Не успеав сите цитати да ги прочитам, но да си го споделам моето фамилијарно искуство Моите родители имаат така големка разлика во години, татко ми е 15 години постар од мајка ми, но тоа воопшто не се приметува во однесување, заеднички желби, размислувања, договарања итн. Сега јес да се приметува дека татко ми изгледа постаро но се држи бе, дечко ипол е, а и јас стално го зезам ууууу тато си се подмладил а у него да не се оддалечувам од темата, разликата во годините е всушност прашање на љубов и доверба... мајка ми избегала за него на 18 години...а ко шо си гледам и мене ме привлекуваат постари па сега ако се случи некад нешто ово оно па ке мораат да ме разберат поздрав феминки
Оправдувам Пошто се наоѓам во таква ситуација, и сега се појасно и појасно ми е дека љубовта немала граници.. Да има девојката на пример 13 (пошто денешниве девојки од 5-то одделение фаќаат дечковци..) , а дечкото 20 е глупаво бидејќи тој можда само од корист е со неа , а и самата помисла е глупава.. А ако девојката има 20 , а дечкото 30 сосема нормално - девојката е позрела и сигурно знае што прави.
Оправдувам Познавам неколку пара со разлика од околу 10 -тина години. Едните си живеат супер. Другите некако ми се „намќори“. За една добра врска не се битни годините, туку разбирањето,почитта, истите мисли, идеи, желби, соништа... Е сега разлика од 10-15 години оправдувам, ама разлика од 35-36 , дефинитивно НЕ. Брзо читав дека некоја девојка од 17 години се венчала со 56-57 годишник. АЛООООО! Дедо и што се вели на негова возраст може да е. И сега ова демек од љубов, изгледа во прашање се
Што знам . Ја не би постар од мене над 5 години СЕГА . Иако имаше еден пример . Ми се пушташе тип 27 години Стварно паметен , убав , но 10 години постар . Ја сум била родена он имал девојка шо се вика . И ме наведе да размислам и мајка ми после ја прашав онака од околу за ова и ми рече на овие години не , но кога ќе имаш 20 а тој 30 разликата не се гледа. Она не била конзервативна хаха Така што кога ќе слушнам коментари од типот , он има 30 сака со некоја од 20 таа нема живот , ќе се земе , доџе ми да вриснем . Прво многу се зимаат со љубов на 21 22 , што е разликата?? Другарка на сестра ми на 21 се зема со дечко 26 и шо сеа? Она нема живот.... ? Абе за жалење Како што кажав до 20 не би со толку постар , за мене е ммногу , јас не се чуствувам доволно зрела за таков дечко , очекува озбилна девјока , а јас сум дете . Сакам искачања , да се глупирам , да бидам слобдна . Но кога сум спремна за озбилна врска ( накај 25 , 26 ) нема да гледам дали дечкото има 30 , 35 .... Но ако некоја смета дека е спремна на 17 со толку години , ќе и промрчам чисто да видам дали тоа стварно го сака , ако го сака тоа , да биде озбилна девојка на 17 , да има обврски , ќе престанам и ќе и посакам среќа на крај краева , може сака само да проба па и тоа ќе заврши . А тоа незначи како една моја другарка , коментира ако некој фати толку голем дечко ја отпишувам од другарки . Ок чао !! Неможе мене животот никој да ми кажува со кој да го минувам , кој да сакам и дали дечко ми има 30 или 50 години. Мој живот . Ја може смао совет ако сака да дадам , мое мислење и став Епа девојки со среќа п.с Мала шала . Што е дилема на 21 век ? Дали мажот на сликата е дечко на девојката , татко или дедо? хаха
И јас сум во слична ситуација....јас 24 а тој 37.СЛОБОДНО КАЖЕТЕ МИ ШТО МИСЛИТЕ.Само мојата ситуација има и мала потешкотија +.....не сме од ист град...Јас лично немам проблем со таа разлика во години,напротив мислам дека ако има љубов,заеднички интереси,разбирање,почит,исти соништа тогаш таа врска секако дека би успеала.Барем кај мене до сега успева(и се надевам дека ќе бидеме заедно засекогаш затоа што и двајцата се трудиме и тоа многу) Но секако дека не би ја оправдала таа разлика кога јас би имала 17 а тој 29,сепак дете и маж(нели?) тоа не оди некако....
И уште нешто заборавив и ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ ЗА ПОМОШ.Моите сеуште не знаат дека дечко ми има 37 години и искрено се плашам да им кажам затоа што не знам како ќе изреагираат.Додека не беше сериозно кажав (излажав)дека има 30 год,и тие тоа го прифатија,но сега како да им кажам за ова не знам.Затоа ве молам за мислење и ПОМОШ(знам дека кога тогаш ке морам ама не знам како да го изведам тоа да биде што е можно побезболно).HELP
Ако ти е тебе добро со него не мисли на годините што ги има... Ти имаш 24 години, веќе зрела личност си. Се додека годините не ви сметаат во врската т.е. немате никакви проблеми произлезени од разликата во години нема зошто да се лишуваш од среќата што ја имаш покрај него. А твоите ќе разберат, ако го сакаш што можат да ти направат...?
