Запознав една личност на активност која ми остави посебен впечаток и навистина ми се допаѓа. Таа е постара од мене само една година, но тоа не ми претставува проблем. Комуникацијата на активноста ни одеше многу добро, но по таа активност помина време и јас почнав да и праќам пораки, забележав дека ми враќа ама незаинтересирано. Се уште сме во контакт, но пред две недели ја поканив да излеземе и ми рече дека не може поради обврски и дека ќе ме побара следната недела. Поради трагедијата кај нас, откажавме излегувањето, а подоцна кога ја прашав кога има време, ми рече дека не е расположена за кафе и слични активности, можеби е во некој период. Исто така, живееме во различни градови, што можеби игра улога во ова. Како да постапам, бидејќи ми се допаѓа, но не можам да видам дали и јас и се допаѓам? Дали разликата од една година, која на мене не ми претставува проблем, би можела да влијае на нејзиното однесување и на тоа како таа ме гледа?
Не би требало да е проблемот во една година, ни 5 ако има силна желба да те види. Нешто друго е проблемот, чим така одбива не е доволно заинтересирана или пак се двоуми има нешто нерасчистено, или пак просто не е расположена(не би требало да трае долго)
Не би требало да е тоа проблемот. 1 година разлика е ништо. Да знаеш, има некои девојки ќе ти даваат знаци додека сте заедно во нешто, потоа никаде ги нема. Викни ја уште 2 пати. Ако излезете супер. Ако не е заинтересирана, барај друга. Не се врзувај и не се напнувај со некоја што ич не се замара со тебе.
Имав проблем за поголема разлика од 5-6 години..Се додека не се појави дечко кој едноставно ме освои.За малку ќе дозволев да го изгубам.Баш заради таа разлика која беше поголема од мојата замислена.А и сфатив дека имам чувства за него.А не се откажувам лесно од од тоа што го сакам.Едноставно се извинив-крива бев.Па се препуштив на чувствата.Сега што сака нека биде.А се надевам ќе не биде.
Инаку слушав сега скоро некоја научна студија како би можело да се пресмета во однос кога машкото е постаро, како што велат треба да се земат годините на машкото да се поделат со 2 и да се додадат уште 7 години и се добиваат годините на најмладата девојка со кој тој може да биде во врска. Пример ако машкото е 25: 25/2 +,7=19.5 што значи дека девојката треба да има најмалку 19.5 за да му одговара, постара може, помала не...