Па кога девојка ќе роди деца на дваесетина години а уште не си ја изживеала младоста лудува после... Имам другарка мајка и и татко и беа 18години разлика и две керки имаат едната 16 другата 19 години а мајка и 37 сега има... Се разведе од маж и и сега у град со ќерките Нормална разлика е до кај 4-5 год. а има и некои поголема разлика се па не се приметува... Али не е е до годините до паметот е
Паметот со годините доаѓа ( најчесто е така) , никој паметен не се родил . И јас сега да фатам некој 14 годишен ќе го возам до Марс и назад. Јас зрела девојка, а он пубертетлија...уф..уф...уф
Не ти е иста споредбава . Ко прво не е нормално некој 14 годишен пубертетлија да е во врска со неколку години постара девојка. Тргни од тоа дека девојките побрзо созреваат. Поинаку е кај женските, мада не ми се допаѓа и мене лично, девојче кое би требало уште да игра во маало, да се качи на штикли и да оди со 10 годишен МАЖ постар од неа. Патем irenna, да се надоврзам, искуството најчесто доаѓа со годините, паметот не оди секогаш во комбинација со искуството. Инаку да не бидам скроз офтопик, сметам дека кај секого тоа е индивидуално. Некои бракови и врски се распаѓаат и со 1-2 години разлика. Како и да е, не се секогаш годините причина за неслогата. Баба ми и дедо ми покојни беа 13 години разлика па имаа прекрасен брак .
Е сега ќе се изјаснам вака убаво на темава....многу пати имам пишувано и секогаш имам кажано дека стојам зад врските со разлика во години и стојам уште! И јас имав ваква врска и не се каам воопшто само многу поубаво за мене ќе беше никогаш да не се случеше! Сигурно и другите девојки како мене што влегуваат во вакви врски не размислуваат,едноставно им треба внимание и љубов па ја барат и не внимаваат на грешките и последиците кои следуваат! Но,многу им се лутам на оние кои многу остро ги осудуваат девојките како мене!!! Сакав ли јас да се случи тоа,знаев ли како ќе заврши? НЕ!! Точно не размислував и многу ми е жал,но од каде на некому право да суди! Ако некој пишал на форумов,побарал совет и мислење а не некој да го осудува!! Значи неможам да се изначудам во какво опшество живееме! И како што имаше пишано некој многу покриви се оние кои заведуваат тинрјџерки..... Што можам јас да размислам и пресудам со моиве 15 или било која друга.... гледав да избегам од секојдневието и да бидам сакана,барав некој да ми посвети внимание,да мисли на мене.... нормално тој со неговите 20-30 знае како да заведе,а за на една тинејџерка да и го свртиш умот па и не е баш тешко! Во секој случај,секој има свој живот и никој го нема тоа право да му суди.... Од грешките учиме.... јас дури сега после 3месеци сваќам што направив,но тоа е тоа,НЕМА НАЗАД! Нека ни е на чест на двајцата! И да уште ми недостига и мислам дека го сакам,особено кога ќе ми скисне од се и сакам да избегам негде...али је*ига! АМА НЕМА ВЕЌЕ ЈА НАУЧИВ ЛЕКЦИЈАТА!!! Еве јавно на форумов ветувам ! Ама сепак мислам дека ако ВИСТИНСКА ЉУБОВ Е ВО ПРАШАЊЕ, ГОДИНИТЕ НЕ СМЕТААТ!!
Никој овде не осудува, туку искажува свој став за дадениот проблем. Ова е форум и се што е споделено смееме да го коментираме од своја гледна точка. Тоа значи дека и оној што го споделил треба да биде подготвен за критики.
Внуката на наша пријателка со цели 17 години, оди со 30 годишен тип. Ви се молам - реално и да не се лажеме - што сте знаеле на 17 години? Јас имам цели 25 години, па уште не знам сосем што сакам за век и навек. Туку не го вртете муабетот, непрошетани и неизживеани дечиња во ова грдо, кризно време и општество, а овој некој камионџија кој намлатил пари со возење до ГИрманија , па и купил некое парфемче и бундиче имитација на зајачко крзно, а оваа се ѕвездосала од памет и си вика - ќути, да излезам од дома, овој ќе ме гледа, ме сака, ќе си го мотам ко што ми душа сака. Ах мори душо, нејќе да е така цел живот. Кажете - сакам да избегам од дома, за ова ми е, за она ми е, или признајте си дека можеби сте жртва на Едипов комплекс, ама не ме убедувајте дека е Љубов и годините не се важни! Ме убива ова во поим, па уште и ме убедуваат како е смешно додека овој слушал АББА, родителите на малата принцеза уште немале абер да се сретнат, камоли план да ја зачнат. Ве молам не продавајте илузии, евтини се.
