Според мене разликата во години е релевантна за врската. Колку и да постојат оние фрази дека ако има љубов не е битно останатото, сепак годините го носат своето. И самите сме сведоци дека за иста работа мислиме различно во различни години. Според мене ретко која врска може да функционира кога постои разлика во годините, бидејќи истата доведува до низа проблеми и двоумења во врската.
Хм, кога ја имав 15 години, имав врска со 7 години постар тип. Просто бевме исти, со исти интереси, исти мислења и се тоа... раскинавме затоа шо живееме у мало место, кај шо уште постојат такви предрасуди, али мислам дека таа врска ми е била најубава до сеа.
разликата не е толку битна... побитен е карактерот на личностите... со моменталниот ми дечко сме разлика 10 години и еве веќе година и пол врската ни е супер, да не речам скоро идеална... никогаш се немаме искарано, додека пак сум имала дечковци кои биле постари од мене 2-3 години и кои дословно ми се понашале као деца со некои луди и глупи идеи што просто ми било срам што сум со него... што ќе ми е дечко што ќе ме страми??? мене ми треба некој што ќе го сакам и ќе ме сака, што ќе ме почитува, а нема да ме гледа како носител на вагина и со кој што пред се ќе ми биде убаво
дечкото мој беше исто колку мене т.с мојот бивш беше на воздрас колку мене еве неколку месеци разлика меѓутоа не -ДЕТЕ ништо друго сакам да имам повоздрасен дечко на пример од две години постар ипак сметам дека подобро би било и подобро би опстоило ..
Не сакам предрасуди,а и не ги негувам нешто многу-многу заради фактот дека се преограничувачки,а мене светов и онака ми е тесен,но кога се работи за разлика во години,имам,најголеми во свет! Не може,неприфатливо,нездраво,ненормално,нетолерантно,па дури и поодвратно ми е од хомосексуалност (си сакам педерчиња и лезбејки бе,цакани се и полни со љубов,нешто им се згрешило во генот уште кога биле во мешето на мама,а многу малку отпосле се создадени,полошо е да си педер во душа)! Прво,писхолошкиот пофил на овие луѓе е најгнасниот кој може да постои.Едиповиот и електра комплесот во најголем број на случаите не завршил кога требало,туку сеуште трае.Се заљубени во својот татко/мајка и бараат постари за да ги задоволат своите наклоности,иако несвесно,но барем свесно ја согледуваат препреката,но нееее...упорно се водат под девизата за љубов,годините не се битни.Без разлика дали таткото бил лош,лошо ги третирал или бил добар,секогаш ќе го бараат својот татко во согласност со своите потреби.Ако таткото бил лош,ќе бараат ист,таков,постар од нив дечко (значи буквално ја бараат сликата,а не како поголемиот дел од девојките) за да го променат или едноставно уживаат да живеат во мазохизам и продолжување на детството во кое не добиле доволно внимание од татковската фигура,но хеј за нив тоа е реалноста и правилното или ќе бараат добричина од човек како таткото затоа што баш за нив тоа е идеалот кој иде во постар пакет,а не со момче во согласност со нивната воздраст.Во секој случај кај овие личности е изменета перцепцијата за реалното,возможното,здравото,нормалното. Друг е моментот кога девојката ќе стане жена,а мажов ќе стане деденце,е тогаш... Плус,толкава разлика...кои се нивните заеднички интереси?!Таа неизживеана,сака да излезе да се забавува,собира искуства,учи,а овој заситен од целиот тој живот,затоа што нели го изживеал и не му е повеќе интересно...ќе ги ускрати еден важен дел од процесот на созревање и на крај уште ако се разделат,таа вечно незрела и неисполнета ќе биде и никогаш нема да биде способна да создаде здрава врска. Ме мрзи уште да пушувам,а и субејктивно судам,по оваа тема и генерализирам,освен психолошкиот дел,но јас си стојам на своето,ако девојката сака да да биде за приказ,а не ценета како личност нека повели.Момакот кој сега е момак,а утре дедо е површна будала која не знае што сака од животот и не знае што бара од истиот,туку лута низ него.
