Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Од каде па го прочита тоа дека дечко ми е помал од мене 5 години?! :rofl: :rofl: Ок, може сум ненормална, ама да ме судат за педофилија не ризикувам. Реков 5 пати ПОСОЗРЕАН, а не помал. Помал е нецела година. И види сега, значи баш ми е мило што имаш супер врска, што дечко ти е згоден и развиен :^) ама мене не можеш да ме убедиш да ги почитувам тие врски. Јас како што реков имам дома брат ете толку сме разлика колку ти и дечко ти, ние генерациски не многу, се разликуваме ЕНОРМНО многу. Ама ок, нека биде дека ете ние баш такви сме се погодиле :) Нормален дечко од 20 и кусур години според мене не брка девојка 10 години помала од него, не се навредувај не викам дека дечко ти е ненормален, ете вие сте си се погодиле совршени. Конкретно за примерот што го наведов, се работи за девојка од 30 години, преуспешна, убава се омажи за чиче од 55, а може па и повеќе години. Значи не било за пари, за работно место, за ништо материјално, останува дека е од љубов?! Ама објасни ми како може да спие до некој чичко, и што кога нивното дете ќе има 18 години, он ќе има 70 и кусур ако е жив, пу пу, што не е ни некое мерило се повеќе умираат млади, ама даваме примери цело време нели. Мене ми се гади од тоа. Си стојам на своето, младите треба да си уживаат со млади.
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    А што е битно разликата во годините ако некој се сака! Па и 20год да е поголем од мене ако си го сакам не ми е битно годините!
     
    На sonce777, XMaN и fallenangel им се допаѓа ова.
  3. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Според мене разликата во години не влијае многу при градење на една врска.Врската се гради како резултат на почит , разбирање и доверба меѓу партнерите,постојат врски помеѓу лица кои се на иста возраст и пак се дисфункционални , јас би сакала постар партнер некаде од 7 до 10год затоа што мислам дека тоа се зрели личности кои имаат доста искуство ,едноставно сакам партнер којшто ќе ме води во животот , кој ќе ми помогне да го осознаам животот на поинаков начин од тоа како го сфаќам сега ,со постар партнер јас лично сметам дека би созреала .Не гледам со никакви предрасуди кон врски кои се изградени помеѓу личности од различна возраст дури и сметам дека тие би биле поуспешни со една реченица нема ништо поубаво од тоа кога ќе се спојат младост-лудост и искуство -зрелост на тој начин ќе се одржува една убава и урамнотежена атмосфера во врската ;)
     
    На MSkorpionka и XMaN им се допаѓа ова.
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Ако врската функционира одлично , ако се служуваат , ако им се совпаѓаат плановите и размислувањата и секако ако се сакаат годините се најмалку битни (но секако да не се претерува некој да биди 20 год постар од тебе не личи што не личи) а инаку немам против ако машкото е поголемо 6,7 до 10 год тоа не е голема разлика . Но секој си знај за себе ако чупето се чуствува мало (нездрело) или пак машкото тогаш сигурно нема да влези во врска со некој многу повоздрасен од нејзе . Јас и дечко ми сме разлика 6 ипол години па не се ни чуствува разликата (ни физички ни пак психички) бидеќи јас имам преживеано многу работи и размислувам поздрело за разлика од некои мои врснички но сепак како што реков тоа е до личноста како што ќе се чуствува така и ќе реагира ;)
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ако се спојат младост-лудост со искуство-зрелост-лудост тек тогаш станува весело :lol: .
     
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Тука ќе се најдат у муабет и педофилите и ќе речат па што ако е 12-13 годишна и јас си ја сакам.
    Погоре некои посочија дека границата им е две години, некои пет години, некои десет години а кај тебе е 20 години. Во некои земји чинам дозволено е маж од 40 години да се ожени со 13-14 годишна. За нив во буквална смисла не постои граница во љубовта. ;)
     
