Благодарам meU за советот и за тоа што ме насочи кон што да сум претпазлива. Во овие три дена, сме се слушнале по максимум два пати на ден, а тек таму после задутре, значи после 3 дена договоривме за нареден состанок да се видиме. Сега на прв поглед не ми изгледа као љубоморен, не ме распрашува ниту пак делува сомничав, ама па со време може да се покаже како таков....кој знае? Друг некој, било кој да ме советува? Се работи за 12 години разлика меѓу нас (јас сум 24, од е 36). Читнете го постот над меУ. Некако навистина сме компатибилни. Иначе јас сум скорпија а он е јарец, и као демек овие знакови си одговарале.
Абе ич не прави споредба со хороскопски знаци, мислам тотална утка и според мене чиста глупост. Гледај и анализирај како се одвиваат работите. Еве јас со маж ми сум разлика 14,5 год. а по хороскоп ако гледам ич не си одговараме, така да гледај тоа што треба да видиш, не се замарај со хороскопски пресметки и сл
Тоа што ти е битно е да е во добра форма, да ти се допаѓа на изглед и да е здрав друго не гледам што има да те интересира а разликата во години е стварно небитна ако сте психички и физички компатибилни и погорниве работи се ок. Не знам зашто мислиш дека некој од 36 мора да е посериозен од некој од 25 тоа е состојба на психа и не е толку поврзана со годините. Едно е да си искусен но сосема друго дали ќе имаш понашање на дете (значи несериозно) или ќе бидеш озбилен и малку ќе се смееш. Дури и очекувањата за врска не мора да се поврзани со возраста така да може да налеташ и на возрасен кој ама на памет не му паѓа сериозна врска а напротив еден 20 годишен да биде заљубен до уши и да сака заеднички живот следните 1000 години . Има и возрасни кои се бегај подалеку и неспособни едно јајце да си испржат а тек клинец да кова ќе си здроби прасти . Но ако налеташ на возрасен да го бива и плус искусен од животот (не киксира на глупости) тогаш имаш бинго зашто искуството се плаќа а ти го добиваш на готово . Знам барем неколку 20 годишници што фрчат од љубомора така да возраста со љубомората немаат врска ама имаат многу врска со физичкиот изглед, сопствениот успех кај женскиот пол, желбата за доминација и самодовербата
meU ја се заебавав за тоа со хороскопските знаци, затоа има и такво смајли што пушта јазиче на крајот од реченицата ( ) иако јас лично си читкам хороскоп често, сепак не сметам дека баш хороскопот ќе ми ја одреди судбината...фала Богу XMaN бе пааа.... зошто секаде кај што ќе пишеш нешто, тоа нешо мора да е онака ... таман, да држи вода? м? хахаха Ок, оставам на времето, како ќе се одвиваат работите - така... инаку човеков на прв и втор поглед е одличен, а за на трет ќе видиме хахахах Супер е, не напиња, денес 1-2пати се чувме и тоа онака кратко, помалце од минута муабет Е привлечен, го бива, способен е (сам за себе си заработува) а за искуствата животни рано е уште да разврзуваме такви длабоки теми. Најмногу ми се свиѓа што е трпелив и онака има некој сталожен став. И знае да се нашали и да биде интересен муабетот. Не ни е досадно. Топ е човекот, и проблемот не е кај него туку кај мене. У моево главче се увртело дека тие 12год разлика се многу. ПС. сега додека го пишувам ова гледам по некоја слика и симпатичен е, навистина не му се познаваат тие 36год....лелееее ...добро ОК реков - Времето ќе покаже!
Муабетов е ,,ако е за мене или за нешто слично на мојот случај, тогаш оправдано, а нешто поинаку, не е во ред,, ме потсети на една моја роднина, затоа коментирам. И никако ама баш никако не ми сте јасни тие што зборувате средношколските или студентските денови биле за лудување. Значи дури имаш 15-22, во твојов муабет 16-18 мувај се, плескај се со кого сакаш, а после тоа ќе глумиме сериозност и зрелост Тие две години не носат препороденост, не доаѓа паметот одма кога ќе упишеш факс, а зрелоста е индивидуална, не проценувајте само според вас. И ајде да не бидам оф топик, според мене пак понормално е на помлади години да се загледаш во некој постар, инаку нема ваљда ако барам врска на 30 да се заљубувам во некој што има 45. Ама за некој не е така, па што има јас да зборувам сега. Секој со својот памет.
