Имав еден кој ми беше генерација, кога бев прва година средно. Детенце... Однесување 0 А сегашниот, инаку разлика 4ри години, позрел, и е многу, многу поубаво. Ние девојчињата побрзо созреваме од машките, затоа според мене постар, барем до 2 години.
Мислам дека најнормална разлика е до 5 години. Дечко ми е 3 години постар од мене и си имаме разбирање и нормална е границата во години.
Луѓе ... јас почнав да одам со 9 год постар од мене ... тато ми е лут заради тоа другите немаат против ... не знам како да го убедам да го прифати :/ ... со време може ќе прифати ама и јас се нервирам заради тоа ... не ми е сеедно тој да ми се лути ... хелп плис
ауууууу да не си претерала малку. Наместо да уживаш во животот ти си правиш обврски и главоболки. Како првин ти 18 тој 27 јас не би ни замислила за такво нешто. Некако си мала за толкава разлика и дали имаш размислено дека него му е време за женење и дрн дрн такви работи а ти имаш живот пред тебе. Да не отвориш набрзо тема трудна сум мора да правиме свадба. Се не се сума-сумаро ако си го сакаш оди си со него но верувај секој родител ти мисли добро.
huhuh...skraja da e ... ja pretera ti malce ... ... gi ima premnogu so vakva razlika i na ovie pa i na pomali godini ... pa nikomu nisto ))) imam zivot i si go ziveam jas ... ne mi se brza za nisto i toj toa go znae i go pocituva ... be se site ti kako sto gi imas zamisleno ...
јас ти дадов совет и мое мислење затоа и го имаш проблемот. А ако веќе знаеш што и како треба да правиш, воопшто не ги пишувај твоите проблеми тогаш тоа не е проблем.
И јас сум разлика со дечко ми 9 години, на почетокот и моите знаеја да дадат некој коментар или пак да промрчат но со тек на време престанаа Сепак до некаде се согласувам со коментарот на Карак дека нему му е време за женење, а претпоставувам дека ти не ни помислуваш на тоа и јас на скоро 21 година не сум спремна за брак,ама за некаде 2 години мислам дека ќе сум и така си се договоривме со дечко штом завршам факултет да си се земеме Така да ако врската ви оди кон сериозно ништо нема да му биде да си почека некоја година
Најчест одговор кој е "оправдувачки" e дека љубовта нема граници! Како бе нема? Се во животот мора да има граница. Во спротивно како ќе разликувате добро од лошо, здраво од болно, црно од бело? Ако се прашувам јас, не би стапила во врска со повеќе од пет години повозрасен. Причини зошто не има многу, а многу малку зашто да, затоа и велам Не. Е сега оние кои се со повозрасен човек во врска не сакам кога мачкаат очи, т.е покушаваат да ми мачкаат очи дека љубовта е во прашање. Може да наведат компатибилност во карактер, добро финансиски поткован, потреба од татковска љубов итн. Но да се кажува упорно дека љубовта нема граници е смешно. Не им судам. Не можам и не сакам. Затоа што имаат различно мислење од моето и впрочем се што е различно не го судам. Ама судам и ја генерализирам реченицата "Љубовта нема граници" која се користи почесто од тоалетна хартија. Кога се зема како оправдување и камуфлажа за оние причини што ги наведов погоре. Зошто генерализација? Во 90% од случаевите се покажало со време дека се користи за да се оправдаат вистинските причини.
