srcu6ka1, сега можеби изгледа како многу...но верувај дека не е, ако вие си наоѓате заеднички јазик нема никаков проблем
што мислите вие, можно ли е некој кој моментално има 22/23 , да чека во буквална смисла од 19 години девојче помало од него 6 години за односи мислам, МНОГУ ме интересира вашето мислење повозрасни девојки и дали ќе се поистоветува со моето размислување и теза искрено се работи за моја многу добра другарка отворени сме за СЕ и за работи што некогаш би требало да се премолчат, за целиот нејзин љубавен живот осим за дечко и, мислам дека и е непријатно бтв кога се запознавме она веќе идеше со него...
ako ja saka zosto da ne ceka,sepak ako taa misli deka seuste ne i e vreme za odnosi,pa i ne se nekoja razlika vo godinite kako sto svativ taa 19 toj 23,jas so mojot verenik sme 8 g razlika pa najubavo ziveeme bez nikakvi problemi [mod-kirilica:fmapk3px][/mod-kirilica:fmapk3px]
^Ништо. Искрено според мене ова е најдобра разлика, не е ни премала ни преголема. (зашто јас неможам со врсници.) Инаку, баш тој што се мувам сега сите претходни му биле поголеми за 1,2 години, можеби и повеќе ама супер си поминувале, не мора тоа да значи нешто
Па еве и мојот дечко е помал од мене скоро година ама не се осеќа разлика, се зависи од тоа двајцата колку сте зрели.. Сум имала и дечко кој што беше 8 години постар од мене ама јас бев тогаш детиште 16-7 год. а он 24-5 ама па баш убаво се согласувавме Е сеа да би имала дечко помал од мене неколку години, не би издржала со него многу, бидејќи мислам дека машките не се многу зрели како женските..
Мене ми е многу убаво кога видам некој пар со поголема разллика,но не некоја екстрема разлика по 20тина години.Убаво ми е највеќе до 8-9-10 години разлика,а помал од мене некако не ми е баш...
Баш денес слушнав случај за моено комшиче.. девојчево 15 годинки на одмор се испомувала со некој 28 годишен! алоооо каде со тој памет бееее?! дури и не му кажала на типов колку години има за случајно да не ја откачи. Стаписана останав искрено, кажете што сакате ама тоа е премногу!
ее поради постарите машки денешните девојчиња се толку напредни, 3-4 ај и 5 години во ред е, но повеќе за едно мало девојче никогаш не би оправдала, друго е веќе да девојката е зрела полнолетна, но мало девојче... жално ццц гледам осмоодделенки 15 штикла кратко фустанче и дечко на 20 и некоја годинка па си мислам кај отиде младината, на тој возрасен маж лижење не му треба, него тие малите се наивни и после кога се искомлицираат работите , леле се случило е зошто да е чудно.
Мојот партнер е постар од мене 4 години,и се сложуваме како куче и маче,ама го сакам инаку до сега ќе му искубев косата од глава,толку сме значи различни типови и карактери
За тие што велат дека љубовта не познава граници-Дали би биле во врска со некој 25 години постар од вас?Доколку вие сте 17 а се гледате со 42 годишен дали тоа е нормално?Повеќе личи на педофилија тоа отколку на љубов..
Одсекогаш сум сакала повозрасни машки од 5 години па до 15 постари од мене. Сегашниот ми е 10 и супер ни оди не обожавам врсници или две години постар деца се за мене
кога е љубовта во прашање,годините и километрите (ова за километрите е проверено,хахах) се само еден обичен број.но ако има вистинска љубов секако дека ќе има пречки,кои ако вистински се сака лесно се надминуваат.е ете зошто мене ме викаат hopeless romantic xaxaxa голем поздрав и бакнежи до сите вас
Разлика во години???Па што знам не сум сретнала досега пример со некоја разлика огромна, која ми боцка очи...секој со свој вкус нели иако мислам дека големата разлика носи и свои посебни проблеми...а од друга страна таквите врски можат да бидат исклучително стабилни...и не може да ги генерализиаме работите а особено љубовта...е сега секако цела оваа приказна паѓа во вода ако станува збор за господин кој е постар од вас да кажеме 45 години,при крајот е и има 50 милиони фунти на конто во банка кои ќе бидат ваши штом дотичниот се упокои.Тогаш ќе може да се тешите како ви доликува па дури и да пуштите солза на јахтата,далеку од очите на јавноста,а солзите ќе ви ги брише некој од вашата дваесетчлена посада,далеку од очите на јавноста(кои патем сите се мажи од 25-35 години)
Јас се заљубив во комшијата кој е 10 години постар од мене и сега ми е срам да зборувам со него и кога на фб ме праша зошто не му зборумам му кажав дека му се лутам за нешто што и кажал он на мојата наставничка за мене . P.S. пријатели се со мојата наставничка
Јас неможам да се замислам да бидам во врска со некој мој врсник, а не па помал од мене. Порано да, сега НИКАКО. Можеби затоа што велат дека машките покасно созреваат(без навреда ама точно е) и така ми се несериозни,абе прави ДЕЦА. И затоа сакам постар, не нешто 10 години постар, ама макс. до 5 години да.
Јас и дечко ми сме 6 години разлика и многу ни е убаво.Подобро е да имаш повозрасен партнер од тебе,ке има големо разбирање! Но сепак зависи до личноста
Никогаш не сум помислила дека ке имам 4 години постар дечко,али ете како кажале Љубовта не познава граници