Океј така нека биди..., а ти каков совет дојде тука да бараш? Реален совет или некој што сакаш ти да го чуеш/прочиташ? На крајот на краиштата, ти сама си одлучуваш што ти смета во врската, а што не.
Ти имаш 40 год според напишаното дека е помлад од тебе дечкото, 10 години? На 40 години уште веруваш на маж што вака збори? Детски, несозреани муабети, не ти ни треба таков, да си го губиш времето со будала, посебно па на 40 години и на животно искуство, некој морон да ме зафркава, не ми паѓа на памет, не па да му простувам неверства. Нека крши глава.
Ти благодарам на советот, и јас така си мислев, но ете веќе година скоро помината, чим сум поминала преку тоа ќе терам, доколку има некоја ситуација да осетам , бидејќи секој чекор ми го кажува , се прави за мене искрено е тогаш нека си брка работа, најтрагично е што јас ништо не му верувам, сакам да сум со него, а не гледам иднина , и кога ќе си кажам да се тргнам јас сум како маѓепсана, само тој ми се врти во глава , неможам нормално да живеам.
Според твоите години, и зрелоста не треба воопшто вака да гледаш на целава ситуација, дечкото според мене е несериозен, колку и да ти го кажува секој чекор, кога ти влева недоверба, и не гледаш иднина со него, џабе е се. А и каков совет побара ти впрочем, за целава ситуација?
Тоа што поминала една година не значи дека треба цел живот да го поминеш вака, во недоверба. Изневерувањето не е само физички – почнува емоционално. Ако навистина сака сериозна врска со тебе, нема потреба да разговара со други девојки на тој начин. „Она ме побара“ е изговор за мали деца. Секогаш има опција да го одбие повикот, да не одговори на порака или јасно да каже: „Извини, сум во врска и не сум заинтересиран.“ Плачење, колнење – тоа не е доказ. Колнењето ништо не значи ако човек сака да лаже. Како што пиша некој погоре може да се колне и да лаже. Во средно имаше деца што цело време се колнеа „да ми умре мајка ако лажам“, и кога некој друг ќе го праша зошто лажеш? Ќе речат „што има врска, пази па стварно да не умре“. Ти веќе си го знаеш договорот, сама кажа дека не му веруваш и дека не гледаш иднина со него. Само треба да си признаеш. Јас лично би избрала да бидам сама отколку во токсична врска.
Се гледам со момче 7 г помладо од мене (јас имам 28,тој 21). I know it sounds bad. Воопшто не изгледа на 21, туку постаро и позрело. Да не зборувам за однесувањето, премногу културен, воспитан, пре зрел, размислува и се однесува како возрасен човек. Сум имала различни врски, и со моја возраст, и помлади, и постари, и никој не се однесувал толку убаво со мене, со толку голема почит, внимание и разбирање. Сепак, доаѓа од таква фамилија и е така воспитан. Неговиот татко ја гледа мајка му како кралица, а и брат му неговата сопруга. Машки доста постари од него се однесувале како едни незрели дечишта што ми било мачно да ги растам и воспитувам и сум раскинувала. Навистина никогаш не ми било поубаво со некого. Но многу сум збунета. Ајде годините што се разлика, туку некако сме во многу различен период од животот. Јас треба да мислам на фамилија, деца, а тој тек има цел живот пред него Многу би сакала да најдеме некоја средина, пр да го почекам 3 години max, доколку и тој би сакал, бидејќи навистина сакам да се формирам како сопруга и мајка. Знам дека треба за тоа да зборам со него но сеуште е некако рано, не сакам да го притискам. Навистина не знам што да правам, никогаш не сум била олку среќна, имам поминато низ мноооогу лоши работи во животот, не сакам да си бегам од убаво
Тоа што треба да го направиш е да си седнете и убаво да си поразговарате. Подобро порано да знаеш што можеш да очекуваш, отколку да поминат 3 години и пак да не знаеш на што си. Убаво е од твоја страна што знаеш што сакаш и каде се гледаш себе си. Не е бегање од убаво ако го прашаш и него што сака. Не мора темата да ја поставиш како ултиматум „јас сакам да сум мајка и сопруга, ти имаш 3 години“… Наместо тоа, прашај го: - Каде се гледа за 2–3 или 5 години во животот? - Какви планови има за себе? - Какви планови има за вашата врска? - Дали воопшто сака брак и деца? Ова се хипотетички прашања — не му велиш дека мора да се ожени со тебе. Исто така, ако рече „во наредните 5 години се гледам во брак“ тоа не значи дека мора тоа да биде со тебе. Разговорот е тука само за да знаеш дали одите во иста насока. Може тој да не сака да се жени пред 30, а може и да сака многу побрзо. Додека не прашаш, нема да знаеш. Исто така, реално, животот не оди секогаш според план. Можеби ти мислиш дека е во ред да чекаш 3 години, ама после тие 3 години не е гаранција дека веднаш ќе останеш бремена — може ќе ти треба уште време. Затоа прво прашај дали воопшто е подготвен за семејство и деца — така ќе знаеш дали вреди да вложуваш време и енергија во оваа врска.
