Отсекогаш ми пречеле годините, но со оглед на тоа што сум вљубена во 4 години постар од мене, (што мислам дека е премногу) некако се трудам да ги преминам годините... Тој е брат на мојата пријателка, пред некој ден го видов на пазар, веднаш се засрамив и излетав напред, а тој не ме ни забележи... (зошто сите ме забележуваат, само тие што сакам не? )
Јас сакам некого што е многу поголем од мене. Јас имам сериозен проблем. Јас сакам некого кој е многу поголем од мене и јас знам таа љубов е невозможна. Ве молам кажетеми како би постапиле да сте на мое место?
Братучетка ми има 15, а тој што и се додворува веќе подолго време почнува и нејзе да и се свиѓа, а тој има 21. Мислење? Јас велам , не .
искрено два врста на разлика во години до десет години разлика ми е ептен во ред ама повеќе над тоа зависи од случајот имам еден пример незнам како ќе ме сватите но за мене е ова катастрофа имав една другарка во средно таа имаше 16 години а дечкото нејзин ако може да се рече дечко пошто можеше татко да и биде имаше 40 години одеа скоро 3 години вистина беше убав човек со карактер и многу ја сакаше ама не е то то сите ја убедувавме и молевме но не и не и од дома ја разбраа па казни и триста чуда ништо не помагаше додека сама еден ден не се увери дека греши на факултет во битола и една ден тој пошол тамо се шетале и се ок и две девојки од тамо што и беа другарки така наречени ја виделе и другата ден и викаат абе зенска се изнашетавте вчера со татко ти и од тогаш се и дојде на памет не се превидоа више никогаш и сама свати сега и е татко понатака дедо е ова не го оправдувам ич.космодикс 6 години не е голема бас разлика не гледам некој проблем само со памет во глава и тоа.
ние сме 4 години разлика и не се приметува некоја голема разлика во годините. инаку за мене годините имаат врска,како немаат? неможам кога ќе видам пар 15 години разлика..тој може татко да и биде а таа се влече по улици со него..е и исто да напоменам дека битни се годините но зависи во кој период. пример девојче од 14 години да излегува со дечко над 22 тогаш мислам дека ептен се приметува, а кај постари пример жена 35 маж 43 не се приметува толку разликата.!
А што велите за 10 години разлика? Мое мислејне:ако се сакате ништо не е важно секако сега да не биде 16-40 како погоре случката што ја раскажа алекс26,но сепак остало е ок..бар до 10-11 години оправдувам..
Јас и дечко ми сме само 2 години разлика.Пред да стапиме во врска имаше еден што ми се додворуваше а беше 13 години постар од мене.Значи јас имав 20 а он 33.Ми беше глупо и болно Едноставно ми се гадеше.Типот не ме оставаше на мира па јас пробував да го игнорирам ама он сепак ми се пикаше.Не сваќаше дека е баксуз После 1 год се запознав со Даниел.Типот или маж како више да го наречам или типичен болен старец беше љубоморен сакаше да ни ја расипе врската се до тој ден кога му изнакажав се во лице а тој стоеше како статуа Никогаш не сум сакала и нема да сакам некој што е над 4 години постар од мене како пример другарка ми 18 а дечко и 27 ма шо сака нека праи Јебига
Јас и дечко ми сме 9 години разлика...во врска сме веќе 5 месеци и сега засега супер ни е... на почетокот имаше коментари од типот ->"9 години сте разлика?!?!WOW тоа е премногу...немој со него.само за забава е со тебе...ќе те изигра...вака така.." али јбг ние си продолживме по наше Неговите дома ептен најсупер ме прифатија а и него моите го прифатија убаво... многу ми е срцкаст и ептен си го сакам ...he treats me like a princess ..и секогаш ми покажува и докажува дека ме сака !!Дури и си планираме брак за понатака...али се во свое време за година-две ќе биде
Ако девојката има доволно мозоче за да си размислува тогаш годините немаат никаков лош ефект.Влијаат само доколку типот кој е доста поголем до девојката нема сериозни намери туку сака да ја искористи а таа ако не е доволно паметна да процени паѓа во замките па после се кае. На самите личности влијаат само позитивно - оној кој е помал во врската ќе научи некои корисни работи и ќе си ги сфати "детските" грешки додека оној што е постар ќе се чуствува послободно (надвор од работното време) да прави глупости и да се смее.Најдобра разлика не постои,доволно е да постои љубов.Битни фактори при градење на врската се- ДОВЕРБА,ЉУБОВ И ПОЧИТ,најмалку години.
Се согласувам со тебе,но што со она што го раскажа aleks26 во претходната страна?Ајде да преминеме преку годините,но другите,не ми смета мене,но навредите упатени кон партнерот да речам 40 годишен како:те видов со татко ти,може татко да ти биде,тој дедо а ти млада..и слично???Ова не го сфаќам..
E тука веќе треба многу трпение,нерви,љубов,подршка.Кога ќе ти каже некој така ќе те заболи и ќе те скрши ама ако си бил спремен да ја прифатиш таа врска,тогаш требало и пред време да знаеш дека ќе има критики.Јас не би се впуштила во таква врска само поради тоа што би се чуствувала како да одам со другар на татко ми.
3 години сме јас и дечко ми. Засега супер ни е Се разбираме, ама нормално тоа сепак не сме голема разлика ако земеме во предвит дека девојките созреваат 4 години порано од момците
^ Да се двајцата над 25 години, мислам дека не би требало да има некои огромни разлики во размислувања и ставови. Ама девојката 20 - дечкото 18... се чувствува разлика, да. Спојлер Been there - done that
Се сложувам со Хипи Ако на пр. ти си 20 тој 18 нормално ти ќе се однесуваш сериозно,а тој сеуште недораснат ќе има љубоморни напади и сл. и секој ден ќе се карате за глупости,а кога сте двајцата над 25 имате исти ставови,желби,мислења и нормално ќе се сложувате