Да позрела е, ама не би морале исто да размислуваме за да бидеме заедно. Никој со никого не размислува исто.
Не мора да размислуваш исто, треба да размислуваш зрело, а ти не си зрел уште, што е нормално за 20г дете. Таа жена има може размислувања за да ствара фамилија, ти на 20г ли ќе ствараш фамилија? Ти си дете, а дете ќе правиш.
Доволно сум зрел и одамна не сум дете, барем кога станува збор за чување дете може знам повеќе и од некои што се 30+. Не доаѓа знаењето и зрелоста само со годините. А дали таа скоро планира да чува дете не знам никогаш немаме разговарано за тоа. Ама и да сум 30+ сигурно на два месеци врска не би правеле муабет за деца и семејство па колку и да е сериозна врската.
Уште едно незрело мислење. За да со еден човек си во врска, и те како треба да имате ист светоглед. Сметам дека треба да пораснеш. Учи, собирај знаења и искуства, ќе ти се најдат. Од седење по форуми и смислување прикаски не се видело ништо добро. Како лета животот, ќе го бараш времево назад, но ќе го немаш.
затоа парови раскинуваат оти не размислуваат исто, едно е да сакате различен вкус на сладолед или да имате различно мислење за филмови, друго е кога не размислувате исто за сериозни теми
Хахаха во нашиот град има една она имаше 27 маж и 17 па фамилија се потпишуваше дека може да стапи во брак дека бремена и од тогаш поминаа 5 години сега изгледа ко баба да му е со 2 деца и 100кг а тој сирот сега излезе од пубертет
Зрелост е (многу) поќе од само гледање деца. Ама ајде, ќе порасниш ќе сфатиш. Дека си мал и разликата е голема - е. Има причина зошто се подумала и та кога ги дознала твоите години. Во исто време сега си 20. 2 години над полнолетство, сакам да вервам стекнуваш животно искуство полека полека и не е исто ко со 18/19 (или помалку *чука на дрво*) ама не е ни исто со 22/23 каде поќето кај нас завршуваат студии и влегват во работен однос и добиват уште една перспектива за животот и независност. Колку поќе си независен и стекнуваш искуство и сфаќаш шо сакаш и шо неќиш - оставаш помалку простор за манипулации. Мене момент кој ми остај впечаток беше кога пиша дека можеби требало да останете само пријатели. Разликата во години е единствената причина за такво размислување? Разгледај подетално шо те натера да го пишиш то зошто можно е да има поќе зад ова изјава.
Леле ко ја да се слушам на 16 години. Цела бев пуна себе дека сум позрела попаметна и подобра за разлика од оние на моја возраст. Додуша така ме убедуваа мажи 5+ години постари од мене па имав високо мислење за мојот степен на зрелост.