Признавам и 10 години да е постар од мене ама ако јас имам 23 а тој 33, а не јас 15 а тој 25. Разликата е во тоа што 15годишно девојче што туку почнува да созрева а типот од 25 години веке созреал и бара нешто повеќе на пример секс. А таа од 23години е скоро созреана и мислам дека не би е пречел некој да е постар од неа 10години туку само очајно ќе гледа да има дечко покрај неа. Можеби не е така ама јас така гледам од моја преспектива.
Utre kje idam na kafe so nego,za da go kazam svoeto mislenje na temava,i ako pak mi go povtori kazanovo,i princot na bel konj da e,khe go ostavam! [mod-kirilica:12uvnzx8][/mod-kirilica:12uvnzx8]
дечкото отворено ти кажал дека сака само сексуална врска со тебе, ништо повеке, за година две ке бара домакинка за да му роди деца и да му ги пере гаќите.
Дечкото избегнува средба со мене....2 пати му пишав за да се видиме да правиме муабет,се нешто измислува....кој има мува на капата сам си вика иш. Му е страв да се соочиме,пошо се вади дека бил пијан кога ми го зборел тоа,ама сепак стои зад тоа размислување.
Нема мува на капа туку не е заинтересиран, не знае како да ти каже па сака тебе сама да ти текне . Да сакал нешто повеќе, 100 пати досега ќе те викал на кафе а годините ич немало да му сметаат поготово што е разликата безначајна .
Разликата во годините и е битна и не е битна. Според мене не е битна ако го имаш на некој начин иживеано животот после 22 година , што се вика лудориите да ти поминат . Али врски од типот 18 годишна,28 годишен па и не баш, што се вика он има поминато скоро се, девојката уште не иживеана.
Мислиш на 28 имаш поминато скоро се, се лажеш . Знам и девојки на 18 што жеден преку вода ќе те пренесат ако не пазиш, некогаш лажат годините . Замисли сретнуваш некој супер и го откачуваш со изговор чекај да ми поминат лудориите, тебе ќе ти поминат ама него веќе ќе го нема зашто некоја друга си го зела . У суштина ако некој многу ти се свиѓа и лудории и години ама ништо не те интересира, ќе сакаш само да си со него/неа
Сега испадна дека сакал врска,ама немал доволно време за целосно да и се посвети на девојката,имал премногу работа,рече дека избрзал што сега ми го кажал тој муабет ама дека стои зад тоа дека е многу битен во врската. не викам дека не е,само се побунив што волку рано ми го кажа ова,пред да ме запознае карактерно...како ќе има секс со некоја што не ја знае што будала е ?
Па за таква врска ко он што сака воошто не мора да те знае карактерно . Он сѐ убаво си кажал што и како сака само ти тоа малку различно го тумачиш .
Значи кажувам дека и сам си се поправи , дека избрзал со тоа што го кажал дека сексот е најбитен фактор во една врска.
Разликата во години не е важна доколку ти имаш 19 а тој 28 . . Но ако ти имаш 14 а тој 19 помала е разликата но и тоа како е важна.. Пример ти имаш излез у кафичи до 12 и пол 1. . тој сака да седи повеќе пример до 3. . Е тука доаѓа до несогласување. . А не и само тоа, тој сака нешто повеќе а ти мислиш дека си премногу мала за тоа, тука доаѓа до уште поголемо несогласување . .
Се е релативно. Врска како врска се заснова на љубов, доверба, заеднички интереси итн. Верувам дека 15 годишно девојче не може да има исти интереси со некој многу поголем од неа или пак 20 годишна со 28 годишен. Баш поради таа генерациска разлика и различни интереси. Тој на 28 е доволно зрел за да оформи фамилија, а таа не. Девојката на 15 години не може да го задоволи дечкото како што тој би сакал и би можела некоја на негова возраст, пред се зборувам за физички потреби или пак излегување заедно. Овие врски според мене траат кратко додека се смират еуфориите и всушност вистински не сфатат дека навистина не припаѓаат заедно, или пак додека не почнат караниците доколку врската започне да станува сериозна.
најстар дечко кој сум имала бил постар од мене 3 години и за некои работи не се согласувавме стално викаше дека сум недозреана за него итн итн . но верувам дека сите машки не се исти
Сум имала постар дечко, на почетокот немаше проблеми, ама по некое време дојде до откривање на разликите. Најмногу ме нервираше што ме третираше како дете. И фази во стилот- Од искуство да ти кажам.....НЕ БЛАГОДАРАМ!!!! Мислам дека до 3-4 години разлика е идеално, но не и повеќе
Индивидуално е! Сепак не оправдувам врски од типот 15 годишно девојче и 25 годишен дечко или нешто повеќе! Сметам дека на таквите типови кои заведуваат мали девојчиња нешто им фали!... Јас за мене си сакам постар и поискусен партнер, нека биде и 10-15 год постар, не ми смета, едноставно сакам постари и не можам да се замислам со некој помлад или врсник! Се што досега ми се пуштало било незрело и нестабилно! Мене не ми треба да бидам дадилка, туку сакам некој да ме разбира, сака и почитува!
Јас и дечко ми сме разлика 4 години. Не е многу голема разликата, т.е. не е воопшто голема според мене ама сепак се чуствува дека едниот е повозрасен. Како што кажаа и пред мене, она познатото ’’ од искуство ти кажувам’’. Кое искуство бре за само 4 години, аман веќе! И во нашата врска ако тој е поголем од мене 4 години, изгледа како јас да сум. Тој сеуште е како детенце.
со дечко ми сме разлика 7 години(исто колку и со сестра ми )...и искрено не забележувам некаква разлика само што понекогаш знае да каже "знам јас,oд искуство ти кажувам,сум ги поминал тие работи што ти сега ги поминуваш" и уште една позначајана тој размислува за женидба а јас не