По ова прашање сум малце конзервативна-признавам и за според мене нормален однос и нормална врска би имало само помеѓу партнери кои се генерациски блиски. Зошто? -Па бидејки и двајцата ќе имаат приближни сфаќања и ставови во животот, доколку постои разлика од 7, 9, 10 години веднаш се добива впечаток дека живеат во различни времиња. Таа има на пример 20 години, студира и тоа всушност се убави години кога треба да се ужива, да се излегува и да се искористи времето, а тој има веќе 30-тина години и е веќе доволно зрел за брак и за создавање семејство. Одамна го поминал тоа низ што таа треба допрва да поминува, нему нема да му биде интересно киснењето по дискотеки и пијанчење туку ќе сака мирна домашна атмосфера... Има и исклучоци но ако сме искрени тоа се ретки случаеви, некој со толкав генерациски јаз да е на иста бранова должина е навистина реткост, најчесто како што кажав постојат различни погледи на иднината, различни очекувања, замисли и желби. Според мене разлика во години која е прифатлива е 3 години, се друго ми изгледа премногу форсирано и неприродно. Еве ќе тргнам од себе јас и Петко сме година и неколку месеци разлика, тој е постар од мене, и се пронаѓаме на многу полиња. И двајцата студираме, никој никого не чека да заврши, имаме 99% исти ставови за иднината, за она што се стремиме да го постигнеме, и двајцата сме си подршка еден на друг, затоа што и двајцата поминуваме низ тој период во моментот и знаеме со што се соочуваме.
Хм, епа јас и дечко ми сме осум години разлика, мене врсници не ме привлекуваат, никогаш не сум имала врска ниту со врсник, ниту со помал. Отсекогаш сум се однесувала позрело и тешко можам да најдам заеднички став и интерес со некој мој врсник, па тие само се лигават и детинесто се однесуваат ,и што можам јас кога ми треба маж и кога "фетиш" ми се веќе оформени мажи уште од кога имав 15 години? Нејсе, изгледа предрасудите кај нас ги има токму онаму каде што не треба...
Ти имаш 19 а тој има 27, и ти велиш дека се пронаѓате, и дека сте среќни, во ред, бидете среќни уште долго во иднина. Предрасуди постојат сегде, па до вчера сексот беше табу тема, и сега е, но полека полека се поместуваат границите, така ако денес е неприфатлива и осудувана врската со некој доста постар за неколку години можеби тоа ќе биде нормално. Незнам зошто но се најдов повикана од твојот пост Октавија, каде морам да ти забележам дека мојот претходен пост очигледно не си го прочитала внимателно, јас кажав дека постојат исклучоци но ретки се оние парови каде се функционира спонатано а не е исфорсирано. Нема да навлегувам во детали, во однос на зрелоста и сл. но неможеш да кажеш дека сите твои врсници се лигуши или како уште и да ги нарече, ако ти се издвојуваш од твојата генерација сигурно постои и некое момче кое размислува зрело како тебе. И патем сакам да те прашам, ти и твојот дечко кој е 8 години постар од тебе имате исти ставови, сфаќања, размислувања? Ако е така, тогаш или ти си навистина созреана, или тој е многу недозреан, трето нема. И да не бидам погрешно сфатена, јас имам пријатели кои се постари од мене 10 па и повеќе години, но тоа се пријатели а не партнери, од нив јас учам многу и секогаш се тука кога ми треба искрен совет. Знам дека имаат поголемо животно искуство од мене, пребродиле многу проблеми и едноставно знам дека нивните совети се на место. Меѓутоа партнер и пријател не е исто, тоа се две различни категории, партнерот треба да е пријател нели, но сепак и моите постари пријатели го делат ставот дека врските со некој помал од 7,8,9 години изгледаат неприродно. Ние може да седнеме и да пиеме кафе, да се зезаме, и да уживаме но неможеме во никој случај да бидеме во врска, тие бараат многу повеќе одколку што јас или ти си во можност да пружме. Едноставно јас неможам да се носам со проблемите со кои се соочуваат, не сум доволно „порасната“, ниту пак можам да им помогнам во некои ситуации, едноставно јас покрај некој постар од мене би се чуствувала како фигура, зошто и тоа би ми била намената да фигурирам како партнер ништо повеќе. А со врсник, или некој 2,3 години постар пак можеш да најдеш некоја златна средина, пак си тука негде и во однос на случувања во животот, во однос на проблеми кои следат, и во однос на иднина.
