Што е многу многу е! 37 години разлика, тој е веќе старец, а таа дете! Нема љубов тука, занесеност можда, идеализирање, да, од негова страна не сакам ни да помислам што ќе да е, ама е премногу и нездраво!
^ 37години разлика ?! Да ми кажува како се живеело за време другог рата? Не фала, си имам баби и дедовци да ми раскажуваат за тоа Јас лично не би одела со некој постар од мене повеќе од 10 години.
Ние сме 18 год разлика. Верувајте дека год не се битни ако се има љубов, разбирање, почитување, подршка се шо е потребно за да функционира врската. Башка не веруам дека момчињата на наша возраст можат да ни го понудат сето тоа за разлика од некој повозрасен, кој има богато искуство зад себе и знае шо сака од животот. Не сакам да навредам никого но мажите дури после 30 год созреваат според мене ( се разбира дека има исклучоци но се мн ретки) позз
Многу нормално дека зборувам засебе, тоа е моето мислење не планирав да му го наметнувам на никој. Форумов служи за тоа, ако не сум грешка? Јас го кажувам моето мислење и искуството шо сум го имала до сега, а дали некој на тоа ќе гледа позитивно или негативно негов проблем!
Jas so mojot decko sum razlika 10 god.skoro edna godina sme zaedno no veruvajte razlikata voopsto ne se primetuva niti vo izgled niti pak vo ponasanje spored mene se zavisi od karakterot i od duhot koj vo sebe go nosi taa licnost,jas imam 18 a toj 28 ne mi zabranuva (ne ni treba niti pak smee fala bogu)nisto niti pak mu smeta razbira deka doprva treba da se iziveam i jas i ziveam samo sto plus go imam nego kako podrska i kako nekoj koj sto mi go ispolnuva denot i mi pruza mn ljubov,si izleguvam so drugarkite sedam do kasno pravam kako sakam i sto sakam samo za se imame razbiranje megusebno i tolerancija,kade i da odam sto i da pravam sekogas nego ke go sakam i ke mu bidam verna kako sto sum do sega,nikoj dr osven nego ne me interesira a toa e dokaz deka navistina go sakam premnogu pozzz
Јас сум во брак 12год. а имаме скоро 15год.разлика,се е добро но никогаш не би сакала мојата керка да има толку голема разлика. Во љубов нема граница но кога се старе има и тоа какосе осеќа.
Jас би рекла, мажот и жената во современото опшество треба да стојат еден до друг како рамноправни, но во никој случај исти. Разликите треба да се почитуваат и негуват, бидејќи тие даваат жар во заедничкиот живот.
Се согласувам со претходните постови 37 години разлика дека е многу. Ама да си кажам за себе мене уште од 15-16 години воопшто не ме интересирале врсници туку некаде десеттина години повозрасни 15 максимум што знам и ден денес воопшто не ни погледнувам врсници или некои приближно на мои години одбивни ми се некако, не знам ме нервира кога ми се пуштаат а секојдневно се соочувам со такви ситуации а мене ми треба маж оформен, развиен... Уште како дете сите ми забележувале дека се однесувам некако зрело возрасно може затоа е. Сега имам 20 и раат сум ама пред пет години ова стварно ми претставуваше проблем и не си фаќав дечко шо знам мала бев за со 25-30 годишен да одам плус луѓево се полни со предрасуди и кај шо треба кај што не треба сега ич не ми е гајле а со врсник никогаш не би одела а исто и не ми е јасен овој нов тренд постари жени со помлади машки, порано им се смееја знам а сега нешто како во мода да се, кој како сака ама јас со помал никогаш не би одела ни сега ни како постара па ако сака и еден месец нека е
"Age is just a number. Yeah, and jeil is just a room" Секогаш сум на страната на љубовта, и сум за тоа дека не познава граници. Но сепак некогаш кога е многу, многу е. Ај до кај 5-6 еве 7 нека се години океј ми се, ќе се дојде до некоја златна средина, но кога станува збор за некоја поголема разлика малку е покомплицирано. Можеби моментално оваа разлика од 10, 11 години нема да ви изгледа многу, затоа што ти си на 20, тој има едно 30 години, двајцата сеуште млади, полни со живот, заљубени сте и се е океј, но со тек на времето работите ќе се сменат. Како што разликата помеѓу едно дете 10 години и еден тинејџиер стои многу голема, иако на години и не е баш, така и кога тој ќе започне да старее и да му се бројат годините исто оваа разлика ќе дојде многу до израз иако моментално ви стои дека нема и некоја разлика. Ти 30 години уште млада, жива, а тој отидел 40 години, чиче станал. Според мене ова и не е баш најдобра опција, и јас самата не би ја одбрала истата. Повеќе преферирам животот да го поминам со некој горе-долу моја возраст па некако да можеме да си парираме, заедно да остариме да си се гледаме, а не јас да остарам грижејќи се за мојот веќе остарен маж. Сепак ова е мое мислење. Не викам дека оние кои се одлучуваат на нешто такво се ненормални или слично, дури ќе им симнам капа од глава. Сигурно љубовта била огромна штом се одлучиле на некој ваков чекор, и со среќа да ја задржат таква па годините што идат да не бидат посилни.
