Mногу ти благодарам за коментарот успеа целосно да ја опишеш мојата врска а воедно и моите чуства навистина не можам да издржам да бидам раздвоена од мојата љубов, тешко неподносливо ми минува времето кога не сме заедно. пред некој ден ми предложи брак посрекјна лицност од мене нема на цел свет, постојано ги бројам деновите и нестрпливо го оцекувам денот кога конецно ке бидеме заедно за секогас за повеќе да не се разделуваме никогаш. мене никогаш не ми е било важно мислењето на другите окулу мене, никогаш не живеам за други. ние самите си го креираме нашиот живот сите сме луѓе и сите правиме грешки затоа преферирам да не слушам никого. го живеам мојот живот онака како што ми налага моето срце и мојот разум. инаку помеѓу моите родители разликата во години е само 2 . многу сум горда на нив тие за мене се идеални совршени родители, немаат никакви предрасуди. ме научија како правилно да живеам,како да ја примам болката и радоста. се што сум денес е благодарение на моите родители.
Околу случајов на Husaric, искрено јас сум доста скептична, во прашање е скоро тридецениска разлика. Колку за паралела кога таа за првпат проодела и се движела тетеравејќи се исправена под маса, човеков веќе имал триесетче. Колку сега тој и да изгледа сеуште држечки и добро за своите 50, сум видела буквално згодни мажи на таа возраст кои за некои 10 год. ако не и порано се претвараат така речи преку ноќ во смежурени и подгрбавени деденца. Сега знам дека некои ќе сугерираат не е се‘ до изглед, ама замислувајќи се себеси како водам за рака некој таков искрено морници ме прелазуваат ми текна на Саманта и желатинозниот задник од тоа чичето богато во Сексот и градот ау, кошмар ќе имам ноќва . Бидејќи ова не е Холивуд па дури и со не знам колку ушприцан ботокс не се решава баш се‘, ми доаѓа слика на Мики Рурк кого дефинитивно не би да го пресретнам во недоволно осветлено и нефреквентно сокаче неколку часа по полноќ поради истово... И , може сега сексуалниот живот ви е врв, искуство плус младост фрчат хормони на сите страни, ама што со тоа што неговиот перформанс ќе опадне видливо и со геометриска прогресија низ годиниве... И во суштина, размислувањата не е важно што народот мисли, ако ние се сакаме се преценети, бидејќи едно кај екстремни случаеви народот е обично во право, едно и друго, љубовта не е секогаш со ист интензитет и завршеток како во холивудските сценарија. Во принцип, на прв поглед кога се гледа пар со толкава разлика прво што се помислува е дека некој тука ја купува младоста и свежината на другиот. И никој не може да ме убеди дека нема да се јави љубомора од негова страна кога ќе почне да опаѓа тој во секој поглед. И мал милион др. неусогласености. Значи драстичен пад на физички изглед и сексуален перформанс, голема веројатност за љубомора и др. несогласувања предизвикани со огромниот генерациски јаз за мене се големо НЕ во случајов. Сепак одлуката и животот се твои и на крајот на краиштата секој ги сноси последиците од својот избор каков и да е, но пред се‘ секој има и неприкосновено право слободно да избира. И да, околу советот не мора да брзате за деца, мислам дека е баш спротивно бидејќи малку е краток периодот во кој ќе настане премин на татко/дедо улогата. Секое добро.
Tribbiani советот и не ти е баш на место пошто таа е со човек кој има 50 години и немаат доволно време за правење деца, тој кај и да е нема да може да и направи после некоја година, а тоа што ќе се буди секое утро во прегратките а саканиот, да ќе се буди и за некоја година ќе му вика ја испи вијаграта душо?? Имаш нова брчка на челото трета овој месец. Девојче се гордееш со твоите родители кои не е да немаат предрасуди туку ти го уништуваат животот (во овој случај тоа не се предрасуди тие мораат да те спречат во глупоста која ја имаш намислено). И не не те научиле правилно да живееш се лажеш, а благодарение на твоите родители ти денес си тоа што си: а тоа е една нестабилна личност.
a be ovoj дечково твој од мајкати да не е постар случајно ???? Знам дека не те интересират мето мислење ама ЈАС сепак ке ти препорачам да си одиш на психолог или на психијатар извини вака што сум дирекна ама Јас мислам дека си во психолошка заблуда ТИ не го сакаш него имаш некој психолошки проблем со ТАТКОВСКА љубов оди прво расчисти со то за полесно да сватиш дека не се работит за љубов ! П.С. нонстоп на форумов или на тема разлика во години или тема брак со постар си пишела и ТИ сама не си сигурна а употно си туркаш !