Па и јас не знам зошто си се почувствувала повикана да одговориш,затоа што ни јас не се почувствував повикана конкретно од твојот пост кога решив да се огласам, искрено да ти кажам, твојот пост го прочитав откако ја испратив пораката, ова моето се однесуваше на нешто друго, е сега кога веќе почнавме да завршиме и онака гледам дека и ти си патела од несоница како мене штом сме седнале во раните утрински часови пред компјутер Е вака сега, кога реков лигави, мислев на повеќето мои врсници кои ги познавам, нормално дека има и исклучоци, ама финтата е во тоа што мене врсниците ни физички не ме привлекуваат, така што врсник за мене не доаѓа во предвид, а што се однесува до дечко ми, да, не постои никој за кого можам да кажам дека размислува послично со мене и не постои никој кој го чувствувам за поблизок (мразам искажување на чувства ама што е тука е, форумов е сепак анонимен) У созреан е и тоа како, во секоја смисла на зборот, верувај ми... Па ете гледаш, затоа ти се пријатели, размислувате исто, a како што не можеш да имаш ни добар пријател со кого радикално се разидуваш во ставовите, тогаш уште помалку партнер, немој да мислиш дека јас немам пријатели кои ми се врсници и со кои делам заеднички ставови, но тоа не е тоа, плус тука е и факторот на физичката привлечност како што реков Ете тука е клучната разлика во нашите гледишта, јас пак за разлика од тебе, ете и предвреме "пораснав" и немој да мислиш дека се фалам затоа што не беше баш лесно, едноставно одредени животни ситуации доведоа до тоа, па јас ете колку и да ти звучи чудно и несвојствено за некој на наши 19-20 години за поблиски ги чувствувам некои десеттина години повозрасни од мене отколку моите врсници. И само уште една работа Дека сексот некогаш бил табу-тема а сега не е вистина е, ама врската или односот со 10-15 години повозрасен маж не била никогаш нешто неприфатено, баш напротив, тоа било повеќе праксa, нормално не велам да влегуваме во врски со некои 25 години повозрасни од нас што можат татковци да ни бидат, она што мене ме нервира кога ќе слушнам некои коментари како врската помеѓу машко и женско со разлика од десет години не била нормална, за мене тоа е најобична појава(а кога ќе раазмисли секој поубаво 8 или 10 години врска и не се многу, штом не може да ти биде родител, значи не се ) и што сега, ние изгледа поуназадени сме отколку што биле порано, и ми пречи тоа што се создаваат некои измислени проблеми во 21-от век, покрај ова се измисли и проблемот со невиноста дали било срамота да си невина, дали не било, значи од муви правиме слонови, проблеми каде што ги нема,и само се јадеме едни со други на "демократски" начин во денешно време актуелизираме теми кои никогаш и не биле актуелни, секој нека си живее како што сака, а не да кажуваме наоколу дека нашиот начин на живот е правилен а она што го прават останатите не е, а притоа велиме дека сме либерални, повторно ти кажувам не мислам конкретно на тебе
Во принцип не функционираат затоа што и онака е тешко да се најде соодветен патнер но секогаш има исклучоци каде функционираат перфектно. Кој има среќа да најде сродна душа нема многу да му мисли дали ќе биде или не туку ќе проба иако можеби малку со страв. Каде постои дилема дали е тоа тоа значи не е баш 100% клапнато со хемија. Повеќето мажи над 30 почнуваат физички па и психички да пропаѓаат така да не ги судам девојките кои таквите веќе ги мислат за старо железо но пак ќе кажам има исклучоци значи во ред е да се генерализира ама сепак секој е посебен и треба секој посебно да се проценува. Сум седел на маса со мажи барем неколку години помлади од мене а изгледале како чичковци во споредба така да можам да замислам како изгледаат во очи на девојка од 20 год. Ако ви се сфаќањата исти или слични и се забавувате на исти работи и изгледате компатибилно (кога шетате никој не вика аууууууууу) и имате слични животни планови и сфаќања што се битни годините и онака се само во пасош и не мора никој да ги знае. Знам неколку врски со разлика поголема од 10 години и функционираат одлично но не може секој а посебно девојката треба да се чувствува зрело и самоуверено без комплекси дека ќе биде недозреаната во врската и заради тоа да се чувствува инхибирано. Не знам што би било кога никој не би кажувал години туку би бил проценет само брз база на изглед и понашање тогаш стварно би се видело колку се годините битни а колку се дејствува во однос на предрасуди свесно или несвесно .
