Jas imam 17 a toj 22 i premnogu mu smeta toa sto sum pomala a i ne se otkazuva od mene seuste ne sni napravile nisto .. [mod-kirilica:e3jppphw][/mod-kirilica:e3jppphw]
Јас сум 2 години постара од мажот ми. Јас 27.5, тој 25.5. Една година и нешто во брак и 5 во врска. Супер ми е, ама супер. Дали на изглед се познава, не знам! Мислам не. До сега никој не ми рекол, искоментирал, а и јас мислам дека изгледам помлада отколку што сум, поради карактерот, начинот на облекување, па и однесувањето, што не е баш за пофалба. Иако е помал, тој е позрел во нашата врска, во смисла на посталожен, разумен, ова треба, не треба, има нема, конкретно јас не можам да разберам уште дека треба да одам да платам сметка , ќе одложувам и ќе трошам, тоа ми е на крај , додека тој, се како треба, се да е под конец. Мене ми е супер, јас постар не сум можела да замислам ама баш никогаш, најверојатно затоа што јас сум ептен ,,блесаво дете,, па сите биле или врсници или помали од мене. Најверојатно се е до човекот, а не до годините, ама според мене се што е +/- 6 години не е во ред. Ама тоа според мене. Инаку кој како си милува, и само да е среќен и да му е убаво на душичката негова!
Jaс сум 26 тој 28.Сме остареле бре Супер ми е оваа разлика,таман :up: Не ги разбирам оние врски каде мажот е многу постар од жената по 10,15,години ама сигурно им е ок.Јас не би можела
Јас сум 24,а дечко ми е 23 ,една година сум постара од него ама некоја разлика не се приметува ,само пријателите не зезаат по некогаш дека сме била како братче и сестриче
Godinite vo ljubovta nemaat vrska...ako ljubovta e stvarno iskrena ) ali sepak ne treba mnogu da se preteruva...zatoa shto ako ne koa kje ste pomladi, koa kje poddostarite kje se poznava razlikata... ) [mod-kirilica:1r4sdykr][/mod-kirilica:1r4sdykr]
Одсекогаш сум била со ставот дека годините во љубовта не се ни најмалку важни. Ако нешто е важно тоа е карактерот на човекот, зошто доколку нема никаков или без веза карактер, џабе му е колку и да има години... Сум имала врска со мој врсник, а и со постар од мене 2години, па и со постар 4години... сега имам врска со постар од мене 14години и да ви кажам конечно можам да кажам дека сум исполнета и имам до мене човек кој е полн со разбирање и почит спрема мене. Нема да коментирам за тоа дали има или нема љубов(иако се подразбира дека ја има), зошто сепак и таа е релативна работа, на почеток е присутен љубовниот занес, страста, а потоа со тек на годините, сето тоа преминува во едно секојдневие во кое е најважно да биде присутна почитта.
Со дечко ми сме разлика осум месеци, но сме во иста генерација. Одлично се сложуваме, можеби затоа што тој е доста зрел и сериозен за негови години. Знае некогаш да одлепи, ама јас сум тука да го смирам Не можам да се согласам со ставот дека годините не се важни, затоа што девојка на 22, а дечко на 33 години имаат различни сфаќања и потреби. Имам познаничка што е во врска со 6 години постар дечко кој веќе сака да склучат брак и да основаат семејство. Што е нормално - тие му се годините. Таа не се чувствува спремна ни за едното, ни за другото. Што е нормално - ни неа не и се тие годините. Е во такви случаи, колку и да е голема, љубовта не може да донесе компромис.
Мислам дека годините немаат врска во љубовта,колку и да е голема љубовта,меѓутоа доколку ПОСТОИ. Е,сега ако одат некои со разлика 20 години ,па не ми е нормално баш хаха Некоја граница мора да си има,али не ептен голема
Јас сум 17 тој 23. Можеби и не е некоја голема или мала разлика но сепак тој ми е најдобар до сега. На почетокот на врската можеби се приметуваше разлика но со тек на времето почнавме да размислуваме скоро исто и да се разбираме што е најважно
Велат љубовта не понавала граници...yeah right. Прва и најважна работа е колку се стари партнерите, па потоа колку е нивната разлика во години. 16 и 24 не е исто со 26 и 34, иако разликата и во двата случаи е 8. Според мене, разликата во години не би требало да е повеќе од 7, затоа што доколку е, се појавува генерациски јаз кој е тешко да се одврзе.