хахаха Lilit за некои работи се сложувам со тебе, но за некои не... :? Дечко ми е постар од мене 10 години... (јас имам 17 а тој 27) ... Што имаме заедничко!? ... СЕ САКАМЕ, почитуваме и подржуваме. Тој ја разбира мојата потреба за излегување,кафичи и дискотеки... јас ја разбирам неговата потреба од мирен ден дома така да изнаоѓаме средина Ме чува премногу, ми угодува... јас би го дала животот за него и така. Се надевам дека еден ден ќе имаме семејство. Здравје! Тоа грешиш... а за лезбејките и за педерите и остало си во право
боже пази и сачувај... за тебе се понормални лезбејките и педерите отколку разликата во години? понормално е да се лижеш со девојка отколку да имаш дечко што е постар од тебе??? бљак тоа со психолошкиот момент ти нема појма... луѓе го читаат фројд па после се пореметуваат... не е све за читање
Добро бе девојки, прво не мора да ги копирате цели постови, може само делот кој што сакате да го нагласите. Второ, мислам дека темата не се однесува на хомосексуалците и не мора да се навредуваат групите кои што се поразлични од нас. Темата е за разлика во години, и што се однесува до мене, не би сакала голема разлика, јас и мм сме разлика 2 и пол години и супер се сложуваме, што не значи дека би било обратно ако беше постар од мене 10 години. Не ги осудувам жените што се со постари мажи, но лично за мене, тоа не е мој избор.
apsolutno ne se soglasuvam deka ako ima razlika vo godini megu partnerite deka e toa nesto gnasno ili razvratno,ili deka e posledica na kompleksi od detstvoto..najverojatno ima i takvi slucaevi no toa ne e neminovno pravilo,mozebi poveke e isklucok...site nie sme vo potraga po nasata srodna dusa,nasata druga polovina od celoto,i sto ako ja najdeme taa nasa srodna dusa a taa e 10 godini postara od nas,treba da ja ostavime poradi toa?ako dvajcata se vistinskite eden za drug ke imaat razbiranje za godinite na drugiot i sto tie godini nosat so sebe..eve jas imam drugarka koja zema maz postar 15 godini od nea a imaat prekrasen brak..mozebi na lugeto od strana im izgleda cudno,no tie dvajca i nivnata kerkicka se mnogu srekni zarem toa ne e najbitnoto?ili e pobitno sto ke recat lugeto od strana,poveke od nivnata sreka?
Slucajno ja vidov temava i mi stana interesna zatoa sto jas imam maz postar od mene 15 godini.Kako prvo ima karakter i karakter.Ne se bitni godinite tuku karakterot na lugeto.Sum imala deckovci i generacija i postar od mene 5 godini ama so nikoj ne ja osetiv taa ljubov taa sloga i miren zivot kako so nego(15god postar).So nego se omaziv od ljubov od nisto drugo iako imase mnogu muabeti deka sum bila trudna i samo za toa sme zaedno ama pominaa meseci meseci i svatija deka ne e taka.Samo da znaete ljubovta pobeduva se!Ne se bitni mislenjata na drugite luge bitno e ti dali si zadovolna i dali e toa ti sto go sakas.Ti ke zivees so nego ne tie sekoe cudo za 3 dena.Ke te ozboruvaat dodeka ne vidat deka ti normalno funkcioniras so nego.
Не се согласувам осема со ова. Во секоја врска основно нешто е љубовта таа е најбитна,секогаш била и секогаш ќе биде... Вистина е дека со текот на годините се појавуваат различни интереси но кога две души се сакаат,тие се подготвени да се прилагодат еден спрема друг.Љубовта меѓу две души е едноставно најсилна,посилна од се и токму затоа мое мислење е дека годините немаат некоја битна улога во врската... Ifigenija немој да ме сватиш погрешно...
