се изнасмеав,па да ја споделам случката на баба ми и дедо ми.таа е србинка и била 10 години постара од дедо ми,кога се запознале само дедо ми знаел,но не му сметало ич,ја донесол во македонија и сите му викале дека жената е постара од него а баба ми легенда викала-па ја нисам била у џак кад ме узимао-и сите до ден денес се смееме за оваа случка,баба ми не е жива ,но како анегдота добро е да се каже оваа случка. неможам да сватам кога некоја девојка како мене оде ,живее и се мажи за 50 годишен за неа дедо-некако не ми се поклопуваат работите,но немам предрасуди и што така некои размислуваат така го ценам тоа размислување и постапување.сепак некако не ми лепе. барем јас никогаш не ме привлекувал некој помал од мене,или пак постар 20 годин,до 6 па и 8 години може ама повеќе мислам не,и размисувања и искуства се е различно од две три децении
Со среќа нека ви е но реално ќе ви биде убаво се додека мажот ти не ја помине бројката 60.Е тогаш ти ќе бидеш во најдобра форма а ќе немаш маж покрај себе во вистинска смисла на зборот.Мислам дека ме разбра што сакам да кажам.
АУУУУУУУу како тоа па тоа е страшно да имаш врска со поворзрасен од тебе 8/9/10 години постар од тебе значи катастрофа невидена е тоа. Ма дај не зафркавајте нај сериозно,мислам после одреден период разликата од 8 до 10 години се губи, сега не дека тврдам дека девојче од 15 години треба да има врска со некој кој има 25, но девојка со 20 години сосема би можела да има супер врска со некој на 30 години. Причини има еден куп сум имале дечковци со мене врсници или пак година две постари од мене, но не ми треба мене некој за играње сони,некој кој главна преукупација ке му биде флизурата и неговото му мило друштво. А за сексот и да не збориме качи се симнисе кога почнал кога завршил Со едне збор кажано ако сакам да правам детски работи и да чувам неиживеани деца ке си родам едно неморам да чувам некое кое што друга го родила и разгалила. Барем јас така гледам на работите постар си е постар знае што сака човекот од животот поминал и сито и решето ( не дека нема исклучоци и помегу нив ) сепак има и некој не изживеани и со памет како 15 годишници. еве јас имам скоро 27 години за некој месец момчето мое ( сега вереник ме запроси на новогодишната ноќ ) ке има 35 и супер мие со него долго време сме заедно и едноставно ме исполнува,секогаш е тука за мене никогаш не рекол чекај треба да одам на фудбал со другарите или неможам сега гледаме утакмица. Сепак не велам дека сите постари мажи се совршени сепак се е до карактерот и до личноста,доколку мене ме прави среќна годините кој ги е.е, и доста со тие глупости за сексот ова она најубави години тој старец незнам што не е се во сексот мене маж не ми треба само за во кревет со тој човек треба животот да го споделам и искрено кажано и да е 15 години постар од мене а ме прави среќна на годините ама воопшто не би помислила и око не ми трепнува
На 20 сакаш и до 10 години постари,а кога се приближуваш кон 30-тата си викаш може и некоја година помладо
Многу девојки се против ова,теоретски Ама кога би биле со постар дечко сигурно би увиделе дека не е тоа толку лошо,сепак да,верувам дека влијае на врската. Се ти е тоа карактер. Има луѓе што и на 33 се забавуваат како на 22,има некои што се мрзливи и секакви само не забавни на 22,а на 33 се најидеалните луѓе што можеш да ги имаш во друштво. Така да,се е тука избор
jas so de4ko mi sum razlika 7 god. odnosno 6ipol jas sega ke polnam 16 a toj ima 22 god. pa super ni e premn se sakame, se po4ituvame jas mislam deka nema vrska razlikata vo god. ako ima lubov togas patot e sloboden zatoa sto lubovta e slepa ne znae za god.
Мое мислење е дека разлика до 6,8 год. може да се толерира,ама 15, па и 20, тоа е веќе многу.Станува збор за две децении, замисли јас сум била во пелени, а тој најВЕЧИ фраер у маало. А што ќе биде со децата, сама ќе треба да ги гледам со 60 год.дедо.,тој само ќе ми ги склепа, а нај ќе ги одгледувам и нив и него. Јас 40, а тој 60,јас 50-тој 70, размислете малку.
А што мислите за врска кадешто девојката е постара од дечкото Има ли некој таква врска и како му оди? Колку мислите е реално разликата да биде?
