Мајка ми и татко ми се разлика 9 години, имаат прекрасен брак, не дека е совршен нели ама за разлика од оние на околинава се гледа дека се сакаат и сложуваат, а и пред некоја недела направија 25 години во брак Јас пак знам брачен пар кои делуваат онака доста сложни...а кога ми ја кажаа разликава на години се запрепастив.Не толку од разликата во години, туку годините кога ги имала девојката кога се земала со него Значи таа имала 14, а тој триесетина Избегала кај него и нејзините морале да ја остават таму, само цело време си мислам нели е ова противзаконски Сега се поминати околу петнаесетина години и имаат 3 деца. А кога би ме прашале мене јас сум малку скептик за годиниве, максимум ми е околу 6-7 години разлика! Еднаш имав скоро едномесечна врска со дечко, ама кога дознав дека е 10 години постар од мене, веднаш пресеков од корен... можеби зошто тогаш имав 18, сакав да лудувам. Мислам дека се зависи од карактерот на парот. Зрелоста не се мери според годините.
Јас мислам дека девојчињата имаат неразрешени daddy issues, па затоа одат со толку постари. Има нешто татковско во нив, мада работите што ги имаат на ум ни најмалку не се татковски
немора да значи виножитке дека е така.јас и сопругот сме голема разлика во години а се сложуваме прекрасно.немаме несогласувања или пак различни интереси,немора да значи дека бракот или врската ќе биде поуспешна доколку сте помала разлика во години,се тоа е индивидуално.немам предрасуди околу тоа(не дека е таков и мојот случај)но доколку и двајцата партнери се возрасни.не поддржувам малолетно лице во врска со повозрасен,кога самата ќе може да одлучува за тоа па зашто да не?!позз
Имам пријателка со сопругот се разлика 17 години,во брак се 10 години,имаат две деца и одлиЧно функционираат.Јас не би можела со некој толку постар,али како сто кажаа повеќето се зависи од карактерот на лиЧноста.За помалите девојЧинја сто одат со толку постари најверојатно според мене е од сто се фасцинирани од нив.
Зна4и јас познавам еден пар мислам дека веќе 20 години се во брак, имаат три деца, јас сум другарка со нивните деца и супер им е а мислам дека се 15 или повеќе години разлика... и мислам дека можеби и разликата не е толку страшна ама ако врската покасно, се запо4не сега на пример замислите некое девој4е на 14 години со 30-40 годишен маж, епа не лепе баш нели?? Ама ако се зрели и двајцата ај да ре4име штом си се сакаат нека си ги...
Јас имав една другарка,со која не се дружев многу,ама знам таа одеше со 20 годишни,па и постари,а имаше 13-14 години.Пример ја тоа ич не го оправдувам,ај да имала и она 20 години па да идела со дечко од 27 години разбирам.Ама вака,е ептен глупаво.А плус еден од нејзините дечковци работеше во училиштето кај што таа учеше
Навистина немам коментар и незнам која му е целта на ,,момчето,, Ја и нејзе и реков дека тоа не е во ред и дека нејзе ќе си навлече еден куп безпотребни проблеми али.. а и на него еднашка му реков дека тој ќе биде одговорен за се што ќе се случи ! Мене искрено ми се гади од самата помисла да бидам со таков Али шо сакаат енка си праат тоа си е нивен живот пред се..јас никако не ја оправдувам нивната врска но решив да си се држам понастрана бидејќи ако нешо се деси послем тоа несакам мене да ми префрлаат ти така велеше ти онака Инаку и јас мислам дека ако се зрели личности и ако и двајцата можат да прават ,, се на своја глава,, -така да се изразам тоа е океј ,но малолетно девојче со 30-40 годишен Никако не го сакам ! На крај мисалам дека ќе остане девојчето само упропастено и целиот негов живот!
Имам другарка која има 15 год, а а има дечко 25 год, значи цели десет години разлика..Супер им е убаво се сложуваат , баш убав пар се....Јас ја одобрувам нивната врска,и мислам дека ако е љубовта вистинска и ако ти навистина го сакаш партнерот и тој тебе, дека врската ќе опстане...Љубовта не прашува за години...Вие што мислите за ова? Дали ја оправдувате оваа врска/?
^^^ Не е ни чудо што ја оправдуваш нивната врска кога и самата имаш едвај 16 години Ама по неколку години ќе сфатиш дека изгледале како многу постар брат и неискусно сестриче, а чак може во најлош случај ергенот и детето
За жал нашето општество е - важно ми е што ке помисли народот, како и нашата олимписка дисциплина во која сме најдобри-трачаерњето, така да овие врски доколку се јавни се најчесто осудувани, особено од оние на кои најмногу се ослонуваме. Но, ако навистина љубовта е искрена и сте си доволни еден на друг, нема ама ич да ви биде гајле што кажал Доне или Дана. И се разбира ако за вас самите годините не се проблем. А секогаш ќе се најде некој "паметен" што ке коментира. Не е важно сто ке речат другите, важно е како тие е тебе кога си со него.
