1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    Јас лично не прифајќам врски со многу години разлика значи многу сум против тоа ама многу, знае се млади со млади, стари со стари.Младите девојки што одат со постари мажи сигурно не е за љубов или дека се многу убави, имаат некоја корист од нив па затоа одат со нив. Јас мислам дека секоја млада и паметна девојка би сакала да има млад културен секси дечко. А тоа е само едно залажување дека ке те ожени итн. извини вака али според мене тоа е реалната вистина, тој веќе си направил деца и фамилија така да нема да му требаат други.Кога ќе те ожени напиши на форумот сигурно ќе биде никогаш. поздрав
     
  2. elenna89

    elenna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    25
    Не сакам никого да осудувам, но зарем ти со твоите 23 години не заслужуваш да имаш млад, убав, згоден и паметен дечко,а не човек кој има 38 години, развден, со 2 деца...Неговите ќерки се колку тебе !!! Значи тој има врска со девојка,колку својата ќерка :worried: Велиш се согласувате, се надополнувате...А зарем нема некој на твоја возраст со кој ќе најдеш заеднички работи и ќе се надополнуваш ??? Сепак твој живот-твој избор ! Јас лично не оправдувам толкави големи (да не речам ОГРОМНИ разлики во години)...До кај 5 години е сосема ок ( па ајде може и некоја повеќе) ама над тоа веќе мислам и дека се разидуваат и интересите и погледите на двете личности !
     
    На causevsku777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    со дечко ми сме 7(без 8 месеци) години разлика... на почетокот беше малку потешко но сега добро се сложуваме и мислам дека во љубовта не се важни годините.......
     
    На bejbe69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bejbe69

    bejbe69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    7 години постар ?
    шо мислете вие ?
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ова ко некое педофилско мото ми звучи.
    Па и не се баш само број годините, со годините доаѓаат и многу други работи како искуство и различни сфаќања. Има и многу други битни работи во врската, ама и тие други битни работи на различни години се различно битни ;) На некој 23годишен многу битен ќе му биде сексот во врската, додека на неговата 8години помала девојка нема да и биде толку битен, на неа пак многу битно ќе и биде да и подари розево мече за валентин

    а?


    И јас не верувам во огромни разлики, порано или подоцна ќе се јават проблеми токму поради таа причина. Секоја генерација си носи со себе различни сфаќања. Ај до кај 10 години некако оправдувам, ама повеќе не ми се сфатливо. Ваљда постојат и некои исклучоци кои ставрно можат да функционираат ама додека не видам со свои очи, не верувам :)
     
  6. bejbe69

    bejbe69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    барам мислење во врска со тоа..
    7години разлика..?
     
  7. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    мои блиски пријатели се 13 години разлика и многу одлично функционираат, имаат 2 деца, за мерак се кога ги гледаш, а секој ден сум со нив, разликата не е важна имав дечко постар од мене 7 години но не е зрел ни за 15 годишно момче .... права љубав године не брои
     
  8. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Разликата во години не е мерило за успешноста на една врска.. Познавам многу врски со по 7, 8 години разлика кои одлично функционираат.. Ти самата најдобро си знаеш дали тебе ти одговара тоа или не, така да, што и да ти кажеме ние ќе биде излишно.
     
  9. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    тоа не е ништо ако си значите и ако ја прифаќате разликата.......
     
  10. Simeonova

    Simeonova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    A dali ima nekoja razlika i precka ako maskoto e pomalo od zenskoto 1godina ili 2????:worried:
     
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Прво 10 години сме разлика, па сега 7 :^) . И извини вака што ќе се изразам, ама на 11 или 13 години како и да е, премногу заљубена во 21 годишен дечко :^). Ова ако е врска :tmi:
    Ти си дете во вистинската смисла на зборот, јас незнам ни како си помислила за дечко, а и дали е било тоа врска или така си мислела ти :^)
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Jaс и моето мажуле сме 7 години разлика. Се приметуваат некои разлики во нашите размислувања (што е и нормално, бидејќи тој го поминал она што јас го минувам сега пред 7 години). Но од друга страна е добро, бидејќи ја сфаќа ситуацијата, зрело се донесува (макар годините не се мерило за зрелост)...
    Едноставно совршено функционираме :) барем сега за сега ;) Јас такво младо и уште со активен ген-лудило, а тој малце постар, повеќе озбилен, таман го разбудувам она детското и лудото во него :)

    Сепак врски со разлика поголема од преку сила 10 години-не ми се логични.
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас и дечко ми сме генерација и супер ми е заедно растевме, созревавме, се образувавме и сеуште сме заедно :) :inlove: Според мене годините не се битни ( добро зборувам за веќе оформени личности а не за деца од по 15 години) сепак да не е ептен голема разликата. Најбитна е љубовта и разбирањето.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    За мене се што повеќе од 5 години разлика ми е некако неприфатливо.
    Годините не се секогаш мерило за зрелост, но сепак секогаш имало и ќе има судир на интереси.
    Секоја генерација си има свои сфаќања. Она што јас сакам да го изживеам, тој веќе ќе го има поминато
     
