Веќе кога се во години и успешни (не знам колку е) мислат дека заслужуваат убава и млада жена до нив. Како трофеи им е за тоа што придонеле кон индустријата.
90% у тие години се Вело Марковски, а он е постар само неколку години од Бред Пит, замислете. А и психички, овде на 30/40 години повеќето се бумери, не па на 70 да најдеш човек со модерен мајндсет и интереси што ти се блиски, да гледате слични серии/филмови, да имате сличен хумор, просто е невозможно. Мене од моја генерација ретко кој ме шармира, не па да се трљам со Трифун Костовски. Мора да станува збор за некаков моми/дади ишус, не знам ств. Зборам за разлики од 20/30 години.
Јас имам 22, дечко ми 31. Заедно сме скоро 1 година, на почетокот, кога дозна за годините му беше глупо и прекинуваше со мене. Јас му се враќав, ми беше симпатија уште неколку год пред да се запознаеме . Сега ми е супер.
Немој да дозволиш годините да бидат пречка .И две години разлика се многу,ако со некој човек не се сложуваш.
Еве овој со 56 години помлада мома и оп дете на девеесет, се земале кога имала 17 тој 73 (младолик бил доста): Премалку е. Најди си постар... Шега на страна, сè зависи дали ви оди муабетот и дали сте слободни и двајцата. Повеќе загрижува ако, доколку прашуваш за себе, на 31 не си сигурна па прашуваш тука непознати на форум што они мислат за туѓата (во случајов твојата, вашата) љубовна среќа.
Годините не се битни кога е во прашање љубов која е искрена верна вистинска По мене најубава одлука во мојот живот
Здраво, секогаш кога пребарувам нешто ми излегува форумов и решив и јас да побарам совет. Не знам дали ова е најсоодветно место, за ова, мислам дека да. Јас имам 20 години, а девојка ми 28 години, не сме многу долго заедно, околу 2 месеци ама сите секогаш ни велат дека сме премногу разлика. Ние се запознавме преку игра, и долго време игравме заедно и многу време поминувавме таму заедно и комунициравме преку дискорд, главно муабетите ни беа во врска со играта и некогаш некој детал од реалниот живот, после почнавме да се гледаме на камера преку дискорд и мене ми се допадна, мислам дека и јас на неа, ама тоа време не знаевме колку години имаме. Тоа беше пред околу една година и тогаш прв пат кога кажав дека имам 19 години изреагира таа и почна да се оддалечува од мене, мене не ми пречеше ни тогаш ниту сега разликата, ама пак постојано бевме долго заедно бевме и двајцата таму во ист круг на луѓе. После некое време решивме повеќемина од играта што бевме блиску од Балканот да се сретнеме и од тогаш почнавме да се дружиме и приватно и после неколку видувања одлучивме дека сме во врска. Ама постојано сите реагираат кога ќе ни ја дознаат разликата, сакав да слушнам уште мислења. Последно кога се гледавме во камера сестра и беше таму и ме покажа на неа и кога кажав дека имам 20 год чудно ме погледна и мене и неа. Мене не ми пречи што сме толку разлика, ама секогаш кога некој ќе изреагира се прашувам да не згрешивме што не останавме само пријатели
@Bunnyy^^ имате теми за комуникација, како одлучивте дека сте заедно? Да не ме сфатиш погрешно, ама вон играта е најбитниот дел. Или, евентуално, ако ѝ е до забава, па бара нешто лабаво. Накај 30, реално, поблизу е до мажите на 30+ неголи до твоите години, каде тек допрва осознаваш што (не) сакаш. Еве и да е сериозно, за неколку години отсега ќе сака брак, деца, семејство (тргам од некое универзално, непишано правило). Дали ти ќе можеш да се носиш со тоа, општо ќе ти треба брз скок на било кое поле? Размисли си убаво. Среќно.
Не е проблемот многу во 8 годишната разлика. Најмногу проблемот е што до вчера ти си бил тинејџер а девојка ти е во позрелата група. А ако женска ти размислува на твое ниво тоа значи дека нема некој умствени способности за пофалба.
Тебе не ти пречи ама на неа кај и да е ќе почне да и пречи. Голема разлика е машкото да е 8г помал од женското.
Имаме теми за комуникација и надвор од играта. Сигурен сум дека не и е само за забава. Не знам од каде идејата дека нема умствена способност и од како виде како размислувам јас како таа? Зошто би и пречело ако се друго е океј?
Не можеш да ме разбереш што сакам да ти кажам. Членката погоре ти објаснила дека женската е во далку позрела група од тебе. Жена 8г по стара од тебе е многу по зрела од маж кој има 20г. Не можеш ти исто да размислуваш со жена од 28г.