Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. oblacebelo

    oblacebelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    и јас се наоѓам во слична ситуација и имам чуство дека тој размислува понекогаш и посериозно од мене. кога ке го прашам зошто сакаш да си со постара ми вика дека со девојчиња колку него или помали не можи да направи сериозен муабет.но си мислам дека моите родители никогаш нема да ја одобрат таа врска и затоа немам храброст да продолжам со него. а исто така и моето друштво до некаде го има тоа конзервативно мислење.
     
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Јас предходно бев во такава ситуација.Тој 23 јас 28!!Многу беше загреан по мене, јас испаднав помалку глупава, па го откачив само заради разликата во години иако тој и на изглед личеше повозрасен од мене па дури и во понашањето!!Врската ни траеше 4 месеци и да ви кажам наискрено ништо не ми фалеше со чоеков.Напротив ми беше убаво.Ама понесена од стереотипите си ја усрав целата работа.Затоа совет од мене:негледајте многу многу на годините туку сконцетрирајте се на квалитетот на врската!!
     
  3. oblacebelo

    oblacebelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    многу ми се допаѓаат вашите размислувања и се надевам ќе ми помогнат да соберам храборст и да ја прифатам врската со него и покрај размислувањата од околината.
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    па ок разлика сте само три години за мене сосем нормално доколку ти можеш да функционираш така долку дечкото е доволно зрел и паметен за тие години. и предсе гледај дали ти лично можеш да опстанеш во таква врска или не, а за другите баш да не ти е гајле. а впрочем на дечко ти не му пишува на чело колку години има или сигурно ти не правиш со друштвото здраво запознајте се ова е дечко ми ... и има 19 години :) во спротивно никој нема да знае колкав е. И при запознавањето со твојте дозволи првин да го запознаат како човек и неговите квалитети ;)
     
  5. oblacebelo

    oblacebelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    хехехехехехехехехехе кога јас го запознав првиот пат забележав дека е помал од мене. значи и другите ке забележат дека е помал :) тој прво ми рече само една година. мене и тоа ми изгледаше многу бидејки никогаш не сум размислувала да бидам со помал. другиот ден кога се видовме ми кажа дека е три години. кога наредниот пат ме викна па да се видиме јас бев решена да му речам дека нема шанса ништо да биди меѓу нас. но баш таа вечер се почуствував толку убаво како што не се имав почуствувано и со повозрасни.
     
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум мразела луѓе кои што се полни со предрасуди и луѓе кои што целиот свој живот го поминуваат осудувајќи ги постапките на другите. Категоријава од кожа ме вади. :devil:

    Разлика во години,па што бе. Не знаев дека годините знаат да бидат мерило за љубовта која што може да се развие помеѓу тие двајца. Ама дефинитивно,нешто што не оправдувам и нешто кое што не можам да го разберам,е онаа разлика во години кога едната страна има 14-15 години,а другата страна по 20 и кусур години,некогаш и повеќе.
    За жал,знам многу вакви примери,а ми се гади од нив.

    Едноставно,не можам,ама не можам бре брате,такви фаци да гледам као у стилу многу се сакаат,не знам филмска љубов им се дешава готово,приумираат еден за друг,а уствари ни едниот ни другиот појма си немаат во што се вовлекуваат. Мозоците тотално различно им ги перцепираат работите на 14-15,а сосема па поинаку на 20 и кусур. Мислам дека во тој период на сите ни е јасно што се случува,па нема потреба од давање коментари тука.

    Таа разлика во годините ја оправдувам само кога се работи за зрели луѓе,веќе свесни за тоа во што се вовлекуваат и свесни за последиците од истото. Сето останато,ми е изван темава и не планирам да го дискутирам,али пак ќе кажам,немам ништо против таквите врски и народов ограничен веќе треба да сфати дека тоа е сасвим нормална работа! :x
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.485
    Пол:
    Женски
    Облаче за дечко ми сите велат дека е многу постар од мене. Така изгледа, а и така се однесува. Напоменав еднаш дека моите не го прифаќаат ради други причини, а плус е и тоа што е помал. Ама тоа е плусот :lol: Убаво ти напиша Карак ти нема да го претставуваш ова е Петко , ама тој има 20 години, ама ние сме толкава разлика. Но ако тебе ти е проблем, што верувам дека ти е бидејќи праша тука, а и спомна дека твоите нема да го прифатат тогаш размисли добро.
     
    На oblacebelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    во ред ликот може и да лаже и јас лично сум младолика и имам проблеми поради тоа. ете кога јас се запознав со мојот дечко ок немав проблеми ми ги знаеше годините тој е 1 година поголем од мене но во една ситуација дојде да се запознааам со неговите претпоставени од работа и другиот ден му рекле каде си го нашол ова девојчево ќе те уапсат за заведување на малолетничка има ли тоа девојче 16 години хехеехе а тој им вратил да има 19, не им се верувало :rofl: :rofl: :rofl:
    така да личноста не се цени по ликот туку по размислувањето и ставовите начинот на однесување и неговиот развиен бон тон ;)
     
    На oblacebelo и marama им се допаѓа ова.
  9. oblacebelo

    oblacebelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    а како ти се справуваш со тоа што родителите не го прифакаат него? оти јас ако дознаат за нашата врска не можам ни да замислам како ке реагираат.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски

    Зошто се оптоваруваш со тоа? Млади сте, уживајте ако ви е убаво во врската, не се мисли што ќе речат твоите. И кој вели дека твоите родители не би го прифатиле? Можеби ти мислиш дека нема да го прифатат и си правиш филмови од тоа, а всушност да не испадне така. Затоа ти велам, уживај во врската, не е важно што тој е помал од тебе, важно е што вие си имате разбирање. И не се работи за некоја огромна разлика ;)
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    Една другарка си фати сега брзо дечко, ми кажува типот професор во средно школо, демек постар позрел... другиот ден го запознавам дечкото... :^) јас личам за најмалку 6-7 години постара од него :D типот е младолик, да го сретнев на улица повеќе од 19 не му давам... ама сеа нив да им е арно, башка другарка ми бркала помали порано, така да и да помислат дека е помал од неа не е страшно ;)
    Јас од друга страна, имам дечко повеќе од 6 години постар од мене, ама кога првпат се фативме, никој од неговите другари не ми веруваше дека сум средношколка... :D сум искочила до 23-24 годишни дечки и никој од нив не ни помислил дека сум нешо помала од нив. Од секогаш ме правеле постара, уште на 15 год никој не ми бараше лична карта :D ќе плачам за тоа за некоја година, кога ќе почнат да ми викаат дека имам 35 хахахахахаха
     
  12. oblacebelo

    oblacebelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    да и јас познавам многу такви што се колку мене а и поголеми а имаат детинеста фаца. ама сепак да ме сватат родителите ке ми биди многу полесно. знам дека нема мојата мајка да го прифати тоа оти еднаш разговаравме за еден мој роднина кој се жени за врсничка и коментиравме дека таа личи како постара од него. и нејзиниот коментар беше дека и врсник не било убо оти жената секогаш старее побрзо од мажот.
     
  13. Gulu

    Gulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    јас мислам дека разликата во годините е важна пред се.јас имам дечко кој е 10 години и 7 месеци постар од мене и итекако имаме проблеми во комуникација,размислување,понашање,желби и сл.велат дека девојките побрзо созреваат а момчињата заостануваат во тој поглед но сепак,разликата во годините си го прави своето,а и карактерот игра важна улога исто така.одсекогаш сум сакала,а и сум имала повозрасни дечковци од мене но одвивањето на врската,кога се земени во предвит тие пречки, е многу тешко....
     
  14. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Разлика во години ок, додека е во границите на нормалата..... Јас сум 7 години помала од мојот сопруг, па и додека бевме во врска и сега не сме имале поблеми, одлучно комуницираме, и се’ е супер. Не можам да сфатам огромна разлика меѓу партнерите по 15,20 години, па и над толку... Исто многу ми е смешно кога момчето е многу помало од девојката..... ајде за раче и ќе шеткаме :lol:
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секако дека разликата во годините е важна но не е и пресудна за една успешна врска. Кога љубовта е вистинска мислам дека и поголема разлика не би пречела, нормално доколку и двајцата се подготвени да се борат за врската. Сум имала повозрасни дечковци од мене ама не била некоја голема разлика... се во нормални граници.
     
  16. Crushed

    Crushed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
     
  17. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    не премногу е тој преживеал се а на девојката само што и почнуват убавите години и да се приврзе кон човек што треба веке да ствоорува семејство не би препорачала на никој
     
  18. xBabyJane

    xBabyJane Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Точно така, годините играат голема улога во врските. Некој ќе каже "Што има врска годините!?" но јас мислам сосема спротивно. Како погоре кажаното, не е исто да имаш 22 и да имаш 33 години.
     
  19. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Јас секогаш сум за постар партнер еве и зошто :)

    1. Постарите момчиња, не сите, но поголемиот дел од нив, зад себе веќе имаат богат животен патопис и набилдани се со искуство како да се однесуваат и да чуваат една млада дама како вас.

    2. Хистеричните испади и неоснованите напади на љубомора се сведуваат на минимум, а стабилност и хармонија е она што ќе добиете.

    3. Можеби понекогаш ќе бидете лишени од ноќните излегувања до 5 часот наутро, но затоа ќе научите да уживате во поинакви вредности.

    4. Зад себе ќе имаат листа на жени, но тоа можете да го сфатите само позитивно бидејќи веќе имаат проживеано и не се младичи на кои им зовриваат хормоните на секое кусо здолниште и сакаат да зграбат што повеќе од животот.

    5. Нивното животно искуство и образованието ќе ви дадат широк дијапазон на теми за разговор.

    6. За него секогаш ќе бидете неговата мала принцеза или пак неговата млада атрактивна жена која и на 60 години ќе се чувствува млада покрај него.

    7. Знаат што сакаат од животот и имаат проектирана визија на својата иднина, исто така и ковчег на грешки зад себе во кој ги чуваат сите научени лекции. Грешки кои нема да ги повторат кон вас бидејќи животот им подарил мудрост.

    8. Нема да има потреба да го чекате да созрее или да бидете во врска 15 години за да порасне и да ве земе за жена, а потоа цел живот да бидете виновни за неговата непроживеана младост и да се плашите дали во секој момент ќе му се разбудат апетитите да проба нешто ново.

    9.Секогаш ќе може да побарате совет или да се посоветувате со него за некое животно прашање кое ве мачи или пак едноставно знаат да ви зготват појадок.Покрај него можете да се чувствувате сигурна... Тој знае како да смени гума или пак да го смени прегорениот осигурувач во вашиот дом.
     
    На Spidy и LightBlue им се допаѓа ова.
  20. goranco

    goranco Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    vlijae,otkoga maskoto ke gi pomine 50-tite godini od zivotot