  7. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Добро те сфатив и првиот пат што сакаш да кажеш Jojoba, затоа ти го напишав и ова
    , не секирај се не те сметаме за педофил тебе, плус постов ако го прочита внимателно ќе видеше дека не е наменет само за тебе (ама кога веќе спомнавме има и такви, ама баш тие најмногу мрчат кога ќе видат некој друг "необичен" случај, тие секогаш се во улога најнормални од сите :angel: ) ... и не мора да значи дека ако ти и твојот постар брат се разликувате карактерно дека дечко кој "брка" девојка 10 години помлада од него е ненормален, пахх, има повеќе такви случаи, па секако дека зад себе имаат и врски со врснички, а не само со 10 години помали, само зависи што му се видело поубаво и поприкладно... :^) А не разбирам зошто мене ме прашуваш да објаснам зошто некоја твоја познаничка се омажила за 25 години постар, јас пак ќе си кажам не би одела со некој постар повеќе од 15 години затоа што тоа не ми е по вкус, а како можела да спие до него, жалам тоа не можам јас да ти го објаснам, ако толку те интересира прашај си ја неа отворено, нема потреба да ја оговараме на форумов :) ... А кога веќе треба да дадам некакво мислење мене не ми се баш јасни тие врски, да понекогаш сум мислела дека се работи за пари, ама пак сето тоа зависи и од случајот, и јас имам роднина (не го оговарам ни јас него, само го посочувам за пример) кој се ожени на 40 години со 20-годишна навистина кога ќе слушнеш звучи необично, но кога ќе ги видиш заедно колку и да звучи чудно, не се забележува никаква разлика во години, како ќе си поминат понатаму, нивна работа, така што секој со својот памет, не гледам причина зошто да дебатираме овде за тоа, некој во слична ситуација кој чита може да се почувствува навреден... И за да не ме сфатиш погрешно, не сакав ни тебе да те навредам ;)
     
  8. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Секој човек е посебен и различен на свој начин.
    Сите правила во животот не важат за сите луѓе. Сите луѓе имаат различни сфаќања и приоритети во животот. Секој човек го живее животот на својот начин. Секој човек ги гледа работите со поинакви очи. Затоа не може и не треба да се судат оние кои имаат поинакво размислување и сфаќање од нас. Секое мислење треба да се почитува, не да се поддржи или осуди жестоко, туку да се изнесе и својот став без предрасуди за другите.

    Што се однесува до разликата во години, мое мислење кое и поодамна го искажав, годините не се битни. Ако мене ми е апсурдно да бидам со маж (не старец или дедо како што ги нарекувате) над 20 год постар од мене, некои жени во таквите нашле идеален сопатник. Ако нив им е добро, мене баш ми е мило. Ако јас или ти, или таа итн го гледаме него како старец, нималку привлечен, за некого тој е најубавото нешто. Тоа е индивидуално, она што е убаво за мене и моите очи е неприфатливо и грозно за некои други луѓе.

    Во однос на созревањето, и тоа е индивидуално. Познавам луѓе кои имаат по 40, а се крајно детинасти, неозбилни, просто се однесуваат ко деца мали. За разлика од нив, многу тинејџери размислуваат поинаку од нив и делуваат поозбилно, да ти е мерак муабет да напраиш со нив. За сето тоа големо влијание има животот, животните прилики и неприлики, удобноста или тешкотиите во животот, како и самиот карактер на човекот.
    Позз до сите и без понатамошни препукувања, ако и понатаму се осудуваат туѓите мислења, секој ќе подразмисли дали да го искаже својот став...
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Чинам на секого му е јасно дека зборуваме за две полнолетни единки и малку е дегутанто и нефер да се меша педофилија во најнормален муабет за врска помеѓу двајца кои решиле да бидат заедно затоа што им е убаво и се сакаат :).
     
    На Phyramide, MoreNa-22, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Затоа се внимава каде и како се употребува реченицата "Љубовта не познава граници". (Читај неколку постови наназад зашто).
    Затоа што на истата ќе се повикаат многу умови со голема фалинка.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.121
    Пол:
    Женски
    Фина дискусија се развила на темава, па ајде да не ја уништуваме со навредување. И така мислењата ќе бидат избришани, па доколку пишувате мислење и трошите време, барем нека придонесе за дискусијата ;)
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Многу е јасно зашто и во која конотација е употребна таа реченица и ако решиме да бидеме буквалисти треба ниедна врска да не постои дури и меѓу врсници. Секој може да остане инвалид, да загуби раце и нозе, ментално да се изремети или тешко да се разболи и тогаш секако многу љубови ќе ја видат својата граница.

    Но тоа веќе би било цепидлачење затоа што е премногу јасно дека реченицата била кажана во контекст на две полнолетни единки кои решиле да градат врска без разлика на предрасуди од општеството :).

    Умовите со голема фалинка секако нема да читаат фемина за да бараат потврда ако веќе имаат проблеми со психата ;).
     