Многу е интересна темава, морам да признаам. Со дечкото со кој сум во врска сме 7 години разлика. Врската се одвива горе-доле одлично. Постои многу голема страст и безусловна љубов која до сега ја немам искусено со никој друг. И сето тоа е во ред, но постои еден мал проблем.... Проблемот е што на моменти се чуствувам како да сум буквар, отворена книга која во секој момент му е на располагање. Морам да признаам дека тоа чуство и не е толку убаво. Сепак сакам одредени мисли да си ги зачувам за себе, но благодарение на неговото искуство е просто невозможно. Од друга страна, пак, со него се чуствувам многу сигурно и заштитено. Пак ке напоменам дека врскава е сосема во ред, но сметам дека годините сепак имаат главна улога во дефинирањето на односите. Сепак, оваа разлика со текот на годините ќе дојде до израз преку најразлични ситуации, во тоа сум убедена. Но ова има и добра страна. Тој благодарение на мене го оживува времето, гледам дека е горд на тоа што ме има и често се развеселува поради мене и мојот младешки темперамент. Од друга страна, јас се чуствувам сигурно, заштитено и имам можност да учам и созревам со доста стабилна личност. Lillit јас се сложувам со тебе во делот во кој потенцираш дека лугето ги бараат својот татко или мајка кај партнерот. Но сепак, сметам дека се работи за личности со неизграден став и неизградени зелби и очекувања од животот. И милсам дека не е во ред сите тие луѓе кои се во врска со постар партнер да ги ставаме во ист кош. Сепак браво за директноста и отвореноста. Пздрав до тебе.
ee ubavo ste ja otvorile temava.. ve citav site... i povekjeto velite deka nema vrska so godinite za ljubovta.. i taka e mozda no jas sum uste vo dilema..:/ zs jas sum 16 a toj 25 i sto ke kazete na ova?
Па ти си знаеш најубаво. Како се однесува со тебе, како разговара со тебе. Можеш сигурно да процениш какви му се намерите кога веќе си се сплеткала со 10 год постар.
Ааааа јас па мислев сте заедно. Не знам што д ати кажам, да си внимаваш само пошто на него се знае кај му е паметот. Поздравче
po moe mislenje razlikata e golema skoro 9 godini..ti si 16 god. i po moe sega vo ovie godini da bides so nekoj od 25 ne ti treba..podobro e sega da si so nekoj so pomala razlika pa koga veke i ti ke trgnes so 20ka nagore moze i da bide pogolema razlika..sega uste sozrevas a on veke kolku tolku e do negde..i ke imate razlicni gledista na toa sto e vrska,ljubov,intima itn.ova e samo moe mislenje...ti kako mislis pravi..mozes da me poslusas a i ne toa e tvoe..vazno e da se osekas dobro i ispolneto vo vrska so koj i da si..
koga si 16 .....kako sto rekle starite a jas se slozuvam na 16 'sve sto leta i se jade' ....razlikata vo godinite najverojatno ke te sooci so predizvici pogolemi od onie koi bi gi iskusila so partner so pomala razlika vo godinite sekako ovde se zavisi i od zrelosta na partnerot toa ti e kako da si surfer pocetnik a probuvas da surfas na enormno pogolem bran ako si talent moze da naucis nesto no vo sekoj slucaj po padot posledicite ne ocekuvaj da bidat kako po surfanje na pomalite pranovi pa kako da kazam ni zadovolsvoto ne e za frlanje
Јас немам против врските со голема разлика во годините, моите родители се разлика 8 год па еве функционираат веќе 25год нормално, но Душица ти убаво размисли пред да направиш било што. Знам дека секој совет ќе го прифатиш но нема да го примениш, обично сите ние сакаме прво да почуствуваме на своја кожа за да можеме да одлучиме. Но кај тебе, за твоја возраст мислам дека годините се битни. Ти имаш само 16, сега почнуваш да влегуваш во пубертет и да созреваш. Сеуште си млада, знам дека ти е интересно и сосема ново да имаш симпатии кон дечко што има 25год, но пред да преминеш во врска со него или било каква авантура, излегувај некое време со него за да го запознаеш, да ги запознаеш неговите сфаќања, неговите пријатели, неговиот став кон животот итн, па дури тогаш ако мислиш дека можеш да се вклопиш во се тоа прави како што мислиш дека треба. Но немој да згрешиш пред време и да се каеш потоа, размисли убаво за позитивните и негативните последици, размисли за тоа дека тој е веќе зрел и искусен дечко, како би изреагирале твоите родители на тоа... размисли убаво за се, подобро е да се спречи отколку да се лечи Ти посакувам среќа за да размислиш убаво и да донесеш правилна одлука, што и да решиш нека биде така, но нека те прави среќна и исполнета. Поздравче