Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. SpartanX

    SpartanX Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    38
    Е логика вкрај хахаха
     
    На anonymousstr му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    5.314
    Пол:
    Женски
    Зошто ? Никогаш вака си немам помислено баш овие бројки. Имав школска 16 год она, дечкото 24. Заедно се уште.
     
  3. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Такви примери има безброј. Долга врска па брак. Супер кој му одговара.
    Јас на тие години (16) не сум била во сериозна врска. Ниту па сметам дека на несериозни години можам да имам сериозна врска.
    На 22 г. се уште не работев. Се уште немав дипломирано.
    Голема разлика е со некој кој веќе со години го има завршено образованието и работи.
    Тој ако е ок тогаш на 30 би требало да сака да се жени. Девојка на 22 не би требала да трча кон брак. За се си има свое време. Убаво е да се помине се.
     
    На Wellwell, Tam4yy и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    63.187
    Пол:
    Женски
    Поради разликата во животното искуство. Можи и 10 години разлика да е океј, ама едно е 16-26, а друго 26-36. Зрел маж нема што да бара со девојче кое е уште во училишни клупи или само што излегло од нив, треба да си бара некоја од негова лига. Ептен е предаторски.
     
    На mira.mira, Wellwell, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    5.314
    Пол:
    Женски
    Можеби си во право. Не знам.
    Јас немам терано сериозни врски како тинејџерка, па ни потоа нешто многу не..
    Па да. 16-26 не оди. Не дека не би функционирало. Сигурно има и такви примери. Имав школска на 17 год, во трета средно се омажи.
    Да не ме сфатиш погрешно, не дека охрабрувам, ама за да може категорично НЕ да се каже треба детално да се познаваат ситуациите. Инаку генерално да, одма ни се појавува предрасуда во глава, еве оваа ќе нема ни школо дс заврши со него, или тој нема да ја чека итн.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    5.833
    Пол:
    Машки
    Треба да имаш некоја педофилска жичка за да бидеш на 24 години со 16 годишни, дури и на 30 со 22 годишни...
    Што барам јас сега на 24 со 16?
    Тоа е дете што допрва треба да гради размислување, што допрва треба да размислува дали сака да запише факултет, да ја проживее младоста, не од се да се откаже поради мене затоа што јас кога таа ќе заврши средно ќе сум во години кај што планирам семејство. Што е ако не устерување во животот? На секој му треба некој со приближно исти години околу 5г најмногу разлика (за 20+ годишни пред 20 2,3 год разлика), за да можат да растат заедно, да можат да се формираат како личности, а не некој формиран до одредена возраст да соли памет на некој многу помал од него и да формира "вештачка" личност што него ќе му одговара.. Секоја врска со голема разлика во годините е токсична за помалиот партер без самиот да е свесен за истото..
    И треба да си идиот, психопат за да уништиш нечив живот..
    Замисли да е твоја ќерка би дозволил некој толку постар да си игра со нејзините чувства, се едно би ти било? Зошто би ти со некое дете што е исто така ќерка на некој?
     
    Последна измена: 22 јуни 2026 во 11:08
    На Gosh, bookslover и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    5.314
    Пол:
    Женски
    Океј се согласувам дека до некаде ова не оди. Ама пишав од аспект дека јас како помала кога бев секогаш сакав постар дечко да имам од мене. Па макар и една година. Не сакав никако помали или па генерација да сме. Е сега не сакав сигурно на 19 да најдам 30 годишен и одма да се мажам. Со сопругот сме 8 год разлика. Ама ништо не бев ограничена или ништо не ми беше скратено. Видовме дека сме компатибилни и толку. Пред бракот јас имав дипломирано и прошетано доста. Дури и додека бевме во врска одев на патувања по повеќе време во странство. Тој беше роб на работата негова. Потоа откако се насочивме двајцата на средување на животот стана подобро и за двајцата. Во смисла јас на некој начин влијаев тој да започне сопствен бизнис, давав безгранична поддршка, а потоа тој помогна јас да најдам и задржам стабилна работа. Уз се тоа и деца. Нема везе муабетот ќе стане за друга тема. Затоа викам не може да се каже без познавање на ситуацијата.
    Пример јас да тргнев со предрасуда бегај бе 8 год постар ова нема да оди, можеби ќе си останев со шетањето и ќе начукав 30+ па ќе требаше да се мажам набрзина со некој оти ми дошло времето (како што многу направија во моја околина).
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    46.249
    Пол:
    Женски
    На 16 години уште телото не ти е доразвиено, како воопшто некому 20+ би му било привлечно дете освен ако не го палат тинејџери свежо излезени од пубертет со сѐ уште детски лицеви црти? "Јас знам пар со таа и таа разлика и супер си функционираат". Да, едниот е за посматрање.
     
    На Oxymoron, eliesaab, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    63.187
    Пол:
    Женски
    Јас сум убедена дека нешто не е во ред во главата на зрели мажи што сакаат со девојчиња да бидат во врска. Тие девојчиња за нив се деца, и како што рече членот погоре, треба да имаат некоја педофилска жичка. Инаку и јас имам примери каде што средношколки се омажиле за 20+, 30 годишни (порано и позастапено било сигурно, но тоа не го прави океј) и можам да кажам само дека ми се гади премногу. И мене во средно ми се пуштаа 20+ годишни мажи. Ако имам ќерка што е средно и дознаам дека ѝ се пуштаат такви нема лесно да си поминат. Како сакаш врти не е никако во ред. Бегам како од оган од мажи што или се пуштале или мислат дека е ок да бидат со девојчиња.
     
