Age of consent не е декларација или печат дека врски меѓу малолетници и возрасни луѓе се нормални и здрави. Како ова воопшто се дискутира? Тоа постои за да генерално не се криминализираат доброволни врски меѓу тинејџери со тинејџери. Оф корс и да се зашитат малолетници од злоупотреба од возрасни личности. Никој здрав и нормален возрасен човек не оди со тинејџер. И чистењето во свој двор не важи кога некој возрасен се обидува да искористи детска незрелост. Sorry, kis4e
Немам уловено поглед на постара жена 30,40+ да мерка младо момче 18 и испод, додека на другата страна, тотална спротивност. Меркање од глава до пети, лиги течење фигуративно кажано. Одите да се лечите под хитно.
Ова не е добар аргумент, затоа што многу голем процент на пријатели и општо машки со кои имам зборувано, многу млади изгубиле невиност со непријатно постара девојка, и тоа е до некаде нормализирано. Као за нив дека се машки, нормално е. Имам слушнато свашта, 13 со 17 годишна, 17 и 25, 17 и 30+ годишна и сл. Нема често да се слушне ова, затоа што и кога ќе пораснат не се перципираат како жртви, туку како јаки затоа што ебеле на тие години. Не сакам да намалувам од сериозноста на машки педофили кои трчаат по средношколки, секако мислам дека се во поголем број, ама језиво колку жени постојат со грумерска жичка и искористуваат млади момци со хормони. Не знам што точно им се врти во главата.
Познавам и јас. Една тета ракета...Со деца одеше кои беа генерација со нејзините синови. И од машки сум слушала дека кога се млади бараат постари жени за секс, за врска не. а на темава мислам малце претерувате со тоа педофилијата. Темата е разлика во години. Age of consent не би коментирала, затоа што јас на 16-17 год можеби ќе сум мислела дека сум согласна, ама не сум била сигурно свесна за многу работи. Од тој аспект разбирам зошто бурно реагирате. Меѓутоа разлика во години меѓу полнолетни, не би требало толку да се дига прашина, пак да не генерализирам не значи дека на 18ти роденден точно во 00:00 личноста е зрела и готово. Некои не се зрели и на 35 год. Темава е мислам секој за себе да си каже. Што му е прифатливо, што не.
Јас не знам како една ваква тема стигна до факултети и дипломи и докторски, професии, кој од каде е и толку многу напреднатото Скопје. Мјауу. Разликата во години е битна се во зависност во која возрасна група се наоѓа помладата личност Доколку зборуваме за некој на 30 години со личност од 40, 45, тогаш е во ред бидејќи и двете личности се доволно зрели. А веќе кога зборуваме за тинејџери до 18 години, мада и до 20-21 година не се нешто паметни, тогаш и те како има врска. Како некој што од 14 години му е кажувано од машка страна како тоа е зрел за своите години и попаметен и поразличен од другите кажувам дека маж кој е веќе во светот на возрасните нема што да бара со деца ! Ниедено дете на 16 години не може да биде доволно зрело за да расудува дали личноста спроти него е во ред или не. А тие повозрасни кои се дрзнуваат да пристапат на малолетни деца, значи дека се само лузери кои не можат да најдат партнер на своја возраст па мора да лажат помали. Ебале ве вас и Америка и овие и оние како да не гледаме што се случува таму па биле зрели на 14 години. Некој психолози и стручни лица џабе си ги тупеле главите да одредат кога воопшто тие лица може да постанат гласачко тело а земена е најдолната граница што доволно треба да ви кажува за нивната способност за расудување. И ќе ги замолам оние од НЕпростите места, и ониее без дипломите, оти некад од авион се гледаат некој комплекси за нешто што не сме успеале да го постигнеме да ја почитуваат нашата култура односно изразување на македонското кирилично писмо. Фала и пријатно.