Разликата во години не игра улога, се разбира доколку и двајцата партнери се зрели . Да не е сега некоја врска на пример, едниот 17-18 год. другиот 30. Јасно дека би имале сосема различни гледишта, различен начин на живот....На пример, јасно дека девојче од трета-четврта година средно не би имала исти размислувања со 30 годишен маж, вработен со веќе изградена кариера. Самото тоа би предизвикало несогласувања и проблеми. Се разбира, има и исклучоци но ретко.
Да прашам за еден совет. Има еден дечко што многу ми се допаѓа, роднина е на моја другарка која ми кажа дека тој се мувал, значи само се мувал со другарка наша генерација, значи со сега завршена прва година. Со него сме разлика 6-7 години, значи јас имам 15, а тој 21-22. Ние онака си правиме муабет, го познавам од друго место, не е битно сега, и јас на фејсбук повеќе на зезанција (иако во секоја шала има пола вистина,нели ) му реков кога ќе те видам да ти покажам нешто, нешто во тој стил.. И добро, вчера он ми пиша и ме праша као дали е вистина тоа што сум го рекла и ми рече како ќе се видиме ако не се договориме,ова-она, и накрај си отиде,имаше нешто работа.. Другаркава ми вика демек зашто да не се смувам ,една вечер онака за забава, значи ништо друго. Ама незнам, во недоумица сум, ме кочат годиниве, иако нормално дека нема ништо повеќе да имам со него, само едно мување.. Совет?
^Ќе речеш за едно мување, што менува, ама јас искрено не би. Не знам, не ми е сватливо, седум години разлика сте. Можеби кога ти би била полнолетна или малку поголемка не би била против, но не и вака, сепак друга ситуација е. И јас имам 15 години, и ете можеби сваќањево ми е малце глупаво, ама се држам до ова како слеп за стап Но, на крајот на краиштата твоја одлука е, тоа што сметаш дека е најправилно, тоа направи го.
Немојте да се оптеретувате со тоа , разлика во години Јас имам разлика 20 години , 1 година сме во врска и НЕМА ПОСРЕЌНИ ОД НАС(позаљубени) и размислуваме да се земеме по дипломирањето мое затоа што сме сигурни дека сме створени еден за друг . Инаку ние никогаш не сме дозволиле да се примети разликата во годините (карактерно).
Браво за вас. Верувам дека не се приметува 20годишната разлика... Или ти изгледаш многу постаро од тоа што си или тој е ептен младолик... За 10 години максимум погледни се ти во огледало и погледни го и него. А за 20години
Јас би 8 години разлика најмногу Поголема разлика од тоа ми е настрано,педофилски,манијачки ... Некој постар можам да го гледам само како чичко и да му речам :-Добар ден кога ќе се сретнеме. 20 години постар??? Ајде замислете некое бебе што е родено сега , да се омажи некогаш со некој што е сега 2 година на факултет. Како што сака нека се облекува и однесува,годините си се години. Љубовта има граници и тоа многу.
Јас имам исто така 15 години сега завршив 1 година во октомрви ќе полнам 16 идам со дечко 7 години постар од мене веќе година дена и ми е супер...разликата воопшто не ми влијае лично мене а и на него исто...Имам иста ситуација со твојата мислам во години и мене ништо не ми пречи сепак ти си знаеш одлучи си сама
Сите мои бивши беа тука негде со возраст колку мене. И во двете мои долги врски нешто фалеше, неможев ни сама да си опишам што, беа многу мали работи насобрани што ме правеа нервозна секој ден. Верувале или не татко ми ми даде совет да си најдам постар дечко не помина многу време пред да го запознаам мојот сопруг. Јас тогаш 23, тој 32 Ме плени од прв поглед, со самодоверба, со шарм, со искуство какво што не бев видела ни во еден од моите врсници, а во исто време многу поопуштен и позабавен од било кој од нив. Најдобар другар за искачање,пиење, дружба и глупости праење. Во исто време изживеан и без потреба да трча по секој пар добри нозе, знае што сака, препознава што има покрај себе и знае да го задржи. Поентата ми е дека ние женските сме посозреани од машките на наша возраст па затоа нашите врсници се однесуваат детски. Не сум за екстремни разлики како 20 год, ама мислам дека за секоја жена да биде третирана како ЖЕНА треба да си најде малку постар маж.
партнерот според мене треба да биде 1,2, или највеќе до 3 години по голем од партнерката . иначе некако ми е глупово партнерката да биде поголема од партнерот
сега е голема разликата..мислам дека не е во ред за тебе да имаш нешто повеќе со него од симпатијата што веќе ја имаш..но ти кога ќе имаш 20 а он 29....таа разлика иако е иста во години на некој начин станува занемарлива...........
Душичке нашето мислење па и на другите е најмалку битно ,важно е тебе да ти биде убаво и да бидеш среќна во врска со него