    На eliesaab, Gosh, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    28.837
    Пол:
    Женски
    На 24 имав завршено факултет и више барав по струка работа, на 16 бев у школска клупа и се нервирав оти неќев да учам историја, мање битно другите маки.

    Еве, живо ме занима дали истиот тој маж на 24 години би се дружел со дечко од 16? Ако за другарство 16 годишен му е премлад, епа нема потреба од понатамошен муабет.
     
    На eliesaab, Gosh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    5.314
    Пол:
    Женски
    Не знам. Само споделив. Не навлегувам.
    Не реков дека е во ред. Само дека не можам да кажам кога станува збор за други луѓе за кои знам само возраст и ништо друго. Не сум и од тие што викаат дека годините се само бројка, ама се разликуваат врските. Од случај до случај има разлика.
    Не знам. Конкретно за мене можам да кажам дека се дружев на 16-17 год со братучедите и братучетките кои имаа по 25+ и шетав со нивно друштво.
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    28.837
    Пол:
    Женски
    И јас со постари братучеди сум излегувала. Ама братучеди. Роднини.
    На 24 не сум наоѓала другарки на таа возраст
     
    На Wellwell и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.635
    Пол:
    Женски
    Одите до крајност што ги осудувате машките што имаат 19/20 год дека имаат педофилска жичка ако сака девојче 16 год.
    Па повеќето наши родители се по 2-3-4 год разлика. Тоа значи кога они имале 20 вашата мајка имала 15-16. Тоа било периодот кога се запознавале.
    Дали вашиот татко во тој период имал педофилска жичка?
    Се знае кој е класифициран во категоријата педофил.
    Читајчи тука по можност врсници да се без да го осудите некој.
    Јас имам партнер 2 год разлика. Кога тој бил 18 јас сум имала 16, малолетна. Педофил бил. Не.
    На 30 год е ок со 26 нели 4 год разлика, ама на 20 со 16 не е ок.
    Па и така да е со крстот на чело ќе речат педофилска жичка.
    Да не претерувате малку а?
    На 16 год имав дечко 20 год. Заедно одевме на играорна. не го чуствував дека е 20г. Одевме 5 год, се разделивме поради Х причини не поради годините.
    Во ниту еден момент јас како 16г не осетив притисок ниту тој дека е педофил. Се ожени он со девојка постара од него 1 год.
    Ако е љубов во прашање не знам шо е спорно тука, освен осудување.
    16 год девојче и те како може да размисли дали и одоговра некој дечко или не. 16 год девојче е зрело, тоа што вие како родители мислите за вашите деца дека не се тоа е друго.
     
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    5.833
    Пол:
    Машки
    16 и 19 не е исто со 16 и 24..
     
    На Polyincognito, UsenameNotFound, Munchmallow20 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.139
    Допаѓања:
    185.829
    Пол:
    Женски
    Ко ќе се збора за разлика во години шо е помала мислам дека никој не збора за 16 и 18 или 17 и 20. Над 21/22 од друга страна ... да.

    Би рекла родителите кои ги имаме со голема разлика шо се запознале кога помалиот бил во средно, еве можи нема да речам педофил, ама дефинитивно ќе речам дека е предаторско однесување.
     
    На UsenameNotFound, tanjita, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.635
    Пол:
    Женски
    Ако им е ок на двајцата зошто осуда?
    Знаеш ли ти колку девојчиња на 16-17 год се зрели и какви успеси имаат за разлика од некој на 24г.
    Дека не е логички не е, 24год со 16г. ама логички е 38 со 30 нели.
    Во првата ситуација има педофилски нагон ама во вторава нема така? Да си разјаснам што е логички денес.
    Ако се осудува 8 год разлика и повеќе нека се осудува во сите возрасти.
    За мене денес јас како размсилувам од денешен аспект нормално ми е 2 до 3 год разлика. Ама не сум размислувала секогаш.
    Секоја доба на возраст различно мислење.
     
    Последна измена: 23 јуни 2026 во 08:24
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    28.837
    Пол:
    Женски
    И јас на 16 бев одлична ученичка, баш во втора година освоив и второ место на државен натпревар ама тоа не го менува фактот дека сум била дете.
    На 30 не си веќе дете и не си во школски клупи, на 30 се очекува да имаш стабилна работа и дом.
    Не е до разликата сама по себе туку дека едниот е дете
     
    На Gosh, Oxymoron, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.635
    Пол:
    Женски
    Да, ја сваќам поентата. Затоа велам секоја доба различни размислувања.
    Јас од денешна гледна точка не би влегла во врска на 16 год прво. Ама тогаш ми се чинело ок.
    Денес ми е ок разлика 2-3 год, ама порано сум викала ок и 5-6 год.
     
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    5.833
    Пол:
    Машки
    Не е исто зависи на која годишна доба си.. До кај 20 год разликата треба да биде мала од 2-3 год, после 20тите до 30 год до кај 5-6 год разлика, после 32/3 може и поголеми разлики.. Јас тргнувам од начинот на развивање не од зрелоста на размислување или колку некој е паметен..
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Како замислуваш врска помеѓу малолетна која не е работи, нема свои финансии и полнолетен дечко кој работи? Или пак полнолетна ама се уште студира а тој е со веќе 10 години стаж?
    За каква зрелост зборуваш на 16-17 г кога излегувањето е ограничено а можностите 0?

    За мене нормално е и 15 години разлика. И скроз е логично и 50 и 35. Каде ти гледаш педофилски нагон кај двајца возрасни кои самите одлучиле?