Кај мене, обавезно мора да има разлика во години. Најголемата разлика до сега ми била цели 8 години, ама да се разбереме , дечкото само го сакав, т.е подобро кажано бев само занесена по него а не стануваше збор за љубов.. Таа занесеност секако ми помина по некој месец и сватив дека тоа не е правилно, таа врска никогаш нема да се оствари а и не смее. А и тој испадна дека е еден огроомен кретен. Со бившиот бевме една година разлика, тој беше помал од мене. Само сега сватив дека оние поголемите се сто пати подобри од оние помалите, сеуште недозреани во тоа црпката. (Секоја чест на исклучоци.) Првиот дечко што го имав, т.е муватор сега има 17 години и летово ќе полни 18. Тоа значи дека сме разлика од некаде околу.. 3 ипол години. Разликата можеби и не е толку голема, ама во времето кога се смував навистина бев мала и избрзав. Сега за сега, на овие години се држам за разлика до најмногу 3 години и во краен случај 4. Ама, толку. Никако повеќе. Е сега, од 18 години па натаму, се согласувам на разлика поголема од 3 и 4 години. Ама никогаш не би се согласила девојче од 16 години да оди со некој од 25-26 години, а уште полошо да е повозрасен од тоа. Не е ни потребно тука да набројувам заради кои причини, зашто многу од вас ги имате напишано па не сакам да се повторувам. Само можам да кажам дека има многу бракови кои функционираат, а партнерите се со поголема разлика во години. Еден пример се татко ми и мајка ми. Додуше, они и не се некоја голема разлика во години, 5 години се сепак ама зборувам за некои други. Некоја моја роднина, била разлика со мажот и цели 12 години, ама сепак одлично се согласувале. Не секогаш годините можат да бидат проблем во некоја врска или брак, тоа зависи и од самиот човек и неговите размислувања ама како што веќе напомнав, врски помеѓу мали и сеуште несозреани девојчиња со веќе многу повозрасни и изградени (да се прашаме два пати за ова..) мажи, е тоа не го оправдувам. Остај што разликата е голема, и различен е начинот на размислување и толкување на работите од двете страни, што ако на тоа мало и невино девојче нешто му се случи еден ден? Сета таа врска да била само мамка и стапица во која таа ненамерно се фатила. Затоа, внимателно со таквите врски.
Jas so mojot soprug sme deset godini razlika, jas imav 22 toj 32 koga se zapoznavme. mi bese cudno zosto se custvuvav kako so nekoj cicko da sum izlegla, ama so tek na vreme rabotite si dojdoa na mesto, sega sme 8 god vo brak i seuste odlicno funkcionirame. se zavisi od karakterot na licnostite. nekako gi razbiram devojcinjata od 15/17 god koga ke se zaletaa za postari mislat deka dobile na bingo, ama nesvatlivi mi e tie mazi od 25...sto brkaat tolku mladi. mislam deka toa e sindromot na"prv".
^^ Мислиш на оние врските кога девојката е на пример 15 годишна а момчето на пример 27 години?! Прво, мислам дека овде не постои воопшто љубов. Побогу, девојката има 15 години, тинејџерка која сеуште ништо не видела од животот и има потполно различно гледиште на него. Претпоставувам дека е само загреана и занесена за некој што е многу повозрасен од неа. А тоа е до некаде нормално.. Нели, забранетото е секогаш најслатко. Ама ајде, се додека се задржи на фантазирање и не се осмели да превземе некој чекор, океј. Второ, кој нормален маж, го потенцирам тоа маж, би одел со девојка на таа возраст?! Тоа би требало да е педофил, ништо друго. Во една таква врска (ако веќе се отствари, а не треба) ќе има куп несогласувања кои тешко ќе се разрешат. Сигурно на некој 27 годишен не му е до лудување и излегување по кафичи секој ден, пијанчење и слични лудории.. Тој, претпоставувам ќе биде во некоја фаза од животот кога сака да се среди и да види што сака понатаму. А и како што реков, тој е веќе маж и има одредени потреби кои таа девојка ќе треба да му ги задоволи. И тоа што го рече ти, ќе биде полнолетна. Епа, хккм, што разлика прави ако таа има 18 или 17, а тој пак 27? Несогласувањата во врската пак ќе останат, кои еден ден ќе доведат до нејзиниот крај, неславен крај. Не е работата во тоа што е легално. Епа ај сега, нека оди некое девојченце од 18 години со некој 50 годишен, легално е, не?! Секако, како што девојката созрева и станува постара, еве да речеме има едно 24 години а дечкото има 30, сепак тоа и не е некоја разлика. Ама кога девојката е премлада, тинејџерка а разликата е над пет, шест па и повеќе години.. може да биде и фатална. Не сакам тука да ти паметувам, туку само сакав да ти воочам некои работи. Претпоставувам дека ова се работи за тебе, па затоа прашуваш. Се ова беше најдобронамерно, не ти мислев ништо лошо. Ако веќе си во нешто такво, подобро размисли за она што го правиш и за последиците кои може да следат потоа.. Поздрав.
би прифатила најмногу 10 години разлика (машкото поголемо). женско поголемо не прифакам. инаку во моменталната врска разлика сме 5 години и мислам дека е таман. генерација и помали од мене не ми се по кејф.
Јас со 16 години за мене прифаќам до 3 години разлика. Повеќе ми се многу. За мене. А некоја да има 20 а дечкото 27, е прифатливо, возрасни се, во ред е. 15 годишни девојчиња со мажи е смешно и грозно истовремено. Сигурно ако му прочепкам на тој низ хистори на компјутерот ќе има Teen Porn.
Разликата во годините не е пресудна за една врска да биде успешна , ако се сакате не се битни годините , сепак Љубовта не познава граници ЧД