Абе девојки, каков чичко 32 годишен?! Немојте вака, срце ми застана Да ви покажам два - три примерока во тие години па да ми кажете дали се чичковци...деца неизживеани сеуште! Шала на страна, разликата 17 - 32 е голема, да не се лажеме. Но можеби не е се онака како што замислуваме. Мој многу близок другар сега ќе полни 31 и има 19 годишна девојка. Почнаа да излегуваат кога она имаше 17 а он 29, и сите се чудевме. Тој изгледа помладо за свои години, таа постаро. Чичко сигурно не е Арно ама проблемите настанаа пред неодамна заради други работи кои се многу побитни. Таа сака да се забавува, тој да формира фамилија. Секој нека си извлече заклучок каков сака. Правила нема, но понекогаш со годините не може да се бориме, колку и да сакаме. Разликите кога - тогаш ќе излезат на површина. Сепак не велам дека по правило такви врски не успеваат. Се е можно.
Хммм Offspring,јас и било кој друг ако сум напишала нешто и сум споделила некој проблем,да сум очекувала негативна критика,ама не некој да ми рече А БЕ ВИЕ ДЕВОЈКИ САЛАМ СЕТЕ СО 30 ГОДИШНИ ДА ОДИТЕ,КАКО НЕ ВИ Е СТРАМ ОВА ОНА!! НЕМАШ ПОЈМА КОЛКУ ПАТИ СЕ ПОКАЈАВ ЈАС ЗА ТОА ШТО ГО НАПРАВИВ,А ЌЕ СЕ ПОКАЕ И СЕКОЈА ДРУГА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ,И ДА МОЖЕБИ ЌЕ ПОМИСЛАТ ПАМЕТНО МИ КАЖАА девојките на фемина,но назад ќе нема!! Незнам можеби и си во право до некаде,несакам да се расправам,но стави се за миг на мое место,да ти изнакаже се и сешто некој што не те познава и искрено незнае баш се....не сум сигурна дека ќе се чувствуваш убаво!! Поздрав!
Сигурно некој старец нема да и се додворува на некоја 18 годишна ако таа не му даде повод.Со мене некој чичко да започне да флертува или мои врснички ќе излезе смешен! Освенн! Тој чичкото е доволно свесен и знае дека нема шанса кај некои како нас.Иклучоците се многу ретки.Тој ќе покаже малку пари,што е за него да и купи едно парфемче за девојката или да ја снабдува со парички.Е тука девојката потпаѓа под негово влијание. Тој ќе си легне младо мевце,а таа среќна,задоволна и наполнета со пари.... Значи мое мислење е дека разликата во години се крие во парите.Можеби грешам ама тоа е...
Во тој случај зборуваме за спонзоруши. Тие се лепат, на старо, грдо, на се што оди на две нозе и има полн џеб. Друга е разликата во години кога тинејџерка ќе се попали на некој стар чичко кој со годините станува позгоден, па мисли дека е вљубена
Деновиве ги читам сите постови и секој си има свое гледиште се разбира. Јас кога имав 18-19 години излегував со дечки што имаа по 27-30 години и тоа воопшто не ми сметаше.Ми се допаѓаа и не размислував на разликата во години, а тие по неколку месечно излегување заминуваа, ќе сфатеа дека јас не сум за сериозна врска и така Сега од оваа гледна точка не би го правела тоа, ама што знам еден памет е тогаш, друг е сега
,лелелл баш оние старцине, помини-замини на улица дофрлаат ко ненормални.... Се качуваш во автобус, те гледа со некој грдо напален поглед, она лиги му течат Спојлер и си го драпа , а тебе ти иде да повратиш...Нив не им треба повод да ти се залепат.....Значи зборувам генерално што гледам низ град .... старчуга 50, како не им е страм јас не знам.. Ни 2 ни 3 на еден ДЕДО ( се возеше на точак, и дофрли нешто мизерно) му реков АЛО ИДИОТУ ВНИКА МОЖАМ ДА ТИ БИДАМ, ЗНАЕШ ЛИ КОЛКУ ГОДИНИ ИМАМ!?(Tогаш имав 16 години, а мизеријава може накај 60!!)! Е, од ваквите ми се повраќа, од 50 годишни што се вртат ко недозреани тинеџери! А уште повеќе ми се повраќа од некои 17-18 годишни што си ја даваат под кирија на некој што татко може да им биде!Ако не и ДЕДО!
Ако сакам да не добивам критики ами сожалувања и тапкање по рамо, нема ни да споделам проблем. Не има секакви, и секој може да напише што сака, секако во границите на нормалата. Ќе ве боли ако некој овде ве нарече со погрден збор, тогаш ви се сронува бисерот, а кога сте правеле глупости убаво ви било, тогаш не болело. Но не, тогаш не ве болело вас, го болело некој друг. Не зборувам конкретно за тебе, туку само упатувам пример, затоа што тебе те цитирам, ноу хард филингс.
