Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    ^^^Jaс би рекла и двајцата сте зелени, и мислите оти се што лета се јаде. Јас сите петнаесетгодишници што ги познавам не знаат сами лепче да си намачкаат, така да, глупаво, ептен глупаво |(
    И по незнам кој пат кажувам, разликата од 8 години(која патем е и кај моите) не е страшна кога е во прашање однос 20-28, ама ако е 20 со 32,3,4 е богами судир на генерации.
     
  2. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    познавам една девојка која има сега 16 години(тогаш имаше 14 )и има дечко(т.е старец е веќе)некаде околу 50 години :o :o :o
    која разлика ?? тој татко може да и биде.. а тие се сиромашни таа нема татко.. мајка и знае за него дури и кај него се преселиле... мислам ужас тоа уште од толку малечка да се упропастува ...
    сега се знае дека заради пари оди кај него иако тој не е богат туку како мајстор таму згради што прават она. ова..
    Ужас! и во никој случај ова не го оправдувам!
     
  3. Anagard89

    Anagard89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас сум 22 години,тој е 35 години,веќе пола година сме заедно.На почетокот све беше во ред,по негова иницијатива излегувавме,муабетот ни беше супер.Последниов месец несто не е во ред,и самата не знам што се случува,дали му е било само извесно време да биде со мене,или тоа треба да го прифатам како нормално во нашата врска,затоа што разликата ни е голема.Мене лично не ми пречи тоа што е постар од мене толку години,затоа што мене ми одговара да сум со таков човек,сериозна личност сум,и не сакам да си имам работа со деца.Доколку има некој/а со поголемо искуство да ми даде совет што е најдобро да направам,дали да се жртвувам за него,или да не си го губам времето на празно...
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    101
    и јас и сопругот сме поголема разлика во години но нашиот брак функционаира беспрекорно(веќе имам кажано во неколку наврати во други теми).Ако си спремна да се откажеш од некој работи и тој исто така мислам дека ќе бидете задоволни и двајцата.Па секогаш мора да се прави компромис безразлика дали дечкото е постар 3 или 13 години,едноставно сите луѓе немаат исти интереси.Не верувам дека му е целта за само одреден период со тебе,ако вашата љубов е голема,седнете,разговарајте со отворени карти,сигурна сум дека ќе најдете НЗС.Позз ти посакувам среќа :*
     
  5. Anagard89

    Anagard89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали сите мажи кои се во врска со помлади девојки се толку затворени на почеток,бидејки ова за мене сепак е уште почеток,треба на некој начин да се потрудам да почне да зборува за било што пред мене или е рано за такви работи,бидејќи тој ми има кажано дека со тек на времето све ќе си дојде на место...
     
  6. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    ^
    Прво,ако мислиш дека се жртвуваш тогаш нешто не е ок со целава работа...
    никој за никого не вреди да се жртува....
    ако не си задоволна со нешто во врската тогаш треба отворено да разговараш за тоа...
    и да се обидеш да го разрешиш ако е можно тоа...
    овде нема врска дали е помлад или постар...
    отворен или затворен во однос на некои работи не зависи толку од годините туку од карактерот на самата личност...
    многу битна работа е да се дефинира целта на ваква врска...
    каква и да е таа..на долги или на кратки патеки...треба да им одговара на двете страни...
    и двете страни да имаат желба да истраат на таа цел...
     
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    погрешно си сватила не реков дека јас сум 18 а дечкоми 15 :D туку во мојот град гледам вакви парови и сметам дека е премного глупо па ве прашав за ваше мислење :)
     
  8. Uspeshna

    Uspeshna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Мислам дека разликата во години нема никакв улога во врската и не влијае доколку двајцата партнери сакаат да бидат заедно. Точно е дека треба да се откажете од некои работи но ако се сака се се може. Работите кои сакате да ги правите а одговараат на вашата возраст секогаш може да ги правите со вашите пријатели а тој со неговите.
     
    На bbeebbee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    точно !
     
  10. fiesta

    fiesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми се допага еден дечко, многу време се допишуваме но проблемот е што тој има 35 години а јас имам 20 и незнам како да постапам дали да прифатам да се забавуваме,затоа што разликата е 15 години, ве молам за совет :) :worried:
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Барај младо мевце (ко што тој бара). Капиш? Мнооооооогу работи има тој поминато за кои ти не ни сонуваш дека постојат.
     
    На milicka19, karak и fiesta им се допаѓа ова.
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    мене лично би ми сметало голема разлика во годините. Оправдувам разлика до некаде 5 години, но не и од 10-15 г. Сега на пример кога ти ќе си 20 а тој 30 нема да се приметува разликата, но подоцна кога ти ќе бидеш 30 а тој 40 знаете колку се приметува ? исто како ќерка ке сте му на тој човек :)
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    А што мислите за 17 годишно девојче и 36 годишен маж??
    Баш би сакала да чујам мислења.. :) Би ми помогнале !
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Мислам педофилија, ќерка можеш да му бидеш.
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Баш како што напиша и самата: ДЕВОЈЧЕ и МАЖ.
    Доколку ова девојче си ти, слободно можеш в полиција да го пријавиш.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Моите родители се во брак повеќе од 25 години. Разликата помеѓу нив двајца е цели 12 години :) , прилично доста. Да речеме, мојата мајка имала 18 години, кога го запознала, 19 кога започнала да живее со него, 20 кога ме родила мене, по година и пол се створил и братов мој :^) . Во нивниот однос до сега и немам заприметено некој посебен проблем во комуникацијата, освен стандардните падови и подеми, какви впрочем има во секоја врска. Најверојатно, тоа си потекнува од самото тоа, какви карактери се двајцата, колку си одговараат, колку се совпаѓаат во своите интереси и погледи кон светот. Кај нив, очигледно тоа совпаднало прилично добро :), бидејќи мајка ми отсекогаш била верниот советник на татко ми, кој и ден денес не може да издржи цел еден ден без неа :lol: . Си има човекот потреба да и прераскаже се што му лежи на душата, пак ако треба и од крај на светот она да си се врати дома да го сослуша и да му каже што мисли. |( Приврзани се еден за друг. Така е тоа кај нив да речеме.
     
  17. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0

    Не,тоа девојче не сум јас .. Тоа девојче е една моја другарка на која никако неможам да и докажам дека тоа не е во ред !!! И јас самата и реков да го пријави,пошо стварно човекот ја многу замара....се надевам дека му дојде памет на тој ,мажот и ќе ја остави на мира ! Мислам дека ќе помогнат коментариве ваши,ви благодарам а јас ќе и ги покажам нејзе ;) се надевам ќе ме послуша :?:
     
  18. DeDee

    DeDee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    познавам девојче има 13 години и има "дечко" стар 21 година.. :fubar: лудо!! се чудам како може? како тој нишо не и праи? :x
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    А сака да ја посвои или што? :^) Друго овде не ми оди мене :|
     
  20. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    124
    Мислам дека разликата во години не е битна во љубовта.. most of the time.
    Пример, моите родители се цели 20 години разлика, а останале во брак 26!
    Но, не ги поддржувам оние врски помеѓу 14-15 годишно девојче и возрасен маж. Тоа е веќе педофилија. Што друго може тој маж да прави со девојче, освен "you know what" ?