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Ako se sakate...razlikata vo godnini nema nikakva vrska..Majka mi i tatko mi se razlika 10 godini..taa se omazila samo na 15 godini,a eve sega mu e 20-godishninata od brakoT :D <3
    [mod-kirilica:3ll2ei6u][/mod-kirilica:3ll2ei6u]
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Годините немаат врска со љубовта, ако таа е силна ќе ги победи сите препреки..
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    ^Се со резерва треба да се зема.. јас, како изгорена од ваков случај, го тврдам спротивното.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    тој е постар 4 години од мене
    и мислам дека тоа е супер комбинација :)

    најдобро е тој да е постар неколку години
    но некако ми ептен тоа 8-9 години |(

    добро е тој да биде постар за да те штити и води така речено
    сепак тој е мажот 8)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Age is an issue of mind over matter. If you don't mind, it doesn't matter ;)

    Не може никако и никогаш да се генерализира на тема - разлика во години, пред се затоа што се и сешто може да значи тоа. 90годишен со 30годишна, 18годишна со 40годишен, 25годишна со 35годишен итн. Шакира има 34, Пике има 24, и ова е разлика во годините така? Таа постара, тој помлад.
    Или 35годишна со 30годишен, или со 25годишен. Абе се и сешто има низ светов и секакви случаи.

    И сигурно ако двајцата се заедно има нешто што ги привлекло, инаку секако дека би била возраста таа која самата би се наметнала како природна пречка за едвајца да се заедно.
    Ама треба да се разграничи зрелост од години. Зрелоста е став на умот, а годините се само бројка.

    И секогаш има разлика кога е почната самата врска. Јас сум скептична кога некоја 19годишна ќе ми рече - еј си најдов 30годишен дечко и сега ќе се мажам :^) И си велам, добро таа е дете а тој сака да создаде семејство, чекај малку. Е тука ми настанува генерациски судир и разликата во години е да речеме пречка во некој нормален тек на настаните кој би бил во заеднички интерес на двајцата.
    А знаеме дека во случајов изгледа ниту тој веќе не сака да дига раце по клубови, ниту таа сака да се стабилизира во домаќинство и да тера друг начин на живот. Се разбира под претпоставка тие да немаат заеднички поглед на тоа како би можела да изгледа иднината.
    Од друга страна пак, сосема е поинаку ако некоја која има 25 почне врска со 40годишен и ете реши да се стабилизира. Со други зборови разликата во годините се губи колку е човек повозрасен, да не речам постар.

    А навистина се зависи од воспитувањето, искуството, зрелоста, начинот на размислување итн. Обично секогаш се стаписуваме дури кога ќе почнеме да думаме - еј чекај, колкав е уствари човеков кој ми се допаѓа? И тогаш настанува клик. Евентуално некои се прашуваат плус и - леле што ќе си помислат другите. Ама тоа е друга тема :)
     
    На babyblond и XMaN им се допаѓа ова.
  18. aksor82

    aksor82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    isto i nie pocnavme taka jas 17 toj 29 i vlegovme vo brak i koga go citam sevo ova kako da go gledam mojot zivot i sega posle 10 g se razdelivme mnogu e tesko i bolno koga ke ja nemas podrskata i razbiranjeto bidejki toj seto toa go pominal iako toj tebalo da svati deka tebe ne ti e izziveano deka i ti sakas da go prozivees so nego retki se vrkite koi uspevaat so taa razlika ili se odrzava radi decata brakot
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Правила нема и додека е љубов меѓу маж и жена, океј е.
    Излегување со момци на моја возраст, јок. Не дека се правам нешто, ама не можам. Имам дечко доволно постар од мене. И посреќна и позљубена никогаш во животот не сум била. Па и среќа што е зрел и што ме сака, па ме разбира. Забава? Сеуште имам колку сакам. Не е некој сељак со турски менталитет, па да ми забранува. Секако љубоморен е, во граници. А јас се радувам кога е љубоморен :) А јс сум доволно свесна дека таа забава не треба да премине во правење луда кокошка од самата себе.
    Слушаме иста музика, имаме заеднички омилени писатели и книги. Нон стоп коментираме за нив, што мене ме прави екстра среќна.
    На почетокот, ни беше многу глупаво, поради разликата и се одеше во тајност, ама сега ич не се замарам. Сите нека дознаат. Не се срамам, љубов е тоа. Да има скапи коли, мотори и сл. ај да помислат дека сум поради тоа со него.
    Како што се вели, ништо не е погрешно ако тоа те праве среќен.
     
    На mamma-mia, Meggy и Angii им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Секако дека годините влијаат врз врската. Еве,на пример братучет ми е 26,а женска му 20,одат 6 години.Додека таа сега сака да се журка, да излегува, тој сака да праве пари за понатаму,за стан,за свадба итн.Тој вели дека тие работи што неа и’ се интересни сега,на него порано му биле интересни,а сега му станале досадни. Можеби понатаму нема да се осеќа таа разлика во години.
    Еве и мама и тато се 6 години разлика,сега како да не постои толку години разлика меѓу нив,но во минатото верувам дека таа разлика и те како се осеќала.