Мислам дека веќе одамна имам дадено коментар на оваа теме, ама пак ќе се влкучам Јас имам две годишна врска - разлика сме 8 години. Пошто уште на почеток, типот многу ми се свиѓаше ја го одбивав токму поради таа разлика, но тој не попушташе. Така почнавме да излегуваме, без НИКАКОВ физички контакт. Тој период траеше 3 месеци, па почнавме со мали baby steps па одиме се понапред и понапред. Никогаш ништо не се случило без јас да сакам, секогаш ме прашувал дали сум спремна и за најситни работи. Не е дека, тој немал со кого па еве се закачил на напален тинејџер, зошто јас не сум ни наивна ни глупа. Уште додека ништо немаше меѓу нас знам дека неколку девојки му се потпикуваа. Сега после 2 години, воопшто не се каам за тоа што сум го сторила, напротив ќе жалев ако не пробав. Ми нема скратено ни дел од она што за него е веќе изживеано, туку напротив ме охрабрува да се забавувам, да излегувам без него, не ме тормози и контролира.. Но исто кај овие врски мислам дека не е паметно мн да се залетува, треба уште на почетокот да бидете свесни за разликата, и да му кажете што мислите. јас самата му кажав дека треба да е свесен дека влегува во ваква врска, дека јас немам намера да се мажам додека не завршам факултет (студирам медицина), и исто дека ако сака да се жени и си има можност таква со некоја друга, дека треба да си го направи тоа. себично би било од мене да го запирам во некои работи, кога не ни знам дали ќе останам со него, а не сакам јас да бидам таа која му го уништила животот. Така да девојки - трезвено во овие врски, не претерувајте со разликите и да одите со некои кои се стари колку вашите родители. Сепак на сите им посакувам се најдобро и не потпаѓајте многу под влијание на нашево општество, кое знаеме какво е поздрав
Po ona sto go procitav do sega, jas sum fenomen So mazot mi sme 20 godini razlika, o brak sme 3 godini, imame 2 prekrasni deca, super se slozuvame, i vo nitu eden moment ne se pokajav sto sum so nego Celo e koga ima se!!!
Не знам дали е баш соодветно место за да го поставам прашањето! Ама баш ме интересира што мислите за тоа да ви се допаѓаат помлади момчиња(2-3год помали)? Морав ова да го поставам бидејќи бев инспирирана од една случка каде што девојката(сега веќе жена) е постара од својот маж 5год па гледам дека одлично функционираат!
EEEEE, сега да ви кажам една вистинска приказна баба ми била 20 години кога се омажила, после реkордни 3 месеци врска со дедо ми Tој, Спојлер мајмунот да ти бил Спојлер 38 години...Aма фарбан у тоа глаата(си ја фарбал да не му се гледа некое бело влакненце ), исчупан у веџата,намирисан, стокмен и над 28 години никој не му давал (A така и се претставил)... баба ми си била влезена во филм, дека малиов е 28 години ! Hа денот на свадбата фино лепо, таа и цела фамилија дознале за ајдурмата на дедо ми! и да биде уште потрагично, на ист ден се родени ! Hо како и да е, имаа прекрасен живот, супер си изнаживеаа, секако додека дедо ми беше жив...
Годините и те како играат голема улога!Секако пред се зависи од самите личности,нивните сфаќања,карактери.Тоа рековме. Е сега.На некои им е подобро со повозрасен.Позрела особа,со која можеш да имаш подинамична врска,да бидеш подобро сфатен и да имаш човек на кој можеш да се потпреш и да рачунаш во секој момент при појава на каков било проблем. На некои пак со некој на нивна возраст(зборувам ете за моја возраст 20 години)незрела особа на која и е само до забави,пиење,глупирање.Да го наречам дете,кое може да те извиси заради Плејстејшн со другарите. Мора да напоменам:И тука постојат исклучоци! Јас би одбрала да бидам со некој минимум 2 години повозрасен од мене! Сум била и со помали од мене,но ете тоа не е за мене.
Да де,феномен,после 3 години во брак,дур има 44 години и од вијагра нема потреба,а да и уште по некој зачуван нерв.После кога ќе почнат влакна на ушите да му растат,па и на врвот на носот,кога ќе закажува за на уролог на секои три месеци...а тоа,еве вака,штрап со прстите,толку брзо ќе дојде,а ти...34 години...тогаш некои други феномени ќе почнат. Да ви се живи и здрави дечињата и ви посакувам среќа.