Луѓе јас сум во врска веќе 3 години со дечко 3 години помал од мене. Јас имам 23 а тој 20 год. До пред некое време бев за тоа дека годините не се битни се додека постои љубов. Но во последно време некако почнаа работите да се менуваат. Тој се повеќе сака да шета сам со другарите, јас колку одам нагоре со годините почнувам поинаку да гледам на работите, а тој сеуште лефтерно, "децки" размислува. Јас познавам многу сопружници каде жената е постара од мажот (дури 15 год) а сепак функционираат одлично. Ние и не сме некоја голема разлика, но сметам дека се тоа зависи од луѓето. Мојот дечко малку има повеќе, се дружи со такви дечки кои сакаат само забава и не мислат на женски додека имаат да користат секоја вечер со друга, така да мислам дека и околината многу влијае. Се на се, не може да се каже генерално за сите случаи дека годините не се битни, секоја ситуација зависи од различни фактори, во некои годините влијаат на врската, во други не се ни приметува. Поздрав, BYE
Мислам дека треба да го разберес и ако го сакаш и ако му веруваш остави го нека шета со другарите...... излези си и ти со другарките..... по некое време ќе му здосади да биде со нив и ако навистина те сака ќе се труди да поминува повеќе време со тебе.... ајс и дечко ми се многу год. разлика само што јас сум помала и знам како е.... и јас сакам да поминувам многу време со другарките а тој го има поминато тоа и сака да бидеме повеке сами двајцата а јас нето друго и многу ме притиска... затоа подобро остави го некое време нека оди со другарите па понатаму ќе видите што како.... позззззз
можеби ке навредам некој со ова но јас ги делам работите малку поинаку... за мене девојка која има од...до 17години по некое мое правило треба да имаат врска со врсници или најмногу до 4години разлика но никако повеке...сметам дека ако има врска со постари од 4год тие се веке мажи и имаат други потреби Спојлер мислам дека ме сваќате што сакам да кажам а сметам дека девојката е сеуште мала за да ги исполнува тие потреби од 18 до 23години- до 10 години може но не и повеке за се друго мислам дека е само восхит а не љубов а од 24 па натаму ке речам дека љубовта нема граници се додека се работи за љубов и додека не е врзано за матрејалното некој ја спомна старосната граница дека едниот ако е млад а другиот е 62 дека ова е старосна граница за мажите -морам да го демантирам -ти можеш да земеш и врсник но никој не ти гарантира за некој дека долго ке живее особено не во денешно време, а може -не дај боже да стане инвалид па да е понеспособен од оној на 62години , се разбира ова не е понегова вина но ризик факторот и за младиот и за стариот е горе доле ист...
Имаш право за ова и поради тие потреби на машките многу врски не функционираат како што треба... но секој размислува разли4но... и до 17 години паметот лета некаде................
да во право си Minnie93 но пак кога некој ке рече дека е 18 па си фатила дечко постар 5години и повеке, пак знам да и прогледам низ прсти...затоа што тогаш си пред факултет мислиш дека си постара па и секаде те третираат за возрасна (според закон) а и од мое искуство, .. па мислиш дека врска со постар тип значи дека ти размислуваш доволно возрасно-зрело,... чуството како се доживувш себеси на тие години е поинакво искрено тогаш мислев дека сум далеку позрела неголи сега на свои 25-(без 15дена)
И јас би се согласила со тоа дека разликата во години не е битна АМА едино кога се работи за разлика како на пример -- 24 - 33/34 години, тогаш и психата е друга и се.. Ама разлика 18 - 28 години, е тоа стварно не можам да го смислам.. само жално е што тоа е се почесто во денешнинава.
точно дека не битна разликата во години само доколку е во нормални граници некаде до кај 10 год. али не можам ниту да ги сфатам ниту да ги оправдам оние девојки кои имаа одвај по 20 год а идат со мажи кои можат да им бидат татко се грозам од самата помисла