Првиот услов е ако дечкото физички изгледа доста помлад за годините па никој нема да забележи дека девојката е многу помала од него за подоцна кога девојката ке биде во полна зрелост со годините дечкото да има кондиција да ја одржува а вториот услов е да имаат слични интереси за да може бракот нормално да им функционира.Таков беше случајот со моите родители кои беа разлика 8 години но физички изгледаа како да беа врсници додека со интересите беа и така и така.
здраво на сите вас кои како мене нон стоп се на форумов , за оваа тема од лично искуство ви потврдувам дека кога станува збор за вистинска љубов годините не играат никаква улога. јас сум 22 години а мажот ми е 50 во брак сме 1 година и супер ни е инаку бремена сум 8ми месец очекуваме девојче. ова ни е прв брак и нему и мене и прво детенце. инаку пред да го запознаам и јас како многумина од вас ги осудував врските со голема разлика, велев како е можно? - се додека не ми се случи лично на мене. затоа сега знам дека во животот не смееме да кажеме дека тоа нешто нема никогаш да го направиме, или дека тоа нешто не може да ни се случи нам. никогаш не велете никогаш. топло ве поздравувам и немојте да бидете престроги и брзи осудувјќи ги другите кога не знаете што ви носи утрешниот ден
Биди жива и здрава па за едно 20 години ке правиме муабет како ке ти биде бидејки твојот маж ке има 70 а ти ке бидеш во полна зрелост на 42 години.Е тогаш ке те прашам колку ке ти биде супер.
за едно 20 години не знам како ќе биде, додуша не верувам дека постои некој на планетава што знае што ќе го очекува за 20год кога не се знае што не очекува утре се што имаме е сегашноста и секој ден треба да го живееме како последен.
Јас искрено се плашам од врски во кои разликата е поголема од 7 години , можеби бидејќи досега сум немала таква врска па затоа е стравот. Ме плаши се како ќе функционира и како ќе се разбираме .
секако дека ако еден од партнерите во една врска е повозрасен, постабилен,поискусен итн. ќе има многу поголемо разбирање и помалку расправии, од врска во која двајцата партнери се иста возраст или разлика од 1на до 3 години. иако не мора да значи дека кај овие кои се мала разлика во години нема разбирање но сепак мислам дека тие се повеќе склони кон несогласувања за банални работи.
Сериозно ова? 28 години разлика? Не би да те осудувам, твој избор и живот, ама мажот ти може татко да ти биде. Од мене си 3 години постара, толку е и мажот ти од татко ми постар. Не би можела јас да се замислам да бидам со некој кој може да ми биде татко.
Разлика од 30 години некако не ми асоцира на брак од љубов, повеќе на брак од интерес. Тоа е само мое мислење.
да. инаку како што претходно објаснив и јас пред 3 години мислев како тебе. не можев да се замислам.. чудни ми беа таквите врски, брак... но еве сега живеам во таков брак. животот е чуден, случувањата во него уште повеќе многу пати знае да не намести во таква ситуација во која никогаш претходно се немаш замислено. додуша ниту можеш да се замислиш во одредена ситуација не ти дозволува ... знаеш што си денес а што ќе бидеш никогаш не можеш да знаеш. нормално секој има право на свое мислење а дали тоа е така или не можам само јас да знам нели затоа не се трудам да ја оправдам мојата љубов а го почитувам секое ваше мислење всушност речиси сите кои ќе прочитат колку сме разлика ќе мислат како и ти мила, но само тие што не знаат како пар не би го кажале тоа никогаш затоа што ниту јас профитирам од тоа што сме заедно а ниту пак тој. вистинска љубов постои иако е тешко да се верува.
Обично не остои со толку години разлика, разликата омеѓу 17 годишно чуе и возрасен маж 28 години. А малите како што си летат чесно можи да биде излажана со слатки зборови, колку само да му се влези вгаќи. А после иди стандарното , твоите родители не дозволуваат сфати, сеуште ќе те сакам.
