Zar ne znaš da prava ljubav, godine ne broji. Zar ne vidiš da mi tvoja, mladost lepo stoji. Ne sudi po ambalaži; videćeš na kraju, da i ove ruke moje, milovati znaju. Ako se muškarci dele, na zelene i nezrele; priznat ću, na ove bore svakom mladjem deset hore...
Мислам дека на секоја жена и треба најмалку 3 години постар партнер, бидејќи покасно созреваат машките, каснат со развојот во однос на жените..
Whaaat?? 73???? Не личи на толку ама сепак ми се мене преружен пар. Со првиот маж колку ми беа убави и физички складни.... Она ми е вака убава, секогаш преубаво облечена ама се паѓа у вода коа ќе и го слушнеш гласот, исто транвестит. Тој Бојан, првиот маж, што работеше? Мене оваа Мара од секогаш ми изгледала како богаташка не мислев дека само заради пари е со старецов.
Навистина воопшто не изгледа за 73, јас би му дала 20 помалку. Инаку воопшто не е важно како изгледала со бившиот сопруг ако не била среќна и немале добар брак.
Ама ако. Не знаеме што е причината не е тоа ни тема. Муабетот беше само физички онака на око складни ми беа. Btw од она што таа го презентираше изгледаше како да се среќни ма да социјална мрежа е во прашање каде сите се среќни. Небитно. Муабетот беше друг.
Здраво. Би сакала да слушнам и ваше мислење. Неодамна запознав еден маж тој има 29, јас имам 20. Сака да бидеме заедно, но не сум сигурна дали да бидам со него, бидејќи тој гледам зборува за деца, жена и не знам дали да влезам во врска со него. Му реков дека мислам дека не е паметно да бидеме заедно, тој се разочара ми рече дека сум многу добра и мила личност и не сакал да ме изгуби. Му спомнав дека сигурно за некоја година би сакал да се ожени и да има деца, но јас не би била спремна, затоа што уште студирам и ми е рано да размислувам за брак и плус не сум финансиски стабилна. Тој ми вели дека тоа не е проблем дека тој ќе плати за се и дека не морало одма да имаме деца додека одам на факултет. Страв ми е дека ќе влезам во врска со него и после ако дојде до нешто посериозно како брак, не би прифатила. Стварно ми се чини на многу добар човек и не би сакала да го повредам и да го губи времето со мене. Не знам што да правам, а вака сме стварно слични во многу работи. Уште кога ме најде на социјалните мрежи и почнавме да си пишуваме видов дека сме многу слични и кога се видовме првиот пат разговорот ни течеше како да се знаеме долго време
@Nice girl ☺️ види, не си дете и ако некоја би била подготвена на нешто посериозно на тие години со постар дечко, супер и браво за неа ама ти некако се мислиш и се двоумиш, а него глеам ептен му се брза па те приморува на некој начин на нешто за кое не си спремна и дорасната што се вика. Затоа најубаво размисли си и не брзај, најбитно кажи му искрено што мислиш, ако настојува, а тебе тоа не ти се допаѓа, тогаш се знае што. Или па, дај му шанса, види како би ви идело некое време и секогаш можеш да прекинеш ако нешто гледаш дека не е ко што треба и ко што сакаш. Сепак постар е, би требало да те сфати. Но со искрени намери и без криење и од твоја страна да биде. Не можам одма да речам ааа овој ќе те искористува, коа нит го знам нит познавам, тоа ти ќе си увидиш што и како ќе испадне. Само внимателно сепак и следи ги сите негови однесувања и знаци. Делуваш за паметна и вајда исправно би постапила што и да одлучиш.
Со мм почнавме врска на исти години, јас 20 тој 29, се земавме после 4 години, дете добивме после 2 години од брак, не брзавме ништо, не е престарен он за да брза или ти да се осеќаш дека треба да убрзате. Ако ти е убаво со него и ти се допаѓа дај му шанса. П.с 14 год сме заедно со мм и да треба да бирам пак би го бирала него. Годините нека не те спречуваат ако он е добар човек.
Ме кочи една работа, што тој има кола, има пари, сака за се да плаќа тој, но на мене не ми е пријатно така, пошто сум на факултет и немам родители, имам тетка и тетин што ми помагаат, некако не би сакала на пример да сме заедно и да се омажам толку рано, а јас уште да сум на факултет и да зависам од него. Студирам медицина и ќе потрае додека завршам и се вработам. Затоа се двоумам дали да започнам врска со него
Те кочат 2 работи. Или overthinking. Или не ти се допаѓа доволно. Ова второво е сосем легитимно, мислам ако е некој ,,добар човек, , (што и да е тоа) не значи дека мора да ти се допаѓа. Тоа првото- се мислам дали да почнам врска, пошто он има ова она, ќе сака вака-така, не знам како да го коментирам. Од уште не почната врска до мажење и деца стигнавте. Инаку, апсолутно легитимно е да имаш цели и да се држиш до истите. Апсолутно е битно да имаш образование, професија и некаква финансиска независност, за да се чувствуваш и те чувствуваат како рамноправен партнер. Ако стварно те напнал со муабети за деца на прв дејт или што и да е, слушај си го инстинктот.
Не. Оти на него му дошло време за женидба и ај првата шо ќе ја најде да ја ожени. Тоа така излегува. Ти продолжи со факултетот, никако да не си го оставила, па време за свадба има. Ако те сака ќе те чека, ако не те сака ќе трча да бара друга шо одма може да ја ожени. Немој неговото време за женидба да го мешаш со љубов.
Кај мене има малку и од двете и overthinking, а можеби не ми се ни допаѓа доволно. Вака стварно ми се чини на добар човек и сето тоа, но можеби не ми се допаѓа туку само ми се допаѓа како личност. Многу некогаш ме нервира оваа конфузност во моите емоции