Сандричка30, ти не си веќе мала и мислам дека си зрела за сама да носиш одлуки во врска со твојот живот. Сигурна сум дека твоите родители го знаат тоа, и доколку им објасниш убаво дека имате врска со разбирање ќе прифатат. Мисла мдека нема причина да се плашиш да и кажеш, немаш 15 години па да си во врска со него
Чим си полонолетна што сакаш можеш да правиш и барем соред законот сама си одлучуваш за својот љубовен живот, значи никому не мораш да полагаш сметка со кого си и што правиш . Тоа на теорија а на пракса ако се твоите поконзервативни и сеуште си финансиски зависна од нив може да имаш проблем ако не ти го сакаат дечкото . Не мораш да брзаш на твоите да им кажеш години, мислат дека е 30 и се мирни, засега остави така ако се сомневаш дека ќе имаш проблеми. Кога ќе бидеш сигурна дека е тој тој и нема веќе бегање ќе го земеш под рака и ќе ги поканите твоите на вечера и тогаш може да им спомнете ама чисто онака без голема важност но тоа на крај на вечерата откога дечко ти убаво ги шармирал . Се најдобро и со среќа .
Моите се разлика цели 13 години, пак еве ги исчувале две деца и тоа баба ми и дедо ми многу добро знаеле за возраста на мојот татко, бидејќи бил најдобар другар на тетка ми, сестрата на мајка ми... се противеле на почетокот, ама кога веќе дошол тате да им каже си ја зима тоа било Си се засакале, згора на тоа и ги шармирал сите и старо и младо Се согласувам со Хман. Кога ќе дојде врската ваша до моментот за чекор напред, тогаш можеш да соопштиш.
Фала за мислењата...одлучив дека е најдобро да оставам вака како што е засега..а кога ке одлучиме да одиме чекор напред тогаш ке им кажам на родителите и мислам дека нема да има проблем затоа што не се конзервативни и знам дека ќе имаат разбирање......ќе ве известам кога ќе дојде тој момент(се надевам скоро).
сандричка ти сепак имаш 24 години разликата е поголема ама штом си го сакаш зш да ти смета. Ти си веке оформена и зрела личност немаш 17 год а тој 30 сепак постои разлика ама ни ти не си мала. Мислам дека и твоите ке те сфатат кога ке им објасниш дека се сакате можеби на почеток нема да прифакаат али со тек на време ке го прифатат
За пола година ке напунам 18.. пред некое време запознав дечко кој има 23..мн ми се допага во секој поглед..и да сакам да бидам со него .. ништо немам праено со него .. од самата помисла дека сме 6 години разлика... незнам дали е паметно вака шо размислувам но искрено вие да сте на мое место што би направиле??
јас сум скоро 6 години разлика со дечкото разликата не се забележува и супер ние баш е поубаво што е постар
Па вака според мене, ако девојката е 13 дечкото е 17 разликта е "голема", но ако девојката е 17, дечкото 21 тогаш не гледам некоја голема разлика.([пс.Не морат да фаќат дечковци на 12/13 години,има време за се)Дали разликата е 0-10 не ни е толку битно, важна е хемијата, разбирањето, довербата.
Кога би го вратила времето, точно на твоите години ќе почнев врска со прекрасно момче кое тогаш имаше 23... Ех, времиња... Своевремено многу се каев што не направив ништо со него... Мој совет, ако сакаш да бидеш со него, тогаш - слободно девојче, можеби и ти некогаш ќе зажалиш ако ја испуштиш таа шанса...
Јас и дечко ми сме разлика точно 1 година и 6 месеци! Тој е постар од мене. Претходниот дечко беше истотака скоро две години постар од мене и се чувствувам многу позрела од него! За разлика од овој сега, малце е постабилен! Така да, годините не се пресудни за ништо! Ете овие врсници се, ама од каде до каде се разликуваат во однесувањето!
Факт е дека преголема разлика во години веднаш на прв поглед сугерира на мотиви од типот фреш кеш фор јанг флеш доколу машкото е доста повозрасно, или на бесрамна и развратна заводничка доколу жената е повозрасната. Средината ни е таква што ваквите парови веднаш паѓаат в очи и влечат негативни коментари бидејќи рајата е живо заинтересирана околу тоа со што едниот ја плаќа свежината на другиот и скоро секогаш се нудат опции од црната листа на мотивациските потреби. Муабетот ми е колку е повеќе во + разликата, повеќе е во + и јавната оцрнетост на парот. Бидејќи повеќето луѓе имаат шаблонски концепти во глава на полето на врските, екстремите се доживуваат ко смртоносни вируси, никој ги нејќе сепак некому се случуваат, другите радо би да ги избегнат, ама па бегајќи од еден ете си во мрежата на друг вирус и правила се пишат за луѓе да ги кршат. Дали може да постои љубов со голема разлика во години? Верувам дека може, но исто така верувам дека тоа може и да донесе зголемени компликации во поглед на љубомората која ќе се интензивира кај повозрасниот партнер со акумулација на годинчињата, па промени во однос на неговите интереси и најголемиот јаз може да се јави околу еден од најважните сегменти - сексот. Не мора неминовно да значи, сепак ако љубовта и разбирањето се доволно големи ќе ги изгладат овие несогласувања.