@Passenger555 другар прави така како што ти сакаш,како ти се чувствуваш.Ако ти е убаво,ако ти значи,биди со неа.Ама биди спремен за предизвиците што допрва ти следуваат.И разговарај со неаза тоа каде води сето ова. Овде сите збориме и даваме совети,ама секој си знае што чувствува.
На тие години ретко која сака деца, ова од моја блиска што ми е разговарано и едноставно си тера како ѝ одговара (иако не оправдувам, ајде ќе речам донекаде фер е оти си кажува отворено). Ти сигурно ќе сакаш да се остваруваш како татко (можеби не сега, но околу или после триесеттата ќе ти се јавува желба) и да си ја расчистиш таа тема прво. Годините се премногу ако мене ме прашуваш. И нема врска младолико или не, едноставно битни теми се разговараат и не се „вадат“ на картата на младоликоста (ако некогаш воопшто ти е план за деца, ако не ти е тогаш немаш пречки). Поголема е веројатноста таа да те замајува, неголи обратно. Сега многу ќе ме нападнат, ама зошто не си најде некој тука-негде со годините? Епа оти и тие мажи не се лажат така лесно, а и самите си знаат зошто.
Се ти е супер пишано, ама тој погоре пиша таа нема деца, во склоп со твојов одговор во случајот како со блиската што не сака деца веројатно и оваа можеби, можеби не сака. Е сега ако прифатиме дека претпоставкава е точна и не сака деца, нема што да биде со некој од нејзина генерација или постар, со оглед дека си сака убав провод, а со помлад и те како би го добила отколку со некој 45 еве и 50+. Мажи на тие години ретко кои не се остварени како родители и би и биле целна група како слободни, разведени, а од таа целна група колку вложуваат во себе и се трудат да парираат на 40+ жени, па не би рекла дека се премногу од таквите, па и слободни. @Passenger555 инаку и јас сум во групата дека ви е голема разликата во години, ама ако и двајцата си го гледате како фаза, како период на забава и провод зошто да не.
Да, нема. Ама не значи дека разговарале нешто повеќе на темата. Го сфатив членот дека му е битно гледањето, така да не верувам дека би успеал за нешто повеќе од она што можеби тој би сакал или сака. А како, што, нека си реши сам.
Според мене, годините се само бројка и не значат многу. Човек може да има 30 години а да се осеќа и однесува како да има 60 и како да е крај на светот и обратно. СЕ Е MINDSET. Ќе ја земам тетка ми за пример, 55+ години има жената, ама духот и е како да има 30. Го сака животот, знае како да си направи да и биде убаво, се грижи за себе и за својот изглед, секогаш е со насмевка на лицето и има неверојатна позитивна енергија. Секогаш кога ќе се видам со неа денот ми е поубав и воопшто не се осеќам како да зборувам со човек што има 50 и кусур години. Најважно е вие како и што осеќате еден према друг, и да се разберете со време кои ви се приоритетите и плановите за иднина. Можеби ти сакаш да се ожениш, деца и фамилија да си створиш, а она не е заинтересирана за тоа. Можеби едниот сака нешто посериозно, а другиот сака само забава. Единствено тоа може да направи проблем, ако не сте на иста бранова должина...
На почеток и мене ми беше само "провод и забава" па после почнаа мислењата да ни се поклопуваат,сакаме исти работи, се согласуваме, секс префектен....ама секогаш има ама. Кога ја прашав зошо ја а не генерациски нејзина возраст, добив одговор дека мажи на тие години се понашаат како деца, не сакаат да излагаат само дома и по казина (плус неработници) За овие 2 месеца излеговме на 300 места, се изнашетавме, супер заработуваме едноставно се иде перфектно. (најверојано на одмор ке одиме заедно)
Другар уживај тогаш ако се разбирате и ако е тип што знае како да ужива.Ама најубаво седни и разговарај за да знаеш каде води сево ова.Со среќа.
За ова пишував кога пишав погоре ретко кои мажи 45-50+ можат да и парираат на жена од 40+, повеќето едноставно не вложуваат во себеси и се вакви какви ти ги опишала. Не дека се понашаат како деца до толку, туку се млитави, летаргични, се им е тешко, а да дремат пред коперација, во кладилници и казина им е лесно
Прашај ја дали гледа иднина со тебе, почни го муабетот за деца( ако сакаш да имаш) , за брак.. и ќе видиш како ќе биде. Да бидеме реални ти за 10 години ќе бидеш во цутот а она менопауза.. па дали и тогаш ќе биде се како сега...