Абе не би ја да судам, ама кога ни вијагра нема да му делува незнам колку ќе стане функционално, зошто како и да е секс е еден од најбитните делови од бракот. Како и да е некогаш убаво викаат, годините се во умот. Не дека имам против, мене лично не ми смета, ама го гледам од аспект дека едниот родител на детето ќе има краток период да му се радува и он нему, и детето на таткото што сепак е релативна работа оти секој може да го спука срцев удар утре, ама ако би оделе по некој природен тек, и сексот кога ќе ви замре, сигурно верувам дека не планираш да живееш од држење на раче, бацка мвах, да те гушнам. Ќе ја имаш неговта подршка и се, што навидум се чини најбитна, ама има сепак едно големо.. ама. Јас со моено малку постара 2 ипол години, мислам дека ја имам најзрелата врска досега. Мислам нема ни што да се каже дека се разликуваме во години, оти не е осетно воопшто. Сепак не знам, не можам да се замислам со некој 28 години постар, ух слика на татко ми пред мене ме убије! Толку години има татко ми. Ох не не, младо си младо..сепак изборот е голем и таму негде има некој што е со соодветни години, карактер, сфаќања..
лјубам може ќе ти изгледа смешно овој одговор но тоа ќе биде затоа што никогаш не си сакала висински некого а ако ме разбереш значи знаеш што значи да сакаш некого повеќе од себе. вака сексот е еден од најбитните сегменти за еден брак се согласувам но и ако еден ден ќе го нема во мојот брак тоа не значи дека јас и мојот сопруг помалку ќе се сакаме или дека ќе се изневеруваме, зашто кога некој вистински сакаш најмалку ќе можеш да поднесеш таа особа да страда, да се понижиш себе си и твоето дете. битна ти е само среќата на твоите најмили ако тие се среќни верувај нема да има поголема среќа за тебе. никогаш нема да дозволам да се наруши хармонијата која сега ја има моето семејство. да сакаш значи исто така ако треба и да се жртвуваш за тие што ги сакаш.
Ќе ти кажам дека сум вљубена, и верувај не ја знаеш приказната низ се што сме преминале, и се кои жртви паднале, за кои врувам дека многумина не го поминале тоа. Верувај во моите 29 години имам повеќе искуство во споредба со твоите години, кои не се малку, ама се помалку.. Туку небитна сум јас, збориме за разлика во години. Се надевам дека сте биле доволно долго за да се запознаете, и дека ќе го држиш овој став и понатаму во годините, нема да биде периодично, доколку е тој Љубовта да на твојот живот тоа е тоа без разлика на мислењата на другите зошто сепак си живеете за Вас. Ама со годините доаѓаат и проблемите, и промените. Јас ви ја посакувам многу среќа зошто сепак ќе го имате плодот на вашата Љубов. Детенце.. Чувајте се, и нека ви тече се беспрекорно..
ти благодарам од срце ти посакувам да живееш исполнет живот со љубов и хармонија и да нема повеќе жртви кои ќе треба да се поднесат, зашто после се тоа е најголемиот успех кој што една индивидуа може да го постигне.
Ама сфатив и дека не е баш така,баш денес размислував, кога јас би имала 30 тој би имал 40,во случајов тој ми бил на крајот од зрелоста а јас на почеток,тој така јас поинаку,веќе ќе му се самчи него животот а јас ќе сакам да искачам додека него би му било најудобно дома, телевизија и ќебе.. а јас ќе сакам да искачам и да се забавувам,ќе има конфликт,сепак 10 години се голема разлика,ајде 5-6 па ајде 7 нека биде ама максимум,денес сфатив..
Сите такви врски што сум ги знала, значи буквално СИТЕ завршиле со развод. Дечко ти постар 10 години на пример, иако тој нема да те тера да бидиш посериозна ти ќе чувствуваш потреба од тоа да се понашаш на негова возраст, со тоа фактички ги пропуштат најубавите години кои треба да ги потрошиш во забава и други работи кои треба да ги правиш. А подоцна се каеш, почнувате да се карате и се завршува лошо. Пример од 5 пријателки што им се има случено истото. А во денешно време ако бараш љубов, си го згрешил векот бидејќи секој гледа за корист, да најди некој богаташ/ка.