Значи стварно нема потреба да се вадите на тоа дека е подобро партнерот да е постар затоа што ќе бил посозреан, прво тоа е чиста глупост. Второ ретко кои од машките воопшто некогаш созреваат. Мене искрено ми е одвратно да видам млада, убава девојка со некој толку постар од неа. Без разлика дали има 18 или 35 години. Една девојка сега се омажи за ЧИЧКО постар од неа 25 години, ве молам, да спие со некој што е скоро дедо. Каде е тука убавината?! Јас имам 20, а брат ми 28, совршено добро се гледаат и осеќаат разликите во години меѓу нас без разлика што нормално се е тоа на основ брат-сестра. И конкретно дечко ми е помал од мене, а посозреан 5 пати, признавам со тешко срце. Ете значи може и тоа да се случи. Едноставно уживајте си ја младоста со МЛАДИ околу вас!
Генерално ми се допадна твоето размислување иако имаме различни ставови прецизна си и тоа што го напиша во најголем дел е така. Сепак ќе ти потенцирам некои моменти од да речеме другата страна . Знам неколку парови каде разликата е околу 15 години и функционираат одлично но се согласувам со тебе тоа е реткост но ако е ретко не значи и дека е невозможно. Моите се 10 год разлика и не само што не се осеќа туку и перфектно се слагаат. Мајка ми скоро до пред венчање немала поим дека е татко ми толку постар ама кого и кажал веќе било касно за назад . Мене муабеите за разлика во години ми стануваат заморни и напорни затоа што секојдено ги слушам а ги слушам затоа што се базираат на генерализација и предрасуди. Ќе ти кажам пример. Никогаш не сум бил одбиен од девојка заради години додека не сум и кажал (можеби само еднаш ама не сум сигурен дека беше заради тоа ) а ни одел и муабет и сфаќања и физички сум и се свиѓал и се значи тотална компатибилност во ставови па дури и животните планови ни се совпаѓале или барем не биле во колизија но оној момент кога сум и кажал години девојката се лади и станува недостапна. И не ми се случило еднаш туку неколку пати. Е тоа од кожа ме вади затоа што е чиста предрасуда. Не може некој да ти е супер во карактер и ставови пред да ги знаеш годините и физички да ти се свиѓа ама од годините да бегаш. Затоа веќе и не кажувам години пред да ја видам девојката во живо. Да бидам ставен во канта за ѓубре само затоа што повеќето мажи над 30 не личат на ништо веќе не сакам. Сите пријатели кои ги спомна дека никогаш не би ти биле партнери дали исто би мислела ако некој од нив физички, сексуално и карактерно ептен те привлекува и плус имате страшно зезање и сакате да излегувате на исти места? Нормално под услов да не ти ги каже годините? Ама искрена биди во одговорот . Не знам зашто вие девојките сметате дека дечко над 30 мора да е озбилен, сака одма деца и мора бргу да се жени. Па знам и такви кои исто им се иде во диско, сакаат да се забавуваат и не им се брза со женење или озбилна врска. Мене никогаш по понашање не би ми познала години а и на слика тешко да ме одредиш . И од друга девојка сум го слушнал ставот дека ќе биде само фигура во таква врска ама тоа ти е многу погрешен став. Чим те сака типот не си му фигура и баш можеш многу животни ситуации да ги поминеш полесно и полежерно кога имаш некој покрај тебе кој веќе ги поминал. Освен тоа со исправен дечко ќе напреднеш на многу полиња затоа што една врска не е само секс и зезање (иако е голем и битен дел ). Во глобала си ептен во право ама немој сите да ги ставаш во ист калап има премногу варијации така да може да најдеш тип 10 години постар а да ти е нешто најдобро во животот како и врсник кој ќе биде тотална тапа. Од кога престанав да ги кажувам годините имам и повеќе друштво и многу повеќе контакти со девојки и се повеќе гледам колку е тоа блесава генерализација, нормално под услов како што претходно напишав да не ве гледаат на улица и да викаат АУУУУУУУУУУУУУУУУУУ, види ги овие двајца . Значи физички треба да сте складни . Јас на пример знам дека ќе земам многу помлада па може и затоа реагирам на такви генерализации затоа што знам дека најверојатно ќе морам и кај неа да и ги кршам предрасудите како и кај нејзините родители а да не ги спомнам и другарките . Пс. Ова сфати го само како размена на ставови никако како препукување затоа што мислам на сите ни е од полза да знаеме како другата страна мисли или чувствува .