  15. Crushed

    Crushed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ви ги читам мислењата и си размислувам како вие би реагирале на мојата приказна. Според тоа што го прочитав некои би рекле дека сум спонзоруша, некои би рекле дека е чисто од интерес, а оние кои досега пишуваа дека годините не се битни, ќе ме подржат со одредена доза на скептицизам. Што ќе кажете на +18? Јас ќе ви ја раскажам мојата приказна, а вие сами оценете дали станува збор за интерес или нешто МНОГУ посилно од тоа. Уште од кога знам за себе се однесувам многу поодговорно и позрело од моите врсници. На тоа ме натера животот. Од секогаш сакав и сакам повозрасни мажи. Една вечер спонтано се запознавме и веднаш ни тргна муабетот. Покрај мене седеше се она за кое сум сонувала и мечтаела во животот. Како што минуваа деновите, се повеќе бевме заедно и се запознававме подобро. Не знам како да ви објаснам, се разбиравме со поглед, со еден збор функциониравме СОВРШЕНО. Беше фасциниран од начинот на кој јас се однесувам кон него и општо кон другите. Беше пресреќен што покрај себе конечно имаше личност со која може да сподели се. Се заљубивме еден во друг. Беше преубаво. Но, злите јазици и овојпат не потфрлија. Достојно си ја завршија работата. Колку само го тормозеа и му зборуваа.... Му ја наполнија главата и го срушија се она што го градевме ние. Сакам да кажам ИМАШЕ ЉУБОВ, немавме разбирање од околината за нашата љубов. Никој не може да каже како ни било, тоа остана само меѓу мене и него. Ние знаеме како го поминавме тој пекол. Сега не сме заедно. И ако некој ме праша што не раздели, не разделија годините, поточно истите оние луѓе кои тврдеа дека годините не се битни и од кои очекувавме најголема подршка. Истите тие ги кроеа плановите против нас и еве сме. Не успеавме... Сеуште се гледа оној копнеж во нашите очи кога ќе се видиме....
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Многу Crushed, ако ти имаш 19 , он има 37.
    Или кога ти си се родила он више еб*л, или матурирал, или почнал да работи...дај Боже да си среќна цел живот како сега , ама само кога ќе помислам дека на твои 35 он ќе има 53 ...тоа ми е несфатливо.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Си стојам на моето мислење во врска со темава.
    18+...
    Љубов? :^)
    Можеби е до мене, јас сум веројатно фалична во размислувањата за огромна разлика во години, зашто кога сум се родила, татко ми имал нецели 20 години.
    И сега - ајде јас да се ујдисам со некој - колку татко ми?
    :^)

    Во врска со проблемот опишам погоре, не сум ти во кожа, не се познаваме, пробувам да не судам, и покрај цврстиот став за вакви нешта.
    Да не ти додавам сол на раната, ама доколку било вистинско и квалитетно, никаква околина и злобни јазици нема да влијаат на врската и да дозволите да ви ја уништат.
    Луѓето се борат секојдневно против стереотипи : богат-сиромашен, дебел-слаб, христијан-муслиман, црн-бел, убав-грд, итн, итн... но само истрајните и вистинските опстојуваат.
    И тоа би било тоа.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crushed

    Crushed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да, но како што гледам вие сте од Скопје. Јас сум ипак од помала средина
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како прво Crushed не е до средината, до тебе е. И јас можам да сум типична „Македонка“, типична „скопјанка“, да се верам со дечкото ако сакам да живеам со него само затоа што „знаеш како е кај нас“, или пак да го кријам мојот мелез мувач, бидејќи не е најбел а и затоа што „леле што ли ќе кажат“ - ама не сум. Јас сум јас, со своја глава, и свое размислување.

    Како второ, како може некој друг да е виновен за тоа дека сте се разделиле не ми е јасно. Јас изгледа сум ограничена во овој дел и не знам да размислувам онака за да успеам да разберам како е возможно кога двајца безрезервно се сакаат да дозволат сите останати да им ја уништат љубовта?!
    Па има бре и резервни вилици за 1ви април да извадам и да касам наоколу и нема да дозволам никој да ми го наруши тоа мало парче среќа кое го имам. Секако доколку сум убедена во тоа.

    И како трето, не верувам во тие глупости - јас кога сум тргнала на училиште тој веќе се пијанчел на матура, па нема со таков да излезам сега. Да, можеби во тие години разликата е голема, но подоцна се се менува.
    Но од друга страна некои огромни разлики не се бришат туку така. Не заради тоа што ќе рече околината, пред се заради дијаметралните разлики во размислувањете, интересите, начинот на функционирање. Колку и да сме зрели за свои години, или да изгледаме помладо отколку што навистина сме, вистинската возраст ни влијае на карактерот. Возраста или искуството - наречете ја како сакате.
    Ама правила нема и некои врски и пркосат на гравитацијата и на моето размислување.
    Пред некое време на еден мој познаник почина татко му. На 80 и неколку години. Беше постар од неговиот дедо. Па ајде видете вие дали вакви врски не успеваат. Или ова е исклучок на правилото. Не знам :|
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Ама па он си го изживеал животот до даска, а она се што знае за животот е он.
    Кај нејзе има огромна дупка во искуството, нејзиниот живот се состои од него.
    Он на 19 живеел живот како тинејџер,а она на 19 се замара со него, локални муабети, проблеми да го задржи.... Е тука е разилката, еден ден ќе сака да си надокнади се што пропуштила , а он тогаш ќе биде пред пензија.
    Не дека лично Crushed ја осудувам , туку генерално моето мислење за толку големи разлики во возраста е такво.