Mene pred godina dena da mi go postavevte ova pra6anje ke vi kazev deka idealna razlika za vrska pomegju de4ko i devojka e 5 godini. No vo poslednava godina mi se slu4ija tolku neo4ekuvani raboti taka 6to go nemam poveke toj stav. Sakajte se lugjeeeeeeeeeeee. Ne se bitni godinite devojki. Bitno e vie da ste po4ituvani, bezgrizni pokraj va6iot sakan, sakani i srekni bez razlika dali toj e 16 godini postar od vas. [mod-kirilica:biibnv6q][/mod-kirilica:biibnv6q]
Разликата во години немора да биде пресудна за една врска. Сварно незнам зошо се дига галама кога ке се спомне поголема разлика ? Све је индивидуално од човек до човек. Сум рекла : на кој како му чини така и нека прави мислењето на останатите да не го засега.
на форумов секој си кажува свое мислење и си дава свој коментар! ако е така ко што кажуваш што воопшто пишала на форумов колкава разлика се со дечко и ???? мене воопшто не ме засега разликата, само ми е многу не секојдневно...
За да биде успешна една врска или брак,треба да се има доверба,почитување и најважното Љубов,а тоа може да се постигне ако партнерите се зрели и знаат што сакаат во животот а тука годините не играат голема улога Јас и мојот сопруг сме врсници,а сум слушала дека за сопруг се зима особа постара барем 3 години од тебе(демек повеќе ќе те почитувал),а тоа барем кај мене не се покажало како точно,бид.имам сопруг за пример,кој многу ме почитува и чува(да ви даде Господ таков сопруг на сите)
имав не една 3 другарки на коишто им верував и со коишто делев се па на крајот ме заебаа и ми направија многу проблеми дома и со дечко ми (на светот постојат многу љубоморни суштества што сакат само да расипуваат животи), а што се однесува на споделување на убавите моменти со некого, ги споделувам со него. Другарка можам да си најдам во било кое време, тоа не ми е проблем, ама навистина сметам дека не ми е потрбна. Еве на пример ако ти си ми најдобра другарка, самата ќе се оддалечиш од мене, затоа што ќе сватиш дека дечко ми ми значи се во животот и ќе ти здосади да ти зборам за него(нормалноо ќе сакаш и тебе да ти обрзнувам внимание, а јас напротив одкога ќе ти раскажам како сум си поминала со него, без да го ислушам твојот поминат ден, ќе избегам со дечко ми на дружба), и ако не си фатш и ти дечко што исто толку многу ќе го сакаш, нашето другарство ќе се сведе само на пријателство, а пријателите што ги имам неможам да ги изборјам на прсти, како и секој друг човек. Како и да е, битно да бидеме сите среќни, секој со своите потреби и можности, и само љубов да не опкружува, а здравјето да не следи. viva la љубов
Мене лично не ми сметаат изборите на луѓето,ако некој си ја поднесува разликата и последиците кои таа ги носи,немам јас ништо против. Сепак постои стереотип постарите машки личности да сакаат што помлада девојка покрај себе,некои само ја лечат кризата на зрелото или средно доба со тоа.Факт е како поискусни дека полесно ќе заведат помлада,не дека сега сите помлади се наивни и лесно се заведуваат,има и постари од мене што и пред нос да им ставиш нешто-џабе-не го гледаат,сконцентрирани се на својот нос,подалеку од него им е вон досег,не на погледот,на свеста.Девојките на помлада возраст дечките на нивна возраст често ги сметаат за досадни,што не значи дека реално е така,овие од потреба да се допаднат,често се погрешно разбрани и ја оплескуваат од срам,погрешно разбрани постапки и сл.Факт,секоја сака да го има Аштон Кучер ама да ги има искуството на Џорџ Клуни.Реалноста е-Аштон ќе ја замара со неговата незрелост,ако не и смета-среќна ќе е со врсник.Друга реалност ако ги има приказните на Џорџ,самодовербата и искуството,веројатно е и побелен како Џорџ. Што би рекле нашите соседи-Нема и јаре и паре ( и овце и новце ).Или повеќе ти треба едното или другото,секој бира по волја и секој што си прави,тоа си трга-што би рекол народецот наш премудар.
Потполно се согласувам со m.dejzi . Навистина требаат другарки но колку денеска можеш да очекуваш да бидат вистински и искрени тоа тешко да се одговори. И моите другарки од средно ми беа “другарки“ додека не фатив дечко. Тие останаа слободни јас веќе им здосадив и немавме заеднички теми околу љубов и дечковци (тие беа на мислењето дека поубаво е да си слободна јас не го делев истото мислење со нив) и сега нашите пријателства ги сведивме само на едно здраво и тоа по фб хахаха. Навистина некогаш тие потребно да се искажиш и исплачеш кога тие тешко пред некој или пак за нешто убаво да го споделиш. Но дали постојат такви кои ќе те ислушаат до крај ќе тажат кога и ти си тажна, ќе се радуваат кога и ти си среќна, навистина незнам многу се ретки тие личности. Јас другарството искреноста и се останато го сведив на едно обично пријателство со разговор за општи теми од животот и мислам дека така мие подобро. Не ми требаат такви другарки колку само да ги имам а знам дека идеални луѓе нема и не очекувам дека нешто ќе се смени или подобри кај нив едноставно се оддалечувам од таквите и продолжувам со свотој живот. Како што доаѓа времето другарството се полека и полека изумира. Можеби се оддалечивме од темава но сепак сме тука негде блиску.
Па моите не го прифаќаат но не заради тоа што е помал има и други причини. Инаку оние што ми се поблиски мислам на друштво сите гледаат на тоа како на многу нормална работа. Може имав и јас среќа дечко ми не е детинест, на моменти и посериозен е од мене. Не знам зошто сите гледаат на тоа како на табу тема? Многу нормална работа, како што момакот може да биде постар од девојаката и девојката може е од него.