Ако се друго функционира извонредно, годините се најмалку битни. Но малку сум скептична за оние врски, во кои жената е неколку или повеќе години постара од мажот, во последно време како да се во мода таквите врски / бракови. Искрено јас не гледам некоја иднина во нив и сметам дека уште од самиот почеток се гледа крајот.
Кога и двајцата се зрели личности, барем да бидат и двајцата над 18, разликата во годините не ми изгледа како голема работа. Малку смешно кога видам девојка од 23 години со дечко кој едвај има 18. Многу смешно ми падна еднаш кога братучед ми почна да и кажува на девојка му, демек мала е таа ама еве си има дечко (не дека 20 години е мала ама ајде, шала-мала, да се покаже дека ми е батко ) за на крај да излезе дека девојка му ми е генерација Ама едно нешто никако не моажм да статам. Како бе можат девојчиња од 16 години да одат со машки кои имаат по 24-5?.. Или јас сум многу назадна или тука нешто не е во ред!
Ок, фала Богу почитувам туѓи ставови и размислувања, јас и во првиот пост кажав дека по ова прашање сум малку конзервативна, па и до негде очекував вакви реплики. Јас сфаќам и многу добро знам дека можат да функционираат одлично ваквите врски, моите родители биле 7 години разлика, а како нешто што е апла табу е на пример бракот на брат ми, тој е 6 години помлад од неговата жена. Па еве ги здрави, живи, среќни...си чекаат бебче... На почетокот цела наша фамилија беше против него, само јас го подржав, зашто знаев дека во неа пронашол нешто посебно чим решил да се бори за нивната врска, и кога сите беа против и го напднаа јас бев таа што застана на негова страна. И јас сум поминала низ таа фаза „предвремно“ созревање, и сфаќам како се чуствуваш, но тоа никогаш не сум го наведувала како „оправдување“ за некоја моја врска. Јас лично имав дечко постар 3 и нешто години, но врската ни беше катастрофа. Едноставно живеевме во различни времиња, и не се пронаоѓавме во мал милион работи, но еве сега сум верена со Петко. Тој е само една година постар, но и тој има многу позрели размислувања на многу полиња, можеби тоа што сме генерациски блиску била само коинциденција, зошто јас за прв пат се пронајдов во некој. Велам се пронајдов зошто како што и претходно кажав имаме 99% исти интереси, слични карактери и слично. Ќе се обидам да одговарам искрено, бидејки ќе напоменам дека не сум се нашла во ваква ситација, па затоа само ќе претпоставувам. Можеби и би била во врска т.е. би била, но како што кажа ако физички, карактерно и сексуално ме привлекува. Но да бидам искрена од сите луѓе со кои комуницирам, а се повозрасни од мене, секогаш постојат некои енормни разлики, едноставно за нив се веќе видени и изживеани некои работи кои јас во моментот сакам да ги искусам и пробам. Најпрост пример, пред неколку години бев со брат ми и негови пријатели на одмор. Изглегувања, дискотеки и кафани, но јас во тој период сакав да ме раздени надвор, а тој имаше створено други навики, работи и научен е да си легнува порано, и не само тој туку голем дел од неговото друштво. Од сите 15 луѓе кои бевме, а сите беа постари минимум 6 години од мене јас се журкав до 5-6-7 наутро само со еден. За другите забавата завршуваше окулу 3 часот наутро. Мислам дека ме сфаќате што сакам да кажам, ова е само пример кој прв ми падна на памет. И да се вратам на одговорот би била но незнам дали би финкционирале како што треба, иако да бидам искрена сум сретнала и луѓе кои се повозрасни од мене, а паметот се уште им лета како да се пубертет така ниту јас незнам што би направила и дали би била во таква врска. Па можеби поради она замисленото идеално семејство, еве јас на пример сметам дека после 30-тата години ќе се посветам на создавање на семејство, дека оваа втора декада која ја живеам сега е за уживање, за испробување нови ствари... После 30 не завршува животот туку јас имам створено таква слика дека е време за фамилијарни прашања, да се посвети човек на семејството. Можеби грешам, не одрекувам кажав и повторно ќе кажам малце сум конзервативна по ова прашање, но тоа е мое гледиште на работите .