од лично искуство ти кажувам до 2 години.....али би толерирал и до 3 .... а за тоа дали оди врската, зависи од левелот на созреаност на дечкото
Психологијата на повеќето Македончиња: Млад дечко + постара девојка....,гордост за малиот пред другарите ќе се пофали :"Ќарам бре луѓе секоја вечер од старкава ",а таа демек:" Си можам епа што,трча малиот по мене ,абе заљубен е до уши,можам да си играм како што сакам кога е смотан "...и кај ќе видиш тој имал проблеми со недостаток на мајчинска љубов ,а и помалите девојки нешто го зезнале па им се прави на сите сега "голем маж" што успеал да си ја фати "старката" ..... Млада девоја + постар дечко - или е спонзоруша во денешно време многу ги има, или пак љубовта е слепа.......хахахах..и трето ...спонзоруша е .......... На крај краева кога ќе видиш каква психологија се брка кај нас може на некој комотно да му се стемни пред очи .....Искрено врските се нешта кои се случуваат сосема без "врска" ..или тој да е постар од неа ,или таа од него секој си има право да биде со тој што сака и на начин кај што ќе сака ,а секогаш ќе постојат некои кои немаат попаметна работа па ќе кажуваат бабини-деветини кој со кој бил ,која со кого и зошто -такво ние општеството расудувачко ,наместро да гледаме за самите себе секогаш прво гледаме бибер да им ставиме во супата на другите .....Според мене разликата во години зависи од одредено толерантното ниво кај сите (генерацијата во кои живееме (или таа во која некои се заглавени :зошто има и такви што сеуште се водат по принципите од турско време ) како предуслов за споразум помеѓу двајцата ),нивото на зрелост и обврзаност кон другиот се клучни за успехот на некоја врска а се останато се множи со 0 фактор ....
мене не би ми сметало момчето да биде постаро од мене ама не повеќе од 4 години. А за помлади од мене да е не сакам..Или врсник или малку постар.
Немам ништо против разликата во години ... годините се само број, има многу поважни работи во врската дечко ми не е многу постар од мене, 3 години и супер ни е.
До четири години ми е нормална разлика, до 10 можам некако да оправдам, ама над десет тоа е веќе заради интерес
Па вака...Порано јас одев со еден кој беше 10 години постар од мене. Се беше ок, го сакав највеке, повеке и од самата себе неможете да замислете само колкава беше таа љубов...Но, не ни успеа. Зошто? Затоа што јас бе 10 год помала од него. Имавме различни интереси. Мене ме интересираа други работи а тој беше веке зрел маш 21 година имаше значи он сака повеке од љубов. И плус тоа не кажуваше на никој од другарите дека оде со мене пошто ке го направеа педофил не се малку 10 год разлика. Сега си имам дечко што е 4 год само постар од мене и во се се согласуваме. Супер ни оди и имаме скрос исти интереси. Значи од мое искуство ке кажам дека разликата во години можеби одма не е битна првите месеци кога се оде подмачкано, но потоа станува сериозен проблем. Така девојки барајте некој на своја возраст или некој највеке 5 години постар од вас. позз
Не се согласувам баш.Јас со дечкото сме 10 год разлика па супер ни оди,три и пол години сме разлика.Најважно е да одржуваш бачанс во врската и да си се надополнувате.Јас правам некои работи заради него,он заради мене..и не претставува течкотиа никаква зошто си се сакаме.
Бившиот ти дечко сигурно бил педофил ,зошто ако ти се точни бројките кога он имал 21 година ти си имала 11. Без навреда но навистина ме интересира каква беше таа врска ,зошто ти си била апла дете?Јас на 11 години уште си играв со барбики
Секоја голема разлика си има позитивни и негативни страни . А една од негативните е , тој доживеал претходно се што вие сега сакате да го видите , доживеете. Големите разлики понекогаш не се нормални, за некои можеби во моментот на занесеност се... но подоцна во голем дел каење. Сепак во прашање се години ...тргнете од себе , пред неколку години поинаку сте размислувале, а сега со некоја година повеќе , друго размислување, гледање на работите и се поголема возраст поинаку е . Сигурно не би сакале да се видите 20 годишни со некој 30, 40 годишен иживеан, ете за тие разлики говорам, можеби и не требаше за некои во љубовта можно е се .Приказна за себе.
хеххеххе не бевме баш 10 год разлика бевме 7 год разлика али ги ставив 10 да биде на цело Бев 13 ипол години али бев премногу заљубена у него и се фативме затоа. Па и ја си играв уште со барбики та што мислеш ти хехехехх
imam vrska so razveden covek toj ima 38 a jas 23 i bas ni e ubavo...odlicno se soglasuvame i nadopolnuvame... toj beshe vo brak 20 godini so zena koj nikogas ne mu pruzala ljubov,zenata e egoist.... ja poznavam licno...toj se ozenil na 19 godini a dodeka pak taa imala 17, imaat dve prekrasni kerki i samo zaradi niv ostanale zaedno vo brak cekajci gi da porasnat da gi izvedat na prav pat... i sega pogolemata kerka e odi na fakultet si ima svoj zivot, a pomalata e so majka i.... slucajno se zapoznavme i svatvme deka sme srodni dusi, isto razmisluvame...dovolno mi e da go poglednam i da svatam sto saka da mi kaze.... znam mnogumina bi me osudile,i moite ne go prifakaaat nego no nie se sakame i spremni sme duri i da se zameme... nasata ljubov e tolku golema...taka da ne gledam deka postoi problem iako toj e 15 godini postar od mene.... [mod-kirilica:2hcsba1f][/mod-kirilica:2hcsba1f]