Интересно. Ја па мислам дека 19 годишниве девојки се поискусни него 30 годишниве момци во денешницава.
Како искусни? Искусни пошо мислат дека се' шо лета се јаде? Тоа ти за искусно го сметаш? Дај ти се молам. Шо праиш, повикуваш да им се пуштате на недораснати тинејџерки
О не не, апсолутно не. Јас "искуството" го интерпретирав различно. Не е баш одговорот на тоа прашање црно-бел. Зависи од многу работи. Девојката ако избере да биде студент, тогаш веќе сосем различни животи живеат, едниот додека струдира, 30 годишниот мисли да оформи фамилија. Од друга страна, девојката е полнолетна, и секако според мене за животот има многу работи да научи. НО, ако се решила да створи фамилија на рани години, што многу тоа го прават, иако времето е сменато и се помалку и помалку се таквите, што ги спречува тогаш? Разликата во години? Кога едниот ќе има 50 другиот ќе има 40, тогаш разликата некако помалу се зема во обѕир.
Ако мислиш сексуално. Ментално се далеку од поискусни, треба да растат, учат, емотивно созреат, уште се деца тинејџери.
Сеа нека се одлучат, искусни или неискусни бараат? Или за провод искусна, за женска и сопруга неискусна
Интересен заклучок донесовте, не ми се ни верува. Споделив мислење за разлика во години помеѓу две полнолетни личности.
Го цитирам повторно одговорот од членкава. Тоа МОЖЕБИ ме асоцираше дека зборува за искуство со дечковци па и сексуално искуство. А животно искуство значи СЕКАКО дека го нема, 19 години има. For the record, пошто гледам се што кажувам е интерпретирано многу погрешно и се употребува против мене Нит сум нит ќе се додворувам на девојка со толкава годишна разлика. За мене границата е +- 2 максимум 3 години без разлика кој е повозрасен. Толку кажав. Останатото го објаснав во претходното мислење. Предатор бе...
Чудно кога нешто ќе се спомне во врска со некоја девојка, вас одма ве асоцира на нешто сексуално. Во овој контекст, шо има врска девојката дали е сексуално поискусна или неискусна од мажот? Или во било шо друго, шо има врска сексуалноста, јас стварно не ве разбирам вас мажите.
Дека се наоѓам во подфорум љубов и секс, препроверив случајно на carclub да не сум го пишувал мислењето.
Што и да кажам уште толку понадвор од контекст ќе го однесите разговоров. Прашањето е 20 и 30 год разлика во години. ТЕМА Од правна гледна точка нема проблем. Од социјална гледна точка, зависи од двете личност како се поставени и кои им се целите. Доколку постои искреност, взаемна согласност и рамноправност без манипулација, односот е сосем легален и валиден. Сепак, како што реков не е црно бело прашањево и нема точен одговор. Се зависи од свесноста за разликата во животните фази.
Бараат по можност да се девици ама исто така да имаат односи со нив како искусни. Зошто мене на 29 не ме привлекуваат машки од 20? За мене тие се деца. И не, нема врска тоа кој побрзо созревал, биологијата била таква бла бла. Не можам да најдам ниедна логична причина зошто 30 годишно мажиште би сакало да брка 19-20 годишни девојчиња. Одете таму барајте си возрасни девојки на ваше ниво.