Важно е вие што мислите, ако на вас не ви пречи таа разлика во годините воопшто да не ви е гајле за другите што мислат. Ако прашуваш "кој што би направил" секој различно ќе ти каже. Јас лично не би била со толку постар од мене. Ниту пак верувам дека може да се роди љубов во мене кон некој што е доста постар од мене и 10 години разлика ми е премногу. Само годините ви се проблем или нешто друго?
Другар, ова го пишувам најискрено од срце верувај, ТИ СИ ПОБЕДИЛ ВО ЖИВОТОТ. СИ НАШОЛ КРАЛИЦА. УЖИВАЈТЕ ЗАЕДНО.
Она е доволно возрасна за да размисли рационални и реално и да се согласи за сите предизвици кои ќе си дојдат кога ти ќе имаш 65, а она 48 години (дај Боже ако сте живи здрави). Тебе би те советувал да се одржаваш кондиционо, да вежбаш редовно, да не пушиш и да не пиеш (бидејќи овие го забрзуваат стареењето). Реалната старост кај човекот е најмногу детерминирана од кардиоваскуларното здравје.
Ти благодарам. Како мислиш сум победил во животот? Како прво се знаеме премногу кратко за да преземам било какви чекори со неа,ама знам дека ја сакам и сакам да бидам со неа. Инаку да,за мене кралицата е она, во вистинска смисла на зборот.
Е вака размислува зрел маж, бравови посакувам многу среќа во љубовта. Љубовта не познава граници, се додека сте среќни и исполнети не гледам проблем. Имам само едно прашање, во каков однос си си нејзините деца и таа со твоите, и колку години имаат тие? Претпоставувам поголеми се. А и постарите жени се посекси и поискуснити завидувам богами
Како културно му објасни на човекот доколку пуши и пие нема да биде кодниционо спремен за во кревет и ќе го изневерува жена му бравос
Вие изгледа турска серија си снимате. За твоја возраст ми изгледа дека дечкото лесно може да те врти на малиот прст. Или не гледаш дека те изневерува или гледаш ама се плашиш да не останеш сама.
Запознав еден татин син јас минатава недела. Тој 25 години јас 20, богат е абе у пм. Одма почна со „сакам да знам што те прави среќна, што те исполнува, ретко вака некое девојче да направи да мислам на нејзе бла бла бла “, па еве го на крај муабетот гледа да го сврти на сексуален начин (некоја стапица ми прави ). Во денешно време дали постар дали помлад исти се сите. Јас лично не сум се пронаоѓала во љубов со голема разлика во годините. Веќе кога има 25 години што не најде некоја колку него. Исто ниво зрелост, слични детства, заеднички другари, слични искуства и ставови,...
Не сте многу, шо се 5 години, стари не' напраи бе ццц. Слични години сте. Мамини и татини синчиња и од твоите генерации ги имаш, и од сите, кажи кој не е, е тој да си го чуваш ако го најдеш.
А @zoki-poki како што прочитал си се оженил. Да не одам да копам низ форумот, колкава е жена ти сега?
Во многу различна фаза од животот си на 20 и 25. Личат малце 5 години вака, ама не е така во тие години специфично, кога едниот бил тинејџер до вчера