да госпоѓо постар е од мајка ми и не ми е дечко туку мој иден сопруг дали сум сигурна или не тоа само јас може да го знам а не некоја особа што не ме ни познава а бидејќи не ме познавате не можете да кажете дали имам или немам "психолошки проблеми", бидејќи ова е форум а тоа значи место каде што секој може да го даде своето мислење (но не и да критикува или да осудува некој што воопшто не го ни познава) слободно бидејќи сепак се работи за демократија ќе оставам мое мислење на секоја тема која што ми е интересна или на која што имам желба да дискутирам, а на вас ако ви пречи слободното изразување и ако сакате поради некои психолошки проблеми да воведувате диктатура на јавен форум жал ми е што јас ќе бидам првата да ве известам дека тоа е невозможно ви благодарам за вашето мислење но не можам да ги прифатам навредите и критиките.
е ма девојко да немаше 21 година тој твој иден сопруг ке требаше да одговарат пред закон ама ВАКА ти си полнолетна и животот е пред тебе ЈАС настапив строго како родител инаку јас не би и дозволила на керка ми да се дружи а камоли да имат врска со човек кој е постар и од мојот сопруг ! Напросто неможам да ги сватам твоите родители а не ТЕБЕ ти си млада и за тебе сега во моментов све е возможно тебе и некако ке те разберам ама сепак родителите твој НЕ!!!, Инаку нигде не напишав дека не можиш да пишиш кај сакаш на форумов туку приметив дека се држиш на две одредени теми а тоа според мене укажуват на фактот дека ТЕБЕ те интересират мислењето на другите во врска со твојата одлука за твојата љубов !И незнам кај се најде навредена ЈАС само и само те замолив да се преиспиташ самата себеси дали се работит кај тебе за ВИСТИНСКА љубов или за некоја пот свесна љубов кон постар маж ! ако мислиш дека те навредив со ТОА извини ама сепак стојам на фактот дека пред да донесеш конечна одлука да разговараш и со некој педагог или психолог !
ви благодарам ве поздравувам и ви посакувам све најдобро од срце. имате право ме интересираат мислењата всушност затоа и си ја кажав ситуацијата го ценам вашето мислење и уште еднаш сакам да ви кажам благодарам и се извинувам што не ве разбрав убаво.
husaric Ги прочитав скоро сите мислења што ти ги даделе и заклучив дека ти ни едно од нив не прифати само заради тоа што ти велат дека не е за тебе старецот. Од целава тема има одвоено неколку мислења што те подржуваат на некој начин а ти право одма ги цитираш и велиш потполно се согласувам. Епа не е се црно и бело. Бркај работа ако толку многу сакаш да си си тој човек но имај на ум дека е 50годишен.
Jas i mojot dechko sme razlika 10 godini i sme isto tolku vo vrska ,ama kako pominuva vremevo kako jas da sum postara od nego taka da nemaat vrska godinive tuku karakterot [mod-kirilica:2wxax2ef][/mod-kirilica:2wxax2ef]
10 години се трпи не е ништо, ама таа има 21 а тој 50 е богами незнам дали имаат или немаат врска годините
Па и јас да сум саро ку*е, без потомство, и ја би некоја помлада 30 годишна. Или што би се рекло што ќе се закачи прво на јадица. Аман бре 30 години. Хусарик, ти веќе за 3 месеци реши дека тоа е љубовта на твојот живот? На многумина им треба години за да сфатат дали е тоа е тоа, а за 3 месеци се може да биде прекрасно и нај, што има везе кога ќе подостари ќе му купуваш вакум пумпици и ќе му го пумпаш. Интелектуално ниво? М до кај сте на тоа поле? Се надградувате? Предизвик ти е? Ти ко за 21 зрела си? Ти летаат пеперутки. Што те привлече толку многу? Од толку убајни у Монако ти за антиквитетот се фати.. летај сега летај.. ама пази како ќе слеташ..
Сум била во врска и со врсник, и со 5 години постар а богами и со помал. Помалите можеш да ги командуваш како што сакаш, но повозрасните те тераат да се чувствуваш како вистинска жена. Како и да е доколку има вистинска љубов мислам дека годините не се важни.
