше на место тоа неговото ама ич.
    Омаловажува жени и ги праи неспособни после одредена возраст. До 27 може после никакооо, стари се. Ненормална работа скроз.

    Ова муабетов од коа беше од летоска?
    Истиот тип е ваљда. Пак дошол да го тупи.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Мене со 36 нема ни да ме погледне :rofl:

    Кој како си сака. Јас не би можела да бидам со маж постар од мене 15 години.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.875
    Пол:
    Женски
    Стара мома ехееее. ;(

    Па и границите ги намалуваат бе види ги, сеа 27, утре 25, задутре и 23...
    Опасни се ејј.

    Да, срамота е за вакви работи да се дискутира у 21 век, 2024 година.
    Многу е срамота.

    А тоа за преференци, слободно, секој право си има да иде со кој сака, не не занима тоа.
    Не смее никој да се меша тука.

    Мене ме револтира тоа што се глупираат вака ниско и понижуваат.
     
    На VSkopje, GasimGirl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    6.535
    Пол:
    Женски
    Многу коректно и вистинето.
    Младите се по убави. И мажи и жени, да не се лажеме.
    Кога ги гледам колегите од 20, 21 абе се им стое убаво. Дури и зелените им глупости :D

    Ама и разлика од години е разлика, и тоа да не се лажеме.
    Искуството на 35 тежи. Не може да го избришеме. jbg.
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    39.703
    Пол:
    Машки
    Не гледам никаде некој да го поддржува во провокацијата. Толку му е надвор од реалноста што е тотално небитна, пошто погледни околу тебе и ќе видиш дека жени од 30+ не се сами, и никој не ги фрла или менува.

    Ама исто така нема потреба тука да се прават ментални гимнастики зошто мажите одбирале помлади кога е сосема јасно зошто. Повторно, ако генерализираме, пошто субјективно секој е различен и не секој одбира помлада.

    Од друга страна, повторно, не знам како не те/ве вреѓа суптилното омаложување на сите вие кои сте помлади од 25, а на темава ве претставуваат како да сте 15 години тинејџерки во развој и емоционално нерационални за било каква одлука.

    Иако таа навреда не е директна, е далеку пострашна и поболна, посебно што доаѓа од жени.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    Џабе натегање на темава, на крајот се е индивидуално, секој човек си е поинаков и секоја врска е поинаква, годините не се ништо, зависи само како ќе се погодиме со некој. Две врски со двајца различни машки, или женски, а на иста возраст, можат да бидат многу различни. Еден 30 годишен маж може да е зрел, стабилен, да знае што сака и можеш да се потпреш на него, а друг на истата возраст да е уште незрел, неизживеан, нестабилен, ветрушка. Има и 19 годишни девојки што се позрели од некоја 26 годишна. Да, познавам такви. И апсолутно нема врска дека помлади биле поубави од 30 годишни.
    Генерализирајте колку сакате овде ама што ќе ви донесе животот, живи били па видели.
     
    На GirlLove, MeowMeow, fatalna_plava и 4 други им се допаѓа ова.
  15. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Баш точно кажано. Се сложувам и јас.
     
    На miandrija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.875
    Пол:
    Женски
    Кога рекле сега? Не прочитав такво нешто.
    Добро рекле сигурно, што не се пишува тука.
    Пациенти еден куп.

    Секако дека не е во ред и тоа нивното, на тие што се со тој став.

    Тие уствари може да се оние кои мислат дека помладите ќе им ги преземат дечковците, конкуренција нели и стравуваат поради тоа па се служат со секакви навреди и недолични коментари.
    Можно е да се крие тоа зад нивните зборови, па лесно е да навредиш и понижиш некој, си лечат комплекси.
    И тие не се ништо подобри од овој.

    Добро. Ради лепота, згодноќа, мерак праат.
    Потоа, едноставно полесно дека се манипулира ради помало животно искуство, полесно ги врзуваш за себе, позависни можат да бидат, за секс да не збориме, па ко што рече овој плодна почва у тој контекст..
    Ехеее, бројни предности, така е, кои и те како го задоволуваат машкото его и го креваат нагоре. (y)

    Значи и ја сум за разлика да има у години, не викам не и да не се иде со помлади но да не се искористува таа разлика како што многу мажи прават.
    Овој муабет е показател за тоа, која му беше поентата, јасно е.

    А за жал има и доста незрели и наивни до 25 год. и помлади кои лесно потпаѓаат под влијание и искористени се од манипулатори.
    Премногу ги има.
    Ооо кој си доби банче глеам.
    Аман значи од пациенти.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На fatalna_plava му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.457
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    (Недоквакани) манипулатори што би предаторски да манипулираат, меѓу другото и пасивно-агресивно, со патетол:yawn:огии(пак аргументот со она што не можат со повозрасни и искусни нели).

    Притоа и лечат комплекси на нижа вредност и фрустрации и им го снижуваат сјајот (читај лиглиња) на нивните врснички што не ги фермаат (и со причина).
    Како храна за нивните изопачени ега.

    Па и на темава. :mm:
    Мислам "муабетов" е at this point уметничко дело на дело само по себе, самодокажливо. :nod:
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.262
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Јас лично да кажам за коментарот погоре дека помладите се поубави.
    Не се. Значи сите шо ги знам кога биле помлади не беа којзнае шо. Али незнам шо е работата со нас жените, како стигаме полека до 30ката и до 40ката се поубави стануваме. Повеќе се одржуваме, повеќе се шминкаме па и поубаво, подобро се облекуваме.

    И подобар мозок ни никне за да не одбираме такви клошари и предатори како мажите во оваа тема.
    There , i said it.
     
    На GirlLove, MeowMeow, Spicy Senorita и 5 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Точно така. Многу ми се сменети размислувањата за разлика од пред 15 години. Да можам да се вратам назад, поинаку би постапила за одредени работи. А како што идеме накај 40, ние цветаме. :f:
     
    На Spicy Senorita, Cutiepie1 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Не знам за кого се однесува но јас не се пронаоѓам во твојот коментар, а сепак коментирам во оваа тема.

    Џабе се шминкате кога без шминка се поубави жените.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.