Здраво, ми треба ваша помош и мислење за моја врска, јас сум 39 со синче 2,5 год а таа е 27 со ќеркичка 7 год. Што мислите за ова? Имам сериозни намери.
Ako taa go prifakja faktot sto imate malo since, a vam ne vi smeta nejzinata 7 god kerka, togas preostanuva seriozen razgovor kade ke gi otvorite kartite i ke vidite dali taa isto razmisluva, i kolku ste spremni na seriozen cekor. ako dobro se poznavate, prvo razmislete dali bi mozele da ziveete zaedno. Dali se razbirate, prifakate, stavovi kon odgleduvanje na decata..... Se nadevam deka bev od pomos. So sreka [mod-kirilica:1pvbj1qw][/mod-kirilica:1pvbj1qw]
Нема што да се мисли, ако се сакате и се слагате добро што има да прашуваш друг што мисли. Со нас нема да живееш туку со неа, со среќа па да ви успее врската и да се фалиш .
Годините не би требало да ви бидат пречка доколку имате сериозна намера, единствено во љубовта и војната се е дозволено. Секој во животот заслужува втора шанса! Ако ви е убаво, ако сте среќни, ако имате взаемна почит, се согласувате, тогаш не губете време, започнете го вашиот заеднички живот веднаш, затоа што годините си минуваат и остануваат зад нас, а миговите за испуштената шанса радост никој неможе после да ги надокнади.Се најубаво!
Па еве и да се пофалам, тргнавме веќе, и двајцата мислиме дека сме судени еден на друг и се сложуваме во се. Фала Ви на сите за убавите зборови. Се најубаво
Razlika vo godini Pred nekolku meseci se zapoznav so edno momce koe stvarno premnogu mi se sviga ... ama e 9 godini postar od mene :/ sakam da bideme nesto poveke od drugari ama tie so znaat za ova se protiv ... bil mn star za mene a stvarno tolku e dobar, mil , ednostavno takov e jas kakov so sakam da bidi ... ve molam za sovet
Razlika vo godini Многу е стар. Ти сега си во најубавите години, а тој сега е во години за фамилија. Нема да можете да најдете заеднички јазик. Ти ќе сакаш едно, тој ќе сака друго. Зошто бе јас не можам вакви совети да си давам кога ми требаат?!
Razlika vo godini и ти како и сите, истото ми го кажа ... а за совет - се дава тогаш кога не сакаш или не можеш да го прифатиш тоа што е .. и бараш некој да го каже спротивното ... јас нема да дочекам изгледа до тоа
Ако ти навистина имаш 19 години како што си напишала не гледам каков совет бараш, доволно си зрела да знаеш што треба а што не, не си мала значи. А ако толку го сакаш и ти значи обиди се тоа е твое право па времето ќе ти покаже дали треба да останеш со него или не. Кој тоа ти се противи и дали годините се само во прашање?
zavisi od koja gledna tocka se gleda na razlikite vo godinite. Tocno e deka toj pojketo ke go ima preziveano ama za nekoi drugi raboti ke te razbira za koj vrsnicite tvoj nemat kapacitet za to
Ние сме 11 години разлика.. Тој Хрват, јас Македонка.. супер се сложуваме и разликата не се приметува воопшто. Имам среќа што буквално целата моја фамилија го прифати најдобро а и неговите ме прифатија мене.. Живееме во Загреб но планираме следната година да се преселиме во Скопје.. ЕДВАЈ ЧЕКААААААААМ!!!!
А 18-27 години разликата и многу пречки како мајка или друг член на семејството што не се согласува со таа разлика во годините.
Едно ќе ти кажам девојко, квалитетни мажи се дефицитарна стока и на 20, 30 или 40 години, едноставно ги нема и ако најдеш таков не го пуштај! Освен тоа нема разлика во години туку разлика во карактер, сфаќања, изглед, понашање и став кон животот. Ако физички и карактерно си одговарате ич да не ти е гајле што другите зборат затоа што ако ти се откажеш утре ќе ти го фати друга. Може да најдеш врсник со кој ќе ти биде тапа а со овој да ти биде прекрасно (како и обратно). Пробај и види како ќе ти биде, ако оди остани со него ако не ќе си раскинеш ама никогаш не бирај дечко заради околината која ни е 100% малограѓанска .
^ Малограѓанска? Искрено 9 години мислам дека се многу! И да не е битно општеството што мисли, битно е она што и го мислат најблиските...што мислам дека добро ја советувале!
Малограѓанска= конзервативна, патријахална и полна со предрасуди . Најблиските можат да ја советуваат ама они нема да живеат ниту ќе имаат секс со него, така да само она може и треба да си одлучи што и кого сака . Пс. Да беше Селин Дион Македонка веројатно одамна ќе ги разделеа од маж и таквите „добронамерни“ советувачи на кои разликата во години им е „преголема“ посебно кога е на туѓа кожа.
Еј фала што ми објасни..хаха... Она не е Селин Дион....и тоа е добар совет...покрај нејзини врсници па може и 2-3 години постари она да се закачи за некој 9 години постар така?
Во животот ако имаме среќа најчесто среќаваме една до две личности кои ни се максимално компатибилни и со кои можеме да создадеме прекрасна врска и немаш гаранција дека и двајцата ќе ти бидат врсници. Може да биде постар од 15 години како и да биде помал неколку години. Што тогаш, ќе бараш врсник а ќе откачиш феноменален тип ради средината? Замисли ситуација да бираш помеѓу дечко од 20 кој изгледа како 30 и некој друг кој има 30 а личи на 23 годишен, кој е од нив навистина постар ама не според пасош туку според здравјето и виталноста? За да не се заборави пак ќе повторам кои се според мене критериумите за успешна врска: Нема разлика во години туку разлика во карактер, сфаќања, изглед, понашање и став кон животот. Ако овие се задоволени и физички и карактерно си одговарате воопшто не е битно што другите зборат. Сепак јас нема да те убедам тебе ниту ти мене така да ќе остане секој со своето искуство .