Јас со дечко ми сум разлика 8 години и 1 месец. Разликата и не се приметува, а односот меѓу нас е прекрасен.
И мајка ми и татко ми се 10 години, ама 30, не само визуелно туку на секој можен начин ќе ја приметиш разликата..
Mногу ти благодарам за коментарот успеа целосно да ја опишеш мојата врска а воедно и моите чуства навистина не можам да издржам да бидам раздвоена од мојата љубов, тешко неподносливо ми минува времето кога не сме заедно. пред некој ден ми предложи брак посрекјна лицност од мене нема на цел свет, постојано ги бројам деновите и нестрпливо го оцекувам денот кога конецно ке бидеме заедно за секогас за повеќе да не се разделуваме никогаш. мене никогаш не ми е било важно мислењето на другите окулу мене, никогаш не живеам за други. ние самите си го креираме нашиот живот сите сме луѓе и сите правиме грешки затоа преферирам да не слушам никого. го живеам мојот живот онака како што ми налага моето срце и мојот разум. инаку помеѓу моите родители разликата во години е само 2 . многу сум горда на нив тие за мене се идеални совршени родители, немаат никакви предрасуди. ме научија како правилно да живеам,како да ја примам болката и радоста. се што сум денес е благодарение на моите родители.[/quo Јас и сопругот сме разлика 4 години ништо значајно супер ни е.Ама таа разлика 30 години јас лично не можам да ја сватам колку за споредба јас имам 23 а таткоми 52 па не би можела да се замислам за рака со човек кој е толку постар од мене.сепак тоа си е твој избор твоја работа имаш право да правиш што сакаш со животот.Искрено без навреда јасно ми е што тој гледа во тебе ама никако не ми е јасно што ти гледаш во него.Сум видела мажи на 50 години кои ме фасцинирале на прв поглед и како изгледаат и како се однесуваат ама едноставно не можам да се замислам со некој од нив во љубовна врска.Со среќа понатаму во животот.Се надевам и натаму ке бидиш среќна со него како што тврдиш дека си сега.
Ние сме 2,5 години разлика, тој е помал од мене, и да кога се сака се се може,но најискрено најважна е зрелоста во врската, колку сте спремни двајцата, а не само (не се важни)годините,е тек како се важни,он е помал од мене, и нонстоп додека бевме во врска созреваше со мене, ми сметаа некои работи, на пример теми на разговори, друштва, но со тек на време се си иде на место, но со поголема разлика не знам како се справуваат некои други ,јас лично не ке можев да беше повеке разликата, а не постојано да се чувствуваш како (мама)или да се чувствуваш како (dady litle princes)многу е важно да има слога во врската подолго време ,едно 5 години за да сватиш дека е она правото ,ако не е воо тој период ке се покаже дали е ако сте сеуште заедно
јас имам 26 а тој 21.се запознавме пред 8 месеци и прво бевме добри другарчиња.И двајцата си имавме врски што баш и не ни цветаа (мислам дека тоа повеке не поврза) сега откако и двајцата сме слободни некако ни светна дека има нешто повеке од другарство (а тоа се случува во последниве 2 недели) Збунетеа сум многу.Убаво ни е заедно, целите сме такви во облаци ама никогаш до сега не сум била во врска со помал од мене и многу ми е чудно Сепак се 5 години во прашање
Немој со стереотипите! Машкото да е постар, машкото да е повисок, машкото сино,женско црвено... Тоа се веќе застарени стереотипи на кои луѓето порано им давале висока важност, но штом не се веќе “популарни“ тоа значи и дека не се ни корисни. Зошто да не одите ако ви е убаво? Зошто едноставно му придаваш важност на тоа? Мислиш дека ќе се осеќаш глупаво пред други? Годините немаат врска со интелегенција, физичка развиеност и останатите атрибути, се е до човекот и неговиот хормонален и интелектуален развиток. Ако ви е добро....продолжете
Мислам дека си ја претерала ептен 30 години разлика,ај 10 да беа и така и така ке се голтние некако ама 30 многу се..животот е пред тебе ,можеш помлад,поубав да најдеш,сепак ти си знаеш најдобро Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=3eLpbrKgezA ти си младо пиле а он е стар мачор.... Без навреда ама така е