Епа барби, гледај сега... Ти имаш 17, значи тој има 26 некаде. на него полека му иде времето за женење. Може ти после средно ќе сакаш да продолжиш некаде на факултет. Тоа значи дека тој ќе треба да те чека некаде од твои 18-19 барем уште 4 години. За тоа време тој ќе помине 30. ќе почнат некои баби, стрини, тетки да му зборуваат дека е време да си најде невеста, ќе почнат и другарите да му се женат, ако не почнале веќе. Така тој или ќе те земе за женичка, или ќе си најде друга, или пак нема да ти остави многу избот затоа што "случајно" ќе ти направи едно бебенце. Можеби грешам, ама тоа е мое мислење.
Rазликата во години за мене не игра улога воопсто, јас сум со особа која има 50 години а јас имам 21. никогаш не мислев дека може да се вљубам во некој кој што е 29 години постар од мене но ете гледам дека е можно никогас во животот со никого не сум се почуствувала поисполнето и целосно не сум со него од интерес со него сум засто вистински го сакам и засто се осекјам сигурна, безбедна, и сакана кога сум во негова прегратка. Љубовта не познава граници
Леле ич не ми се коментира на темава. Се што имав зацртано во животот дека нема да го направам ми падна во вода пред извесен преиод , кога се запознав со него.Значи сега сум во врска со дечко помлад од мене 10 години, и да ви кажам убаво ми е не викам НЕ.Ама сеуште неможам да се препознаат самата себеси бидејки никогаш не помислував дека ќе садам краставици со деца, хаха!!!Ама тоа е тоа незнаеш што носи животот.
Е ова е веќе претерано,разбирам и 10 и 15 нека биде преку сила,ама ова е 30 години,па тој уште 10 години ќе клапне,а ти ќе бидеш во најубавите години,башка тоа е сигурно колку татко ти,ако не и постар. Тоа е исто како сега јас да се заљубам во таткото на другарка ми,кој е помлад од 50,ама не можам бе толку постари луѓе со тие очи да ги гледам. Твоите знаат?Како реагираат?Баш ме интересира
Според мене е битна и тоа многу...не би можела да бидам со некој што е постар повеќе од 4-5 години од мене...едноставно не живееме во исто време... Луѓе со голема разлика во годините имаат различни погледи на светот, различни размислувања и еден од двајцата мора да се менува.. најчесто помладиот ..мора да почне да размислува позрело, да се однесува поинаку од неговата генерација итн.
лелеј Барби животот ти е испланиран, мака немај Сигурно не планираш одма да се мажиш со него, нели? И не мора да прашуваш дали е океј разликата во годините, никој не живее за тебе, а плус тоа се е индивидуално. Убаво ти е на тебе? Не планраш одма деца да му раѓаш? Тогаш терај и не си го троши убавото време во сомневање
Dали знаат моите родители ... дека сум со човекот на мојот живот ? па нормално никогаш не сум криела ништо од моите родители, тие се моите најдобри другари не можам да замислам да скријам нешто од нив. не кријам ништо затоа што од секогаш сум имала максимална слобода за секој мој избор а секако и одговорноста на секоја моја постапка секогаш паѓа на мене. моите родители се секогаш тука за да ме посоветуваат, да ми ја дадат нивната подршка но никогаш да ме критикуваат. јас сум самостална и независна од моите родители, тие ме сакаат и ме почитуваат никогаш во животот ми немаат наметнато некој нивни избор или пак некое нивно мислење, нормално дека ме советуваат секогаш, а мое е дали јас ќе го прифатам нивниот свет или не. јас ги обожавам моите родители, поради таа слобода што секогаш ми ја даваа јас сум посилна личност и многу позрела од моите врснаци, со одлуката доаѓа и одговорноста. бидејки јас ги донесувам одлуките во мојот живот одговорноста за успехот или неуспехот е само моја.
Па доколку сте со човекот на својот живот доколку вашата врска е силна стабилна исполнета со љубов разбирање нежност и страс дали одвај го чекате нареднот момент да го видите прегрнете и му кажете те сакам ако вашата љувов е чиста и искрена кога вие имате време да помислите на таа разлика сеуште ли живеет за туѓите мислења размислете колку бракови има на планетава со поголема разлика во годините како тие успеале и ден денес се заедно сигурна сум дека имате таков случај и со своите родители но тие биле сигурни и цврсто стоеле зад својата љубов и не им било важно што мислат нивните стрини баби и сл.Па 21 век сме факултет можете и во брак да учите не мора одма деца да праите битно е ке се будите секое утро во прегратка на саканиот зарем не е тоа доволно?!