Е сега прочитав повеќе постови и ќе одговорам на тоа што мислам дека треба, поради тоа што чувствувам дека јас ја покренав претходната дискусија Јас не се вадам на тоа дека било подобро партнерот да бил постар од проста причина што ми е јасно дека на жалост годините во се поголем број случаи не се веќе мерило на зрелост. Врска со некој што може да ти биде родител т.е 20-25 години постар не реков никаде дека одобрувам, баш напротив, но исто така врска со 10 години постар , не може да се споредува со врска со 25 години постар маж. Дечко ми прво и прво не е старец, 27-годишен е, згоден е, развиен и сето тоа, па не трчам јас по старци до Бога... Е сега конкретно за тебе Јојоба, велиш дека повеќето мажи подоцна созреваат од жените, а сепак дечко ти кој е 5 години помал од тебе бил 5 пати посозреан од тебе (твои зборови). Значи гледаш дека работите не се баш црно бели како што ти изгледаат на прв поглед? Како можеш да критикуваш врска со 5-10 години постар маж, а да ја одобруваш врската со 5 години помлад? Тоа е веќе селективност. Ако е за така и мене ми е потполно неприродна врската со помал, па макар била и нецела година, секој си има свое мислење, ама не велам ништо, не можам јас да му кажувам некому како да живее... Се согласувам со она што го рече X-man, да не се повторуваме сега, накратко разликата од 10 години, не е воопшто страшна ако не паѓа во очи физички и карактерно и ако имате исти интереси, не мора да значи дека ако некој ти е врсник и животот со него ќе ти биде ваков И ако веќе треба да си ја опкружуваме младоста со млади околу нас, тогаш дечко ми си свршил работа, јас сум помлада од него 8 години, па сега нека си ужива во младо месо, јас така ти го разбирам тоа последното Најубава, јас не користам никакво "оправдување" затоа што едноставно не чувствувам потреба да се правдам, да се вадам или да објаснувам некому за мојата врска или за мојот однос со некого, немам проблем ниту со семејството ниту со околината затоа што прво и прво јас самата си се поставив најнормално кон сево ова и ми беше јасно дека не правам ништо погрешно или изопачено, со самото тоа не дозволив некој нешто да ми пререче. Мене ме иритира фактот што гледам дека постарите немаат ништо против вакви врски, а помладите имаат (иако в лице ништо не ти велат, в лице се е супер и совршено, а зад грб е веќе нешто друго) , значи не знам дали генерацииве ни се толку искомплексирани па се што ние самите не го правиме ни смета, иако се работи за нешто сосема најприродно и би рекла и ситница, наважна работа, 5-10 години постар партнер... И за крај не би рекла дека си конзервативна, баш напротив оваа предрасуда ти е производ на новото време, луѓево немаат веќе што да прават па се занимаваат со туѓите животи edit тоа со прераното созревање кај тебе било само фаза, кај мене не е