На страна законот и правната гледна точка, кое животно искуство го има некој тинејџер од 19 години во споредба со возрасен човек од 30 години? Без разлика на пол. Еве јас во средни дваесетти или некоја на 30, кој муабет би го правеле со 18 годишен што вчера завршил средно? Што е тоа што би нѐ споило? Што би можеле да имаме заедничко? Сосема различна животна фаза и различно ниво на зрелост и искуство. Друго е разлика од 10 години кога сте двајцата доволно возрасни и зрели, друго е кога едниот е или до вчера бил тинејџер. Не е воопшто исто, на пример 30 и 40 со 20 и 30. На 30 си веќе возрасна и остварена личност, а на 20 тек почнуваш да живееш и да стекнуваш искуства.
Груминг, по се испаѓа само грумингот е причина за жал. Да речеш младост, лепота, у репродуктивен период се кај шо хормоните им цветаат, зар постарите од нив не го поседуваат ова? Да ама тие имаат колку толку и зрелост, нешто проживеале, па се заебале ако мислат ќе им пројдат нивните манипулации. Најмизерно ми е коа се вадат на тоа дека овие младиве девојчиња ради можно неискуство, се помалце напорни и токсични од повозрасните девојки, па затоа ги бирале
И со добра причина. Зошто на 18 и 28 имаш различен живот. На 40 и 50 и не баш.И да, предаторски е да те привлекват teens.
Истата поента е доловив уште во мојот прв пост али некако погрешен заклучок се донесе. Значи, да сумирам и бришам од темава, I'll take the L како што рече имењакот (и да не му го црнам името). Ако 20 годишна девојка реши да бара стабилност и ако таа стабилност ја гледа кај 30 годишен човек и сака да створи фамилија на таа возраст од тие причини, зошто да им забраните? Зошто гледате само од страна на мажот како груминг? 90 % од маживе (И НЕ ВКЛУЧУВАЈЌИ МЕ МЕНЕ) ако им пристапит 20 годишна, ќе ја одбијат? Без разлика на намери? Да не се лажеме. И ова го доловив, баш тука. Значи ја гледате работава само од страна на машко мањачиште шо се пали на млади, не го бранам и не го дискутирам тоа. Ако ме разбравте во ред, ако се изјаснав недобро, пак океј. Намерата друга ми беше, бидете ми добри и поздравени. Реков, не е црно бел одговор. Дали подржувам да се бркет 10 годишни помлади, поготово тинејџери? НЕ. Да не навлегувам за малолетници, некој ќе изврти приказна и ќе ме нарече педофил.
Ама буквално во тоа е поентата. Тоа е проблемот, што не одбиваат. Може да ти пријде кој сака, твое е да одбиеш или да не одбиеш. Може и мене да ми пријде средношколец, ама јас сум возрасната и јас треба да имам малку поголема свест за да знам дека немам што да барам со дете. Тоа се очекува и од возрасен маж, да знае дека нема разумна причина да има било што со тинејџерка.
Мажите немаат чувство за сакање или пак да бидат сакани. Буквално да можат ќе се наденат на сѐ што мрда, ама и до толку па самопочит да се немало еве не знам.
@Dek0 Па ако сака некоја на 20 години да оформи семејство зошто не би го направила тоа со некој од 20-24 години? А тие 30 годишни да си бараат складно на годините девојка... Ау да извини заборавив дека се премногу зрели и паметни 30 годишни девојки за да паднат на нивните манипулации и игри.. И да треба да добиеш кога ќе ти пријде 20 годишна, затоа што очигледно не е доволно зрела и не размислува паметно, а ти како постар треба да ја одбиеш.. А на 50 годишен да пријде 20 годишна не треба да ја одбие? И да предаторски е на 30 да бараш 20 годишни да ти родат дете и да станат мајки. Остави закони и тоа дека е легално само со нејзина согласност..
Баш овој муабет за постар дечко со помлада женска паднал повеќепати на тема на муабет со луѓе со кои се дружам. Сите оние мажи на 30+ кои ги сметам за емотивно зрели и сериозни биле на ставот дека преферираат некоја позрела и дека ако бираат меѓу 18-20 годишна и некоја на нивна возраст би се одлучиле за втората затоа што има поголемо животно искуство. Добар секс може да се има и со едната и со другата ама добар муабет на различни теми, разменување на мислења и квалитетен совет е многу поверојатно да се добијат од постарата. Кога сме кај физички изглед, никакви драстични промени нема од 20 до 30 така да таа што е добра риба ќе биде добра и на 50. И сериозно, знам за примери каде 50 годишни изгледаат подобро од дупло помлади. Реалноста е дека 30+ годишен нема што муабети да тера со некоја од 18 која уште е во средно. Скроз е друга ситуацијата ако 30 годишна е со некој над 40. Со годините доаѓа и искуството, луѓето на некој начин се изедначуваат и таа разлика во години помалку се забележува. Нормално дека секогаш ќе постојат исклучоци ама ова е еден мој генерален заклучок.
И тоа го одговорив, али како никој да не ме чита. Значи многу се ретки машки што се спремни 20-24 години да одгледуваат фамилија, има еден куп причини али не навлегувам во тоа, ќе избегаме многу од темата. Ај да видам уште колку ќе го однесете надвор од контекст муабетот. Ме нападнавте како да ги бранам, ви кажав во кој случај може да се деси за членот или членката што праша разлика години 20 со 30. Вие заминавте во тинејџери. Крај краева, пинувајте ја формулава на почеток на тема: Твојата возраст ÷ 2 + 7 = Најмладата возраст што би можел да дејташ. Секако, +18. Значи, за 30 годишник тоа би идало, 30 / 2 + 7 = 22. И и тоа не е за земање здраво за готово. Си го прекршив зборот дека ќе бришам од темава али ајде, пошто љубезно ме означи
Зошто женско е зрело на 20 години да биде мајка машко не да биде татко? Во секој случај е голема разлика.. И по формула гледаш мала е. Прво ја искористи формулата виде и по формула не бива, па пу-пу сепак не важи формулата.
Јас не ја измислив формулата. Порано зрели биле ли на 18 што се мажеле? Сепак се мажеле. Што е дискусијава пак да прашам? Формулава ти напоменав, ако имаш 20 години, ќе дејташ 17 годишна? За тоа ти реков 18+ ама ако кој како си сфаќа.
Едно време се мажеле и на 13-14 тогаш зрели биле? Зрели се 14 годишни? И зарем нема и машкото исто години и тие се женеле на 20 зошто сега мажите на 20 не се зрели и треба да чекаат да наполнат 30 и да бараат 20 годишни девојки за да се женат?
Бро, порано немале многу ни избор, биле присилени од дома да се мажат. Затоа денеска скоро сите наши баби на нас девојките не советуваат да не се мажиме рано и да си проживееме животот. И стварно, ретко која сака да се мажи денеска на тие години. И тие шо се мажат, обично се разведуваат до кај 25та или се покајуваат шо се мажеле. Животот е еден, дај доста веќе со тоа мажење, луѓе глејте иживејте си го бар до 30та година па после шо сакајте прајте. И јас се мажив млада и многу се каам заради тоа.