Мој став од пред 15 години по ова прашање https://forum.femina.mk/threads/Разлика-во-години.101/page-11#post-158715 ....and it aged well
@Emilija97mk Разговарај со него ќе видиш што му се плановите, некој има план и на 20 да има фамилија, некој ни на 40 не сака.. И ти си млада уште не си стара па да ти се брза, жена може и на 40г да роди и чува деца. Зависи кога ќе и започне менопаузата, а не започнува пред 40тата година. Лично познавам жена што на 40 и некоја година си доби две деца, живи, здрави и тоа по природен пат си се породила без царски.. Немој да мислиш дека ти одбројува часовникот и дека си заканила со нешто. Денес е ретко да најдеш маж со такво однесување како дечкото што го опиша, ако навистина е таков.. Разговорај убаво со него не мора да го притискаш. И немој да бидеш со некој само за да се омажиш и да имаш деца, многу е важно и со кој ќе биде тоа.
Да, секогаш! Една од најлошите работи што може на некого да му направиш е да му/и го потрошиш времето за џабе. Инаку, имав повеќе девојки постари од мене, па различни карактери различно реагираа...ај еве ќе ти дадам пример....имаше една постара, разведена со дете (уствари две деца, ама постарото беше со татко му). Како и да е, се забавувавме неколку месеци, јас си мислам ОК е, се остварила како мајка, видела што е брак, нема сега да притиска за нешто посериозно, ама грешка сум бил, таа имаше поинакви планови....и велам „слушај, нели зборевме ова е само за забава, не е сериозно“ а таа ми вели „да, да, те разбирам, ....ќе сакаш да дојдеш на роденден на син ми, и да ги запознаеш моите....“ .....е ја сега....300 људи, 300 чуди.....сфатив дека додека сум со неа таа ќе притиска за брак, а мене уште ми беше рано, па со тешко срце и раскинав....се оженив 7 години потоа...
Одлично кажано, сум бил во такви ситуации. Ги кажуваш сите позитивни страни од ситуацијата, АМА со последната, негативната, објаснуваш зошто се сите тие позитивни. Негативната, часовникот, ги објаснува сите 'позитивни'. Имав ситуација кога девојката, 29 години, сакаше да ме запознае со нејзината фамилија после 2 недели откако се запознавме. Не знаев ни како правилно се вика, дека ја викав со скратено име, а веќе било сериозно за неа. Во друга ситуација, 31 годишна, после 2-3 состаноци/кафиња/мувања сакаше да одиме на однор во Грција, таа ќе платела. МОЛИМ ? Трета, 28-29 беше мислам, се запознаваме сред недела на еден настан и пиеме кафе и бидна што бидна. За викендот таа ѝ кажала на еден куп пријателки и познати - леле какво дете запознав, мора да го запознаете, ова, она. Испадна јас да заминувам за брзо од државата. И таа ми се пушти дека сум ја усрамил пред сите. Ме обвинуваше мене дека нема да може да ме запознае со тие на кои ѝ кажа за мене. А јас ни крив ни должен. И гледам какви намери имаат и им кажувам дека ова вака не оди и прекинуваме да се гледаме. Сакаат преку ноќ да се омажат и гледам дека не бираат со кој, со првиот што ќе им изгледа океј. Така да, за мажите, памет во глава и очи отворени.
Брат, мислам дека ќе се согласиш со мене кога ќе кажам дека не може да им се лутиш. Ги разбирам и се е во ред, но секој се движи со своја брзина, и ако не си спремен за брак (како што не бев ни јас) ставаш јасно на знаење и секој по свој пат. Биди ми поздравен!
Здраво на сите Ме интересира вашето мислење околу разликата во години во една врска. Јас сум во врска каде што имаме 17 години разлика.Јас 45 она 28,на моменти си велам дека тоа не е важно, бидејќи најбитно е да има љубов, почит и разбирање. Да додадам уште ова...она има 4 дечиња од предходниот брак,јас 3. Ја сакам повеќе од се на светов и не би ја оставил да биде сама во никој случај. Ајде да видам коментари како би постапиле вие понатаму
А кој вика да ја оставиш сама?Каде е проблемот?Имате деца ,сте се прифатиле ,се сакате ,се е во ред?Годините пречат кај некој од вас или на околината?Ако е на околината,тогаш тоа толку не е важно,важно е вие да се сакате